|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Блог: Дипломирав и сега што?

Ивана Тасески, 7.2.2021
Блог на Ивана Тасески @_taseski.i_

image
/11


Официјално студентскиот живот заврши. Бидејќи средно заврши Економско, 200% си сигурна дека ќе завршиш и Економски факултет. Знаеше дека тоа ќе биде каде што ќе бидаш сама, каде нема да има некој од основно и средно.И да, немаше. Дали е тоа предност!! Апсолутно.

Заминуваш во град каде не познаваш никој, град кој не е толку ‘ во тренд’. Се запишаш на смер заедно со 40-тина студенти. Интересно ти е. Се запознаваш, споделуваш искуства. Учиш нешто ново, учиш самостојно да функционираш. Седиш под кирија во стан каде се мораш сам. Дали си спремен? Мораш!! Доаѓаат првите колоквиуми, испити, првите успеси и падови. Туркаш некако. Имаш знаење од средно, тоа си учел 4 години, и мнооогу си благодарен на професорите бидејќи те научиле нешто!! Имаш одредена титула но сакаш повеќе. Минува прва година и ја добиваш првата шлаканица од студентскиот живот. Да, сите испити ти се положени, високи оценки, но да не беше знаењето од средно, и ти ќе се најдеше во тие 20-тина студенти кои се откажале, повториле семестар, заминале во странство. Ете тогаш е моментот каде можеше тоа да бидеш ти. Си тераш некако и втора година, веќе имаш пријатели, омилено кафуле. Кога си одиш дома на викенд, ти фали се!! Ти фалат и цимерките. Ти фали рутината која си ја стекнал. Полагаш се, доаѓа трета, прв паднат испит, имаш и 6ка, и 10ка. И повторно животот те изненадува. Добиваш прстен од љубовта на твојот живот. Планираш свадба, венчаница, музика.... упс ти си студент. И да твоја е одлуката. Но продолжуваш, ништо не те сопира. Доаѓаш до четврта, онаа каде си Апсолвент!! Нешто се менува. Свадбата е наскоро, ти имаш уште 5 испити и многу студенти кои се откажале. На апсолвентска од 40 се собирате едвај 15. Сите ти зборуваат остави не ти треба, секако заминуваш Америка. Да оставиш нешто во што си вложил 4 години и 4 од средно? Не фала. Последен семестар полагаш за двајца. Чекај чекај за двајца?? Да полагаш за тебе, и за она мало суштество во тебе!! На само 22 години ти веќе ги имаш донесено најважните одлуки. Самостоен си, и знаеш што сакаш и за што се бориш!! Така минува цел семестар полагаш се, љубовта во тебе е се поголема од ден на ден. Спремаш дипломска по цели ноќи, не ти е добро не можеш да седиш пред компјутер, се ти смета, стомакот е се поголем. Иии... само што ќе ја спремиш дипломската, на свет доаѓа љубовта на твојот живот!!! Минуваат неколку месеци, се е стопирано поради пандемија, нема полагања, сите околу тебе ти зборуваат остави, гледај детето. Се променува светот. Тренд се онлајн средбите. Приклучуваш телефон, во твојот удобен кревет и браниш дипломска. Да!! Ти си во првите од факултетот кои го прават тоа! Поминува се! Се запрашуваш дали за тоа се трудеше? На крај да заврши преку видео повик? Поминува скоро година, животот продолжува. Ќе прочиташ изненадно меил каде ти пишува во колку часот да ја земиш дипломата. Одиш пред факултет, штама. Никој!! Влегуваш, само ти и вработениот. Потпишуваш, излегуваш, нема свечени церемонии, нема фрлање на капи. Изморен од патот доаѓаш дома, а таму? Таму те чекаат очиња полни со љубопитност. Кристали!! Држиш нешто во рацете, милно те гледа, му го даваш тоа нешто, а тоа? Тоа малечкото прерадувано!! Насмевки, очи радосни, срце исполнето. Не знае тоа што држи во рацете, но ти знаеш за што си се борел!!!

Не се откажувајте, за милата насмевка вреди!! 

 


Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:

Билингвализам - најубавиот подарок за децата
Билингвализам или двојазичност значи познавање и говорење на два мајчини јазици
4
Џесика Алба: Неколку трикови за занимација...
Се возите на пат и не знаете како да ги занимавате палавковците? Седите дома, завршивте со домашните задачи и сега што? ...
4
Дали детето Ве лаже, или фантазира?
Децата честопати знаат да си фантазираат, но кога тоа ќе почне да се граничи со лага, настанува вистински проблем за род...
3
Добро е да имате тврдоглаво дете?!
Да се има тврдоглаво дете понекогаш е навистина исцрпувачки. Од друга страна, убаво е да се има непослушно и немирно мал...
3




Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?