Мамма во 18:19
на тема Песнички на македонски
Јадењето мрсна храна, чоколади и пиењето газирани пијалоци влијае не само на Вашето здравје, туку и на Вашиот изглед. Правилната и нутритивно богатата исхрана ќе Ве одржат фит за летото, а истовремено и ќе го намалат ризикот да заболите од кардиоваскуларни болести и канцер. Испитувањата покажуваат дека одредена храна позитивно влијае дури и на Вашата кожа и коса, а и го поттикнува метаболизмот. Ви ја презентираме нашата листа на убава храна со која ќе изгледате и ќе се чувствувате фит и убави летово.
Дали знаевте дека покрај тоа што се вкусно овошје, јагодите прават Вашата кожа да изгледа убаво? Витаминот Ц, кој се наоѓа во нив, учествува во градбата на колагенот – потпорната структура на кожата. Една чаша полна со јагоди содржи над 100% од дневните потреби за витамин Ц.
Според European Journal of Nutrition, јадењето на оброк кој содржи капсаицин, компонентата која ја дава лутината на лутиот сос и пиперчињата, не само што го намалува нивото на грелинот во крвта (хормон кој предизвикува глад), туку и го покачува нивото на GLP-1 (хормон кој го намалува апетитот).
Научниците докажале дека испитаниците кои два дена пиеле доматен сок зачинет со капсаицин пред секој оброк, внесувале 16% помалку калории од испитаниците кои пиеле обичен доматен сок.
Само шест листа од зелена салата (марула) обезбедуваат повеќе од 100% од потребната дневна доза на витамин А, кој ја ревитализира кожата.
Марулата е исто богата со калиум, кој е важен како за целокупниот организам – така и за кожата, подобрувајќи ја циркулацијата и оксигенацијата во истата.
Јадењето црвено ќе спречи кожата да Ви поцрвенеe летово. Во една студија, испитаниците кои во текот на три месеци консумирале дневно по 5 лажици доматно пире биле за 25% поотпорни од сончеви изгореници од оние кои не консумирале домати.
Кверцетинот, антиоксиданс кој се наоѓа во лушпата од јаболкото, обезбедува заштита од сончевите UVB зраци, кои можат да предизвикаат и рак на кожата. Најголема концентрација на кверцетин има во сортите Златен делишес, Кортланд и Монро.
Оревите се депо на алфа-линолеска киселина (ALA), омега-3 масна киселина која е клучна за одржувањето на влажноста и еластичноста на кожата. 20 грама ореви се доволни за да се подмират дневните потреби на организмот од ALA.
Гответе со маслиново масло. Според Lancet Oncology студијата, оваа здрава маст содржи есенцијални масни киселини кои ја заштитуваат кожата од UV зрачењето. Есенцијалните масни киселини се исто дел од клеточните мембрани и како такви помагаат во задржување на влагата на кожата. Организмот не може сам да ги синтетизира масните киселини, затоа дневниот внес на една лажичка маслиново масло ќе Ви ја одржи кожата еластична.
Клетките на кожата содржат во најголем процент вода. Следствено на тоа, доколку сте дехидрирани, кожата изгледа исушена. Важно е да бидете добро хидрирани во текот на денот и да пиете вода кога сте жедни.
Чајот е богат со антиоксиданси кои го спречуваат воспалението и ги штитат клеточните мембрани. Некои студии покажале дека чајот може да ја намали штетата од сончевите изгореници и претераното изложување на сонце. Зелениот чај, особено, е богат со епигалокатехин галат (EGCG), супстанција која делува како “фонтана на младоста” за кожата, реактивирајќи ги умирачките кожни клетки.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Правилна грижа за забите во училишна возраст
Стоматолошката грижа за децата на училишна возраст може да биде многу ...
Што да јадат децата за да имаат здрави заби?
Сите сме слушнале дека млекото гради силни коски. Но, дали знаевте дек...
Вештачката интелигенција ги управува апаратите во домот
Паметен дом (Smart Home) е концепт во кој сите главни апарати за домаќ...
Твори - Читај - Биди хуман - Проект на Софија Петковска
ТВОРИ – ЧИТАЈ – БИДИ ХУМАН е проект кој под водство на Софија Петков...
Дренвин - Извонреден природен помошник против целулитот
За Дренвин, имаме неколку анонимни изјави од луѓе кои го користеле про...
Носот.
пеперутка16
Како го чистите носот на малите деца?