namesp во 10:10
Азбука на неплодноста
Редакција Рингераја, 18.11.2010Кога ќе се утврди неплодност на едниот или двајцата сопружници почнува борба, понекогаш предолга и полна со поими кои дотогаш не Ви требале, а сега тешко ги разбирате.
Рингераја за Вас подготви речник на поими поврзани со неплодноста со цел да Ви го олесни патот кон толку посакуваната цел, Вашето бебе!
ACTH - адренокорикотропен хормон. Хормон на хипофизата кој ја стимулира надбубрежната жлезда на создавање андроген и кортизол.
ANAMNEZA - податоци за досегашната здравствена состојба на пациентот.
ANALIZA NA SEMENSKI MATERIJAL - утврдување на бројот, подвижноста и морфологијата на семенскиот материјал
AZOOSPERMIJA - Отсуство на сперматозоиди во ејакулатот
ASTHENOZOOSPERMIJA - намалена подвижност на сперматозоидите
AIM (IUI)- хорнологна интраутерина инсеминација. Вбризгување на семенски материјал на сопругот во материцата.
APSTINENCIJA - воздржување од полови односи.
AID - хетерологна инсеминација. Вбризгување на семенски материјал на донор во материцата
ANOVULACIJA - отсуство на овулација.
ANDROGENI - машки полови хормони (тестостерон, DHT, андростердион и сл.)
(BETA)ßHCG - бета ланец на hCG , кој е специфичен само за тој хормон
BLASTOMER - клетки кои се создаваат со поделба на оплодената јајна клетка.
BLASTOCISTA - зачеток со повеќе од 100 клетки во кои почнала диференцијација.
BRAZDЕNJE- делба на клетки во зачетокот.
BT bazalna temperatura - температура која секојдневно се мери во исти услови пред станување од кревет.
CD Color Doppler - доплер во боја. Ултазвучен преглед со кој се испитува крварењето на некои органи.
CORPUS LUTEUM - жолто тело. Жлезди во внатрешноста на јајникот кои настануваат од фоликулот кој ја испуштил јајце клетката. Произведуваат хормони кој го подготвуваат ендометриумот за имплантација.
CERVIKS - врат на материцата
CERVIKALЕN FAKTOR - промени во вратот на материцата пред овулација (цервикална слуз и сл.)
CITOGENETIKA - метод на анализа на хромозоми.
DECIDUA - дел од ѕидот на материцата со кој зачетокот дошол во контакт и ја започнал имплантацијата.
DIFERENCIJACIJA- е процес во кој наследно еднаквите клетки структурно и функционално стануваат различни.
DISMENOREA - болна менструација
ENDOMETRIUM - ѕид на материцата. Под влијание на хормоните се менува и се подготвува за бременост. Доколку не дојде до бременост се лупи и се исфрла со менструација.
ENDOMETRIOZA - присуство на ткива од ендометриумот вон материцата на места како што се јајниците и стомачната шуплина.
ESTROGENI - хормони на јајниците, надбубрежната жлезда, но и останати ткива (нпр масно ткиво)
EJAKULAT - семенски материјал
ENUKLEACIJA - операција со која се отстранува циста и миом
EMBRIO - зачеток
ESTRADIOL (E2) - најсилен естроген. Темелен полов хормон кој ја поттикнува работата на сите ткива и органи.
EPIDIDIMIS. DUCTUS DEFERENS - изводни канали на тестисите.
ENDOMETRITIS - воспаление на ендометриумот.
FET (frozen embrio transfer) - трансфер на замрзнат зачеток.
FOLIKUL - темелна функционална единица на јајниците. Содржи јајни клетки, кои произведуваат хормони и фоликуларна течност. Со овулацијата, зрелите фоликули се распрснуваат и ја испуштаат јајце клетката.
FOLIKULOGENEZA - созревање на фоликулите
FSH - фоликулостимулирачки хормон (хормон на хипофизата). Го стимулира растот на фоликулите и созревањето на јајце клетките. Го поттикнува лачењето на хормони. Исти функции има и на тестисите.
FERTILIZACIJA - оплодување
GAMETI - Полови клетки, јајце клетки (кај жените) и сперматозоиди (кај мажите)
GN-RH GONADOTROPNI REALISING HORMONE - хормон кој го поттикнува ослободувањето на гонадотропин.
HISTEROMETRIJA- мерење на должината на материцата и цервиксот.
HSG histerosalpinografija - Радиолошко испитување со кое се оценува изгледот и анатомијата на материцата и проодноста на каналите. За таа цел се користи посебен контраст кој се внесува со катетер низ грлото на материцата.
HISTEROSKOPIJA - ендоскопска операција со која се утврдуваат нормални или патолошки промени во внатрешноста на материцата (миом, полип и др.) Тие промени се отстрануваат со помош на хистероскопија.
HCG human korionski gonadotropin - Хормон кој го лачи зачетокот и пред имплантацијата. Тој хормон расте пропорционално и највисоки вредности има во 9-та недела од бременоста и ја одржува функцијата на жолтото тело (продукцијата на прогестерон)
HIPERSTIMULACIJA - компликација на индуцирана овулација.
IMPLANTACIJA - зацврстување на зачетокот во ѕидот на материцата. Зачетокот се вгнездува седмиот ден по фертилизацијата и тоа претставува почеток на бременоста.
IS insuflacija - Дијагностичка постапка за утврдување на проодноста на јајцеводите.
ITI intratubarna inseminacija - Вбризгување на семенскиот материјал на сопругот во јајцеводите.
ICSI - интрацитоплазматичко инјектирање на сперматозоид во јајце клетка
IVF - ин витро фертилизација. Вонтелесно оплодување.
INFERTILITET - неплодност
KAPACITACIJA NA SPERMATOZOIDI - физиолошка промена на сперматозоидите со која се остварува нивната способност за оплодување.
KRIOPREZERVACIJA - смрзнување, одржување и одмрзнување на зачеток.
LAPAROSKOPIJA- ендоскопска операција со која се утврдуваат промените на органите во стомачната празнина.
LH luteiniziracki hormon (hormon na hipofizata). кај жените е неопходен за овулација. Кај мажите има функција на стимулација на тестисите и создавање на тестостерон.
MESA - микрохируршка изолација на сперматозоиди
MAR, MPP - методи на асистирана репродукција, методи на потпомогната прокреација.
MORULA - зачеток кој има повеќе од 16 клетки
MOLLA HYDATIDOSA - болест на ткивото на постелката
MIKRODROP METODA - ставање на јајце клетки во мала капалка во која има поголема концентрација на сперматозоиди.
NORMOZOOSPERMIJA - нормална семенска течност во која се сите параметри задоволени (волумен, број, подвижност, морфологија)
NECROSPERMIJA - мртви сперматозоиди во ејакулатот
OLIGOZOOSPERMIJA - намален вкупен број на сперматозоиди
OOCIT - јајце клетка
OVARIUM - јајник. Женски репродуктивен орган. Во него се создаваат хормоните естроген, андроген и прогестерон. Со растот на фоликулите созреваат јајце клетките.
OVULACIJA - исфрлање на зрела јајце клетка од фоликулот, најчесто на 13-15 ден од менструалниот циклус.
OPSTIPACIJA- затвор, нередовна столица.
АNTISPERMALNI ANTITELA - антитела кои ги уништуваат и онеспособуваат сперматозоидите. Можат да бидат присутни во крвта на мажите, кај жените во ѕидот и вратот на материцата.
PCO - синдром на полицистични јајници. Чест синдром кај жените со хормонски пореметувања. Се карактеризира со нередовни циклуси, ановулација, зголемена влакнетост и неплодност.
PZD - парцијално отворање на обвивката на јајце клетката.
PAPA TEST - тест по Папаниколау - клеточна анализа на брис од вратот на материцата (цервиксот)
PRL prolactin - хормон на хипофизата кој влијае на создавањето на млеко.
PROGESTERON - хормон на јајниците кој излачува жолто тело во текот на втората половина на менструалниот циклус. Го лачи и постелката.
PENETRACISKI TEST- тест за испитување на способноста за оплодување.
PESA - аспирација на сперматозоиди од тестисите.
PROSTATITIS - воспаление на простатата
SEPTUM - преграда
SUBFERTILNOST - намалена способност за оплодување, кај мажите и жените
SUROGAT MAJKA - жена која носи зачеток кој биолошки не е нејзин.
TESTIS - Машки репродуктивен орган. Во него се создаваат сперматозоиди и тестостерон.
TESTOSTERON - машки полов хормон. Постои и кај жените, го произведуваат јајниците, надбубрежната жлезда, но и некои други ткива.
TESA - микрохируршка изолација на сперматозоиди од тестисите.
THERATOZOOSPERMIJA - намален процент на морфолошки исправни сперматозоиди
TIMING NA OVULACIJA - предвидување кога ќе настапи овулацијата
TROFOBLAST - надворешна обвивка на зачетокот, од која се оформува постелката.
TUBOSKOPIJA - ендоскопска операција за утврдување на внатрешноста на јајниците
UTERUS - материца
VARIKOKELA - проширени вени на тестисите што ја отежнуваат сперматогенезата.
ZIGOT - оплодена јајце клетка.
Рингераја Ви посакува што поскоро да зачнете!
Ти се допаѓа статијата? Кликни “Like” и додај свој коментар:
Сакате да забремените, а не знаете кога е вашата овулација? Сакате природен начин на контрацепција? Следете ги плодните ...

Како да го следите природниот циклус на жената и да ги одредите плодните денови со помош на овулациски тестови?

Рингераја.ба за мене е како мое семејство, мој дом каде секогаш можам да влезам, во кој сите се добредојдени. Место каде...

Интраутерината инсеминација е постапка при која спермата се промива, концентрира и директно се вбризгува во матката на ж...
