|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Брачни правила кои треба да се прекршат – одма

Редакција Рингераја, 19.3.2014
Сопружниците би требало се' да прават заедно, да го надминат секое несогласување, а прита да не се скараат, да ја поминат секоја ноќ во ист кревет и никогаш, никогаш да не им биде досадно. Аха, како да не...

image
/11


 

 

Наведените и многу слични правила треба веднаш да почнат да се игнорираат. Зошто? Па затоа што функционирале кога нашите баби или мајки влегувале во брачните води, но во денешно време се застарени.

Некои од тие правила можат дури и да му наштетат на бракот, а ако ги прекршите, тоа е можеби најдобро што можете да го направите за вашата врска, тврди психотерапевтката и авторка на книгата Why Did I Marry You Anyway? - Barbara Bartlein.

Следат десет брачни правила кои можете да ги прекршите:

 

Никогаш не одете налутени во кревет

Тоа баш и не е препорачливо бидејќи некогаш е подобро да преспиете и да ги смирите емоциите, па потоа да разговарате и да се обидете да го решите проблемот. “Кога сте лути и сте под стрес, не можете многу да направите во сопствена корист”, тврди психологот и автор на книгата Your Ultimate Prescription for Happiness Elizabeth Lombardo. Ако не се согласувате околу нешто, одморете се и потоа решавајте го проблемот, советува.

 

Секогаш бидете 100% искрени

Не е баш најпаметно во бракот да го следите овој совет. На пример, не е пожелно со сопругот да ги поделите сите детали за бившите момчиња. Тоа предизвикува споредби, што не води никаде.  Со партнерот морате да бидете пристојни и да се грижите за неговите чувства.

 

Никогаш не одете на одмор без партнерот

Ако тоа можете да си го допуштите, секако дека треба да планирате заеднички одмори, но тоа не значи дека не смеете на пдмор да отидете сами. Можеби сопругот има некои неодложни обврски. Само внимавајте да не се случи секогаш и секаде да одите сами.

 

Расправиите водат до развод

всушност, сосема е спротивно. Истражувањата покажале дека поголема шанса за развод имаат паровите кои воопшто не се расправаат. Кавгата може да биде конструктивна, ако прита не паѓаат навреди и понижувања. Здравата кавга е многу подобра од правилото “држете го јазикот за заби”.

 

Децата се на прво место

Многу родители го ставаат својот однос на чекање, со намера да бидат што подобри родители. Всушност таквите парови имаат најмногу проблеми. Ако односот со партнерот ви е приоритет, тоа не само што е добро за вас туку е добро и за децата. Ќе се чувствуваат многу подобро со родители чиј однос функционира.

 

Никогаш не треба да спиете во одвоени кревети

Ово е навистина сулудо. Што ако сопругот толку многу грчи што покрај него не можете да се наспиете како човек, што ако тој би сакал да чита книга цела ноќ, а вие да гледате филмови? Нема ништо лошо во тоа понекогаш да спиете во одвоени кревети. Добриот сон е клучен за здравјето, умот, телото и душата. Само бидете сигурни дека на тој начин нема да избегнувате физички контакт и интимност.

 

Партнерите треба да имаат ист хоби

Не е во ред ако еден од сопружниците се посвети на своето хоби во слободното време, додека другиот партнер работи за да може се' да постигне. Но исто така не треба да се форсира партнерот да ужива во се' што уживате вие. исто така никој не треба да се одрекне од  нешто во што ужива, но имајте и некои активности во кои ќе можете заеднички да уживате.

 

Ако нема “искри”, врската е осудена на пропаст

Многу парови сфаќаат дека во подолга врска не може да има којзнае клку искри. но има и такви кои сметаат  дека кога повеќе нема страст, истата мора да се побара на друго место. Предаденост и доверба – на тоа се гради долга врска и љубов. Погрешно е да се живее со уверението дека секогаш ќе бидете во средината на огномет.

 

Досадата е лоша

Проблемот е во тоа што партнерите го градат мирот во бракот преку досада. Турбулентната врска можеби е возбудлива, но не е здрава. Зарем не е подобро кога е досадно да се знае каде ви е сопругот секоја ноќ? Подобро е да имате стабилна, опуштена и досадна врска, па понекогаш да ја освежите со заедничко патување, или слични возбудувања.

 

Треба да се сексате со партнерот за да бидете посреќни

Ова правило би можело да претставува голем проблем за жените, посебно за новопечените мајки. Во еден момент сексот ќе ви стане уште една обврска на пописот на работи кои треба да се завршат. Во сексот треба да уживате, а не да ви биде обврска.

Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Раст и развој на детето
Сложеноста на развојот на секое дете се состои во развојот на обликот и видот на способностите, како што се: моторни, ем...
4
Интервју: Татјана Стојановска
Нејзиниот глас денес ги најавува најновите дневни вести на А1. Далеку од телевизиските камери таа е всушност многу сензи...
4
Урнебесно: Што се случува кога мајката е б...
Една мајка од Хрватска, која со години е преселена, живее и гради кариера во САД, се прослави како победник на натпревар...
4
Дали е загрижувачки што моето дете сеуште ...
Се разбира, а НЕ САКА да зборува !Ова е една од најчестите заблуди поради која родителите ја одложуваат посетата на ...
4




Анкета

Што да дознаете.
пеперутка16

Кога би носеле тројки, што би направиле?