|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рецепти од кујната на нашата корисничка veci peci, мајка на 10-месечната Ева

image
/11

За актуелни содржини и вести од светот на родителството и бременост изберете ја Рингераја како свој омилен извор на Google.
Google
Ringaraja logo
Постави


 

 

Јаболко/круша со корнфлекс и мед 

(8+ месеци)

Потребни состојки:


1 јаболко со средна големина
половина филџан корнфлекс
половина лажиче мед

Подготовка:
Јаболкото го лупиме, сецкаме и вариме, или динстаме на пареа се додека не омекне убаво. Во садот го додаваме медот и корнфлексот па се заедно блендираме. Чекаме да се олади. Слатко!



Компир со јајце и маслинки 

(7+месеци)

Потребни состојки:


1 компир со средна големина
1 јајце-само жолчката
3-4 маслинки без коска
малку млеко, адаптирано за доенчиња

Подготовка:


Компирот го лупиме, сецкаме и вариме или динстаме на пареа се додека не омекне доволно. Јајцето го вариме околу 10-на минути за да биде тврдо сварено и ја делиме само жолчката. Маслинките ги сецкаме. Потоа месаме се заедно и блендираме, доколку не ја постигнеме саканата густина дотураме од млекото.


Спанаќ со урда 

(8+ месеци)

Потребни состојки:


10-на лисја спанаќ
полупразен филџан ориз
половина изрендан морков
1 супена лажица урда



Подготовка:


Спанаќот го сецкаме ситно и го вариме со оризот и морковот се додека оризот убаво не се свари. Потоа ја цедиме водата доколку има останато и ја додаваме урдата, а доколку вашето малецко сеуште сака кашесто, може и да ја изблендирате смесата.




Пасирани авокадо и банана

(4-6 месеци)

Потребни состојки:


1 Авокадо
Половина банана

Подготовка:


Авокадото нема потреба да се подготвува, едноставно го делиме од кората и го пасираме, а исто и бананата па се заедно промешуваме.

 

 

Ставовите на оваа страница се лични ставови на авторите и не ги изразуваат ставовите на Рингераја.мк. Редакцијата прави се' сите пристигнати текстови да и бидат достапни на јавноста.

  

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

10 навики што можат да ви го подобрат здра...
Доброто здравје не се гради преку ноќ, ниту бара драстични промени во секојдневието.
34
Пригответе сами совршено овошно освежување
Денес ви претставуваме рецепт за овошен јогурт, приготвен на природен начин, кој има моќ да ве освежи и да ви понуди ене...
5
Најубави имиња за девојчиња по ваш избор
Ги повикавме мајките на Facebook да ни кажат кои им се омилени имиња за девојчиња. Еве го нивниот избор
5
Спиење и одмор на новопечената мајка
Без разлика на фактот дека раѓањето на детето е повеќе од посебно доживување, тоа е сепак напорен период, посебно за мла...
4




Анкета

Dali
Jana9

Dali drzite lutina?

Da (20%)

Ne (40%)

Epten brzo mi pominuva (40%)


Број на сите гласови: 5

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!