vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Забрана за скокање по креветот
Невроните кои не работат, умираат, а токму невроните природно ги поттикнуваат децата да скокаат. Секој скок го поместува тежиштето на телото налево или надесно па потоа мора да се активираат сите мускули за да одржат рамнотежа при враќање на нозе, а управувањето со тоа е активност на мозокот.
Наместо да му забраните на детето да скока, внимавајте на сигурноста. А ако навистина сакате да го поттикнете развојот на интелегенцијата на детето, родете му братче или сестриче. Едно дете ќе скока пет минути, а две деца ќе скокаат пет часа, порачува Др. Ранко Рајовиќ, кој напоменува дека слично како скокањето делува и вртењето околу својата оска, после што децата понекогаш и паѓаат.
Возење во количка наместо одење
Одењето е многу важно за развојот на мозокот, а многу родители денес ги возат во количка своите деца дури и до четврта-петта година. Покрај влијанието на когнитивниот развој, долгото туркање на децата во количка доведува и допојава на рамни стопала, што денес имаат околу 70% од децата. Секако, децата би требало што повеќе да одат, а идеално е, кога за тоа постојат услови да одат боси.
Предолго блендирање на храната
Детето почнува со џвакање од шестиот месец, а од 18 месеци секое дете би требало да јаде цврста храна. Важно е да џвака, да не му се блендира храната бидејќи џвакањето, според зборовите на Др. Рајовиќ испраќа импулси во кортексот, ги чисти забите, го активира јазикот. На тој начин побрзо ќе се развие говорот и ќе се зајакне имунитетот.
4
4
3
3
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да ја негувате косата секој ден?
Убавата и здрава коса не бара секогаш скапи производи или комплицирани...
Зошто друштвеноста е важна за менталното здравје?
Човекот е социјално суштество, а поврзаноста со другите луѓе има голем...
Последици од честото консумирање газирани пијалаци
Чаша ладен газиран пијалак за многумина е омиленото освежување, особен...
Како да препознаете верен маж?
Верноста не се докажува само со зборови, ветувања или големи романтичн...
Како загадениот воздух влијае врз детското здравје?
Загадениот воздух е еден од значајните фактори на животната средина шт...