vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Го оставивте детето само за момент, нели? Сега имате две прашања: Како да се справите со ремек-делата на вашиот гениј и што да направите за да престане да ги создава?
Многу важно е да им ги објасниме правилата. Треба да му се објасни на детето што е добро, а што не е добро да се прави во различни ситуации и што очекуваме од него. Правилата е добро да ги објаснуваме јасно и во релаксирана ситуација, за да не слуша внимателно.
Правилата се објаснети, но детето не ги почитува, а ние сме повеќе од напнати. Во овој случај е подобро наместо да го караме, да му кажеме дека погрешило и да го оставиме за кратко. Така оставаме малку време само да ја сфати грешката.
Постојат некои препорачливи техники за примена на казна. Можеме да бараме од детето да ја поправи направената беља. Ако разлеало чаша сок, казната е да го исчисти, или ако скрши играчка, дури и да може да се поправи, да не му дозволуваме да си игра со неа одреден временски период.
Друга техника е онаа кај која однесувањето на детето е поврзано со последиците. Ако детето не ги подредува играчките може да ги сокриеме за неколку дена или недела.
Воспоставувањето на досадно место за казна, каде ќе го испратиме детето да остане, исто така, е работен метод. Местото сепак треба да е внимателно избрано - да не е собата во која игра, туку некаде каде детето не би сакало да стои кога не е казнето. Времето на казната треба да одговара и на возраста на детето - ако тоа е на 3 години, најмногу да стои 3 минути казнето.
Исклучително важна при казнувањето е едногласноста. Ако мајката казнува, а таткото ја укинува казната детето се збунува, започнува да се прашува какви се правилата и е премногу можно да ја загуби почитта кон родителите.
Откако казната ќе истече и детето е мирно, можеме да разговараме со него и да му ја објасниме ситуацијата. Шансата тоа да заземе одреден модел на однесување е многу поголема во мирна атмосфера со пријатна комуникација со родителите, отколку во напнат момент на висок тон.
18
4
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Дали слабеењето или дебелеењето влијаат на овулацијата?
Значајните промени во телесната тежина можат да влијаат врз овулацијат...
Како се менува должината на бебето?
Растењето на бебето е постепен процес. Од мала ембрионална структура, ...
1, 2, 3 деца. Kако расте мајчинството?
Секое дете носи нова љубов, но и нова динамика во семејството. ...
Зошто температурата се менува во текот на циклусот?
Телесната температура може малку да се менува во текот на менструалнио...
Најчести митови за здравата исхрана
Околу здравата исхрана постојат безброј правила и совети. Некои имаат ...