|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Дали вагиналното раѓање влијае на телото на бебето

Редакција Рингераја, 3.9.2022
Бременоста, породувањето и раѓањето бараат неверојатна физичка сила од жената. Последните истражувања покажуваат колку главата на бебето е туркана и искривена за време на вагиналното породување

image
/11



Бременоста, породувањето и раѓањето бараат неверојатна физичка сила од жената. Меѓутоа, ниту самиот чин на породување не е „шетање низ градина“ за бебето. Последните истражувања покажуваат колку главата на бебето е туркана и искривена за време на вагиналното породување.

Со читање на снимките од МРИ пред и за време на породувањето, истражувачите докажале степен до кој коските на черепот на дете преминуваат една преку друга, дозволувајќи целиот череп на бебето да се преобрази. Главата на бебето добива облик на шеќерна трска, односно издолжен конус со заоблен врв на едниот крај, за да може да помине низ карлицата. Дури и самиот мозок се менува во тој облик кога тоа се случува.

Компресијата на главата е само една од многуте неверојатни физички промени што се случуваат кај бебињата за време на породувањето. Бебињата подлежат на масовна промена за време на породувањето и раѓањето, кога се движат од поддржаната средина на матката до независното постоење. Многу телесни системи се менуваат за да се направи тоа. На пример, излезот на урината од фетусот придонесува за амнионската течност (течноста што го опкружува бебето) во подоцнежниот период од бременоста. Другите органи имаат потреба од ненадејна промена во првите моменти по породувањето, како што е проширувањето на белите дробови. Овие биолошки моменти се важни за да се максимизираат шансите за преживување првите неколку минути „надвор“. Но, за изненадување е колку имаме уште да учиме за овие детали.

Ненадејно зголемување на кислородот

Пред да се роди бебето, крвта поминува преку плацентата за да се ослободи од отпадот и да „собере“ кислород и хранливи материи кои доаѓаат од мајката. За време на развојот, бебето управува со релативно ниско ниво на кислород додека се наоѓа во матката. По раѓањето, тоа е изложено на ненадејно повисоко (потенцијално опасно) ниво на кислород. Оваа смена од една во друга средина бара различни начини за заштита на новороденчето, така што самото бебе има системи што се шират за да се справат со ненадејната „поплава“ на кислород.

Лесна жолтица, привремено пожолтување на кожата како последица на задоцнување на ензимите на црниот дроб, може да се сметаат како заштитен механизам кој се гледа кај многу бебиња. Физичките промени плус промените на биологијата и хемијата на телесните системи се потребни за да се справат со надворешниоот свет.

Збогум плацента

Пред раѓањето, најголемиот дел од крвта на бебето циркулира преку плацената, заобиколувајќи ги белите дробови. По породувањето, протокот преку плацената застанува. Наместо да оди преку срцето на бебето до плацентата, крвта од срцето треба да се пренасочи преку новораширените бели дробови. Новото истражување, ни помага да ја разбереме поврзаноста помеѓу првиот здив на бебето и проширувањето на крвниот проток на белите дробови. Разбирањето на овие процеси во првите неколку минути, не води кон тоа да научиме кога треба да ја приклештиме папочната врвца, и во секој момент да дадеме помош при дишењето на болните или предвреме родени бебиња.

Царски рез

Изненадувачки, но дури и мала девијација од нормалниот, полн термин (околу 40 недели) за породување, може да има влијание. Бебињата родени со царски рез без напор, не преминуваат во надворешниот свет глатко, како оние кај кои почнале трудовите. Тие имаат повисок процент на прием на неонаталните одделенија за респираторни проблеми, дури и по прилагодувањето на другите ризик фактори. Секоја недела порано од породување во 40-тата недела двојно го зголемува ризикот од прием на бебиња за неонатална грижа. Тековните препораки за времето на раѓањето се за да се балансира ризикот од раѓање со овие проблеми и да не се породуваат многу порано од предвиденото, освен ако тоа не е медицински препорачливо. Некои од овие несакани ефекти можат да се променат со стероиди. Стероидите се создаваат по природен пат во нашето тело, како и кај бебињата. Наречени уште како и „хормони на стрес во организамот“, тие практично се важни за созревањето на белите дробови при раѓањето. Понекогаш стероидите кои и се даваат на мајката, можат да го измамат бебето дека се подготвува „план за бегство“ и да ги подготват белите дробови за раѓање пред терминот. Независно од лесната недоносеност, истражувачите внимателно проучувале дали постојат долгорочни медицински и развојни ефекти на родените со царски рез, без напор и породување.

Се надеваме дека повеќе истражувања, кои се насочени за да го разбереме балансот помеѓу овие ризици, заедно со тоа како бебето преминува од матката кон надворешниот свет, ќе ни помогне подобро да го разбереме безбедното породување. Тоа ќе го подобри моменталното и долготрајното здравје за мајките и нивните бебиња. 

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Бременост со висок крвен притисок
Во тек на бременост, при СЕКОЈ преглед, МОРА да се мери крвен притисок.Слободно потсетете го гинекологот и инсистирајте ...
4
ВИДЕО: Близнаци се тепаат во матката на ма...
Ривалството помеѓу децата во семејството може да започне уште пред раѓањето. Истражувачи од Лондон успеале да направат и...
4
Метален вкус во устата за време на бременоста
Бременоста влијае прилично на секој дел од вашето тело, а устата и вкусот не се изоставени. Но, да се има кисел метален ...
3
Треба да јадам за двајца!?
Во првото тромесечие од бременоста на Вашето тело не му треба внесување на дополнителна количина калории од вообичаените...
3




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?