|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Цел еден ден бев МАМА – за малку не полудев

Редакција Рингераја, 5.5.2017
36-годишниот Иван го пренесе своето искуство од еднодневното чување на неговите две деца и насмеа илјадници родители од Балканот
Клучни зборови:

image
/11


 

Јас сум татко на две деца и ова е мојата смешна исповед.

Милица, татината маза, има 7 години и тргна во основно училиште. Лука наскоро ќе наполни 4 и е многу немирен. Сопругата води грижа за нив, онака лежерно и вешто (иако има денови кога вели дека се кае што стана мајка). А кога тоа ќе се случи, брзо се смирува, ги брише солзите и ги бакнува Милица и Лука на челото (и мене сака да ме бакне, но само во образот).

Отсекогаш сум се прашувал зошто жените по цел ден знаат да кукаат: „Погледнете на што ви личи собата. Зошто не сте го изеле гравот? Учи Милица, стекнувај работни навики. Ќе полудам! По цел ден само собирам нешто по вас (да, и мене секогаш ме става во ист кош со децата). Ме боли грбот, нозете, стомакот... Уморна сум, ми се спие...“ Како тоа да е некоја мудрост! Како да ти треба високо образование за да бидеш вешта и способна мајка, жена, домаќинка?

Да не искусев на своја кожа, немаше да верувам! Пред неколку недели, мојата сопруга мораше да оди некаде на два дена. Услугата баба во овој случај веќе беше закажана, а на дедовците не би им дал ни две овци да чуваат. Затоа, јас зедов два слободни дена и им се посветив на моите деца. На моите мали ангели!

Утро е... Милица ме буди во 5 часот. Вели дека Лука се искака в кревет. Ја прашувам зошто не ме разбуди за да го однесам во тоалетот. „Да тато, те будеше, ама ти не можеше да станеш. Велеше нешто како, мммм, остави ме. Потоа ме разбуди мене, ама веќе беше доцна. Веќе беше искакан“ – ми рече Милица додека ги триеше сонливите очи.

„Во ред еве одам по чисти гаќи и пижами, па полежете. Има уште време додека да одите на училиште“.

„Ама смени ја и постелнината, многу смрди“ – ми вели таа. „Ајде одиме во дневната, утре ќе ја сменам. И добро затвори ја вратата од собата за да не нè разбуди смрдеата. Боже Лука, со што се храниш? Па, ова ги штипи очите.“

Појадокот – агонија. Знам дека Лука е алергичен на кикирики и тоа е тоа. Повеќе информации не сум сакал. Не сум можел ни да претпоставам дека еден обичен појадок може толку да се искомплицира. Лука сака виршли, печени на скара, а Милица сака мусли. Ми беше потребно доста време за да ја пронајдам кутијата со тоа нешто што јас никогаш не би го пробал, а овие моите го обожаваат. Ја испратив Милица на училиште, ги измив садовите, ја променив постелнината, порачав ручек од најблискиот ресторан. И пак чувствував благ умор.

Милица се врати од училиште и сакаше да ? помогнам со домашната работа по математика. ОК, собирање, одземање има да растурам. Меѓутоа, има што да видам. Денешните деца не собираат како ние некогаш. Користат некакви загради, одземаат десетки од единици, па остатокот повторно го ставаат во некакви загради. „Мицо, почекај ја мајка ти, таа е тата-мата за математика. И онака не можеш да добиеш единица, во прво одделение оценките се описни. Нели?“

Лука беше во паркот. Вели дека дома му е здодевно. Јас не можам да мрдам, легнав малку на каучот, капаците ми натежуваат... А Лука вика како изгладнет: „Татооо, тато... ајде да одиме во паркот.“

Му давам хартија и фломастерите на Милица за да црта. Го молам да биде мирен и ? велам на Милица да внимава на него за јас да дремнам малку. По некое време, ме буди нивната смеа. Ми велат да одам до кај огледалото. Има што да видам, Лука ја искористил мојата фаца како боенка. Се смеам заедно со нив...

Дали ќе го преживеам ова?

Наближува вечерата. Вадам некое ќофте од замрзнувачот што ми го оставила сопругата. Одам да купам леб заедно со Лука. Заедно со лебот купувам и некакви глупости во кои син ми го впери прстот, а мене ми падна жал. Си реков: ако јас пораснав во беда, на моите деца нема да им фали ништо. Три киндер јајца, јафа, една милка од 300 грама и две од 100 грама, кутија чоколадни банани... Нека имаат децата да се засладат. Макар што и јас би можел да се почестам, и онака не сум некој љубител на ќофтиња.

Дојде на ред капењето. Не мора да се капат секоја вечер, си помислив во себе – ќе им се истанчи кожата. Лука веќе го исплакнав утрово (по големата нужда која ја изврши во креветот), Милица нека си ги измие барем забите и одиме да сонуваме најубави соништа. Сакаат да им раскажам приказна. Ајде, започнав од Црвенкапа. Милица ме опоменува и вели дека Лука се плаши од волкот и дека не ја сака таа бајка. Сака да му раскажувам за храбриот кројач. Кој? Се шегувате? Јас ја знам Црвенкапа, Пепелашка и онаа за џуџињата – сакале или несакале. А што велите да ви раскажам за своите војнички денови? Не сакаат, се разбира. Им го давам таблетот, па нека најдат што ги интересира, барем интернетот е полн со такви глупости. Некако го дочекав утрото... Имаше будење во текот на ноќта, ама преживеав. Другиот ден ме очекуваше истото....

Со нетрпение го очекував денот кога на вратата ќе ја здогледам неа – љубовта на мојот живот, мојата сопруга, жена, мојата кралица. Никогаш не сум ја сакал повеќе од моментот кога конечно се врати. Само што ме погледна, прсна од смеа, па дури потоа ме бакна. „Смрдиш како ѓубре на сонце“ – ми рече. „Куќата како да ја има погодено атомска бомба... Имаш некакви остатоци од фломастер на лицето...“

Сфатив – не ти е лесно! Поразен сум! Бев МАМА некои 36 часа и не успеав. Сепак, јас ќе се држам до она што го правам најдобро. Признавам, не е лесно и немам претстава како ви оди тоа од рака. Јас ќе бидам тука за да помогнам, секогаш кога ќе зачкрипи. И никогаш повеќе не ме оставај сам со нив! Моите мали ангели!

„Дали сега ме разбираш?“ Ми рече со насмевка на лицето.

„Да љубов моја, те разбирам“ – ? одговорив тивко и поитав што побрзо да се пикнам во креветот, кој мирисаше на новата постелнина која ЈАС ја променив!

И.П.

Непослушните деца се поуспешни во животот?
Ако вашето дете одбива да ве слуша, тоа го прави она што го сака, и воопшто немојте да му се лутите. Децата со таков кар...
4
Што јадат децата кои не јадат НИШТО
...а сепак се живи, радосни и сосема здрави?!
3
Др. Ранко Рајовиќ:Децата да скокаат и да о...
Родителски грешки кои го успорувааат развојот на интелегенцијата на децата
3
Совети за полесен почеток на учебната година
Август е при крај и наскоро летните авантури ќе бидат само добро сеќавање, а ние треба повторно да се подготвиме за учил...
3


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:



Анкета

Машко име
Admin



Ведран (37%)

Јане (12%)

Јован (51%)


Број на сите гласови: 147

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!