|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Идни третмани со матични клетки

Cryo Save, Bi-MEK, 4.5.2010
Медицината има големи очекувања од матичните клетки. Заради тоа, во моментов се одвиваат огромен број истражувања со различните типови на матични клетки и нивните терапевтски можности.

image
/11


Регенерација на оштетеното ткиво

 

Голем дел од примената на матичните клетки влегува во доменот на “регенеративната медицина”.

Регенеративната медицина претставува нов, оригинален пристап во медицината. Во нејзиниот фокус на интерес стојат обновувањето т.е. регенерацијата и репарацијата на различните ткива и органи, засегнати од одредена болест, процесот на стареење или трауматска повреда. Регенеративната медицина ги користи сопствените потенцијали на телото или пак резервите од туѓ организам, а тоа се матичните клетки. Клеточна терапија претставува терапија, која користи човечки клетки и ткива, наместо широко употребуваните, вештачки создадени лекови и материјали. Повеќето видови клинички терапевтски примена сеуште се експериментални и во фаза на експериментални и клинички студии, но изгледа дека им претстои светла иднина.

Хематопоетските матични клетки денес веќе се дел од стандардната терапија на многу заболувања.

 

Еве неколку примери:

 

·         Истражувањата за тоа како матичните клетки можат да го обноват срцевиот мускул по срцев удар, се во напредна фаза.(3) Клиничките студии покажуваат позитивни резултати.(4) И во Европа се вршат истражувања за овој тип на третмани.(5) Резултатите се охрабрувачки и за пациентите со хронична срцева слабост. (6)

·         Истражувачите се надеваат дека матичните клетки во иднина ќе одиграат улога во третманот на дијабет.(7) Се испитуваат можностите и во случајот на автоимуните заболувања, како лупус (8) и јувенилен артритис (9)

·         Ткивен инженеринг подразбира вештачко создавање на ткива, при што матичните клетки се засадуваат на синтетски супстрат, за да создадат кожа, срцеви валвули и коска. Ова во иднина може да доведе до широка примена на матичните клетки во хирургијата. Во таа насока беа спроведени многубројни успешни истражувања на животни. (10)

·         Матичните клетки би можеле да одиграат важна улога во генската терапија. Некои болести се предизвикани од неправилно функционирање на многу мали делови на генетскиот материјал. Ако таквиот дефектен ген се замени со “здрав” ген во одреден број матични клетки, тогаш овие “репарирани” матични клетки би имале куративен ефект по изведувањето на автологната трансплантација.(11)

 

Листата на заболувања, кои би можеле да бидат лекувани со помош на терапија, заснована на употребата на матични клетки е уште подолга. Примерите вклучуваат: бубрежна слабост, колитис (воспаление на дебелото црево), цироза на црниот дроб, болести на очите, како ретинитис пигментоза (retinitis pigmentosa) и еден сосем нов пристап во терапијата на малигните заболувања.

Голем дел од овие апликации на матичните клетки се сеуште во експериментална фаза. Одреден временски период би бил потребен, пред тие да станат дел од стандардните медицинскки протоколи на лекување. Сепак, научниците се сложни околу фактот, дека матичните клетки ќе одиграат многу важна улога во “медицината на иднината”.



[1] D. Nietfeld, Rapport ZonMw 5000 0003, p. 7
[2] Rao MS., Mech Ageing Dev 2001; 122(7): 713-734
[3] Tomita S., Circulation, 1999; 100 (19 suppl.): II247-II256
[4] Menasche P., Lancet 2001, 357(9252): 279-280
[5] Artsenkrant 1533, 16 September 2003, p. 48
[6] Perin EC, Circulation 2003, ref.
[7] Ianus A., J. Clin. Invest 2003, 111(6): 843-850

[
8] Jayne D., Lupus. 2004; 13(3): 168-76.
[
9] British Medical Journal, 2000, 321: 433-437

Рингераја партнер за рубриката матични клетки е Би-МЕК, ексклузивен преставник на Cryo Save. Cryo-Save е водечка европска банка за матични клетки. Cryo-Save гарантира највисок квалитет на услуга во поглед на транспорт, подготовка и сигурност на матични клетки од папочна врвца на Вашето дете.

Со Cryo-Save имате можност да одберете помеѓу две различни услуги за зачувување на матичните клетки од Вашето дете:  

  1. CryoCord: чување на матични клетки само од крвта на папочната врвца
  2. CryoCord+: чување на матични клетки од крвта и од ѕидот на папочната врвца

Доколку сакате да знаете повеќе за криопрезервацијата на матичните клетки и Cryo-Save како Ваш потенцијален сервис провајдер, Ве молиме Вашите контакт информации, име, презиме, емаил и поштенска адреса да ни ги пратите на емаил mk@cryo-save.com или cryo-save@bimek.com.mk . Информативниот пакет ќе Ви биде доставен на посочената адреса.

Доклку сакате да прочитате повеќе за Cryo Save и Би-МЕК на интернет, тоа може да го направите на Рингераја, или на веб страницата на Би-МЕК и Cryo Save.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Болки – знак дека треба да го сослушате св...
Болката е непријатно чувство и една од најчестите симптоми на болест. Преку неа нашето тело не предупредува дека нешто н...
4
Fiao: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
taanjee: Мојата породилна приказна
Моментот кога јас се претворив во “ние”
4
Ако се одлучивте за царски рез...
Доколку породувањето не може спонтано да се изведе до крај, гинекологот препорачува царски рез. Голем број жени инсисти...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?