Vedrana13 во 19:37
на тема RE: Вештачко оплодување VIII дел
Најчест метод на асистирано оплодување е пренесувањето на сперма до или во материцата на жената, заради зголемување на шансите за оплодување. Се спроведува во ситуации кога кај мажот ќе се утврди намалена подвижност на сперматозоидите, кога мажот од некои причини е неспособен за сексуален однос, или кога со селекција на сперматозоидите се избегнува некоја наследна болест.
Инсеминацијата се користи како избор и кога плодноста на жената е намалена, ако жената има проблем со непропустливост на секрет кој го затвора грлото на матката. Во комбинација со хормонска стимулација може да помогне во исполнување на желбата за зачнување.
Како тече постапката на инсеминација?
Одредување на вистинскиот момент
Инсеминацијата ќе се случи во оптималниот момент за оплодување, значи во овулација. Гинекологот со ултразвук ќе го следи напредувањето и созревањето на фоликулите во кои се наоѓа јајце клетката и ќе го предвиди пукањето на зрелиот фолкул, односно почетокот на овулацијата.
Стимулација на созревање на јајце-клетката
Инсеминацијата може да се направи и во природен циклус на жената, но во пракса се покажало дека тоа е помалку успешно. Затоа созревањето, во најголем број од случаите, се прави со Кломифен. Со стимулација со хормони се зголемува можноста за повеќеплодна бременост, бидејќи се поттикнува созревањето на повеќе фоликули со јајце-клетки.
Овулација
По хормоналната стимулација може да се чека овулацијата да се случи природно или за предвидување на точниот момент на жената и се дава т.н. штоперица која содржи хормон hCG, познат како хормон на бременоста.
Подготовка на сперматозоидите
Сперматозоидите за инсеминација се добиваат со мастурбација на партнерот. Бидејќи најчест проблем при инсеминација е слабата подвижност на сперматозоидите или недоволната количина – ејакулатот се подготвува пред да се вбризга во утробата на жената. Притоа се издвојуваат квалитетните и подвижни сперматозоиди и се внимава примерокот на содржи што поголема концентрација на добри сперматозоиди.
Инсеминација
Постапката на инсеминација подразбира враќање на спермата со помош на катетер во матката (интраутерина инсеминација), во јајниците (интратубарна инсеминација), во вратот на материцата (интрацервикална инсеминација) или инсеминација пред грлото на матката. Смислата на методата е сперматозоидите во оптимален момент да се донесат во положба во која најбрзо ќе стигнат до јајце-клетката. Целата постапка е безболна, односно може да биде нелагодна како и обичен гинеколошки преглед. По постапката на инсеминација жената се задржува некое време во лежечка положба, за да можат сперматозоидите полесно да стигнат до целта.
Тест за бременост
Првиот тест за бременост може да се направи 14 дена по инсеминацијата, или едноставно се чека циклусот. За жал повеќето постапки на инсеминација не завршуваат успешно по првиот пат. Но, кај повеќето жени успеваат по 3-4 обиди. Ако инсеминацијата е повеќе пати неуспешна тогаш се преминува на други постапки за асистирано оплодување, како Ин-витро оплодување.
8
6
4
4
забава Бремените
Автор: bobik
Втора недела од бременоста, што се случува?
Кога се зборува за втората недела од бременоста, многу жени се изненад...
Како летните горештини влијаат на бременоста?
Летните горештини можат да бидат непријатни за секого, но во бременост...
Краток водич - витамини од A до K
Витамините се неопходни за нормално функционирање на организмот. Секој...
Храна што е забранета во бременоста и зошто
Бременоста е период кога исхраната има големо влијание врз здравјето н...
Менување пелени, што да користите и што да избегнувате?
Менувањето пелени е една од најчестите и најважни рутини во грижата за...
Дали вашите момчиња си ги допираат?
пеперутка16
Моето три и полгодишно дете постојано си го допира пенисот и не престанува. Пробав разни начини да го спречам, но не функционира. Не боли, не чеша, добро е. Хигиената е на ниво. Би сакала некој да ми пише како ја решил. Ви благодарам.