vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Стомачните проблеми најчесто се јавуваат како последица на неправилнo подготвување на храна на излети. Најчесто кога сме на излет храната се подготвува во импровизирани услови, на топлина, обично без проточна вода за пиење, без вистински фрижидер, без соодветна работна површина и без соодветен кујнски прибор.
Затоа подготовката на храна мора да биде едноставна и на лице место и потоа треба што побрзо да се изеде. Најопасно е премалку печено месо и мешање на печено со свежо месо.
За пријатното дружење да не заврши лошо, треба да внимавате на следниве хигиенски постапки:
- За транспорт на храната да употребувајте мобилни фрижидери и отворајте ги само кога нешто вадите од нив.
- Подготвеното месо, салати и брзо расипливи намирници мора да стојат во мобилниот фрижидер се до нивното конзумирање.
- Мора да имаме доволно вода за миење раце, прибор, намирници, работна површина. Доколку ги немаме овие нешта на местото на излет, мора да ги понесеме со себе.
- Овошјето и зеленчукот треба убаво да се измијат дома.
- За време на печењето мора целиот кујнски прибор и работната површина повеќе пати да ги исчистиме, по можност со некое од средствата за чистење, да ги измиеме со чиста вода и да ги пребришеме со хартиени марамчиња.
- Мора да внимаваме на хигиената на рацете, да ги миеме пред да почнеме да ја подготвуваме храната и задолжително по секој допир со свежо месо.
- Не смееме да користиме исти садови за свежо и печено месо.
- Не смееме да употребуваме ист прибор за свежо и печено месо.
- Скарата добро да ја исчистиме и загрееме пред да почнеме со печењето.
- Месото мора да биде добро печено, не смее да биде розово или крваво. Високата температура ги уништува бактериите (салмонела и други бактерии) кои се виновни за поголемиот број случаи на труење со храна, кое настанува од недоволна термичка обработка (готвење на прениски температури).
- Да не конзумираме маринади во кои имало свежо месо.
- Целата храна треба да се покрие за да се спречи евентуална нечистотија.
- Кога храната е подготвена, што побрзо изедете ја. Топлата храна треба да ја чуваме на барем 60 °C.
- Ако храната сме ја чувале повеќе од два часа на температура од 4 до 60 °C, мораме да ја фрлиме.
Пријатно дружење.
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Знаци дека на бебето му никнуваат заби
Никнувањето на првото запче е мал, но важен момент во развојот на бебе...
Како се развива бебето од оплодувањето до раѓањето?
Од моментот кога јајце клетката и сперматозоидот ќе се спојат, започну...
Плач пред доење, глад или нешто друго?
Кога бебето почнува да плаче непосредно пред доењето, најчесто првата ...
Што им е најважно на бебињата за здрав развој?
За здравиот развој на бебето не се потребни скапи играчки, совршено ор...
Позитивниот ХПВ тест не значи автоматски дека е потребен третман. ...