Gorde86 во 22:14
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
Децата почнуваат да ги учат правилата на однесување уште додека се бебиња, иако родителите често и не се свесни дека ги учат на тоа.. Кога, на пример, бебето со добар апетит ја гризне мајката додека цица, таа реагира на болката и е изненадена на своето бебе. Ќе го тргне од дојката и можеби ќе го искара. Иако се обидува да го оправда однесувањето на своето бебе, таа сепак го научила бебето да почитува друго лице. Кога бебето учи на овој начин, правилата се поставени и околу нив нема спорови.
Во текот на втората и третата година од животот поважно е детето да совлада некои вештини, на пример самото да се храни, отколку да учи убаво да се однесува, што од него ќе се очекува подоцна. Но веќе во 4тата и 5тата година детето се идентификува со возрасните и прифаќа се што ќе види дома. Ќе почне со салвета да ја брише устата по јадењето, ќе се извини ако мора да стане од масата пред да го заврши ручекот, се разбира доколку тоа го прават и возрасните. Во тој период детето чувствува силна желба да ги имитира другите.
Правила на однесување
Околу 4тата година поголем број од децата се подготвени да се запознаат со извесни правила на друштвено однесување. Ако детето се однесува онака како што сте го подучувале, пофалете го, но не претерувајте. Вие само сте му рекле што очекувате од него и од тоа не треба да правите проблем. Ако не било во состојба да ги следи вашите упатства не лутете се. Едноставно кажете му дека очекувате од него да се однесува онака како што сте му рекле. А како и другите вообичаени норми и убавото однесување може да стане добро вкоренета навика.
Примерот - најдобра поука
Во 4тата и 5тата година детето повеќе од кога било е свесно за физичката разлика меѓу луѓето. Ако, да речеме на улица, види слепо лице, или ќе му биде непријатно или премногу впечатливо ќе се однесува. Ослободете го од стравот и кажете му како треба да се однесува. Убавото однесување се учи постепено во текот на годините, на прво место со давање пример. Ако велите: „молам, благодарам, извинете“ на своето дете и на другите луѓе околу вас, ако се поздравувате кога ќе се сретнете со познати, детето ќе го прифати вашето однесување како свое. Наскоро детето ќе научи дека пристојното однесување не само што му ги олеснува односите со другите луѓе, туку му помага да се снајде во ненадејни и непријатни ситуации.
Кога детето ќе се научи убаво да се однесува без притисок на родителите, тоа ќе биде гордо што ја совладало таа вештина. Најважно од се е детето да биде сигурно дека пристојното однесување - покрај тоа што ќе му помогне да се здобие со вниманието и симпатиите на другите- е нешто со што треба секогаш да се служи.
6
5
4
me_mother_of_three во 13:31
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
me_mother_of_three во 13:30
на тема RE: Нова мобилна апликација за поддршка на родители на деца
забава Бремените
Автор: bobik
Што е плодност и како функционира телото?
Плодноста е способноста на човекот да создаде потомство. Кај жените, т...
Работи што би сакала да ги знаев пред породување
Породувањето е едно од најмоќните и најинтензивните искуства во живото...
Хормонски промени кои настануваат при доење
Доењето не е само активност преку која се овозможува исхрана за бебето...
Соодветни мача рецепти за бремени жени
Мача чајот е познат по антиоксидансите, нежната енергија и смирувачкио...
10 знаци дека сте преминале од вљубеност во љубов
Кога пеперутките се смируваат, а чувството станува подлабоко....