Katke во 23:56
на тема RE: Знаци на бременост II
Ви претставуваме 7 производот, кои храбро можете да додадете во менито, ако сакате вашето семејство да се зголеми за уште еден член. Уште подобро ќе е при тоа и да се исклучите од најмалку 7 штетни производоткои секојдневно ги консумирате.
Зрнести култури
Да, волшебните зрна можат да ве направат повеќе плодни. Научниците од Harvard School of Public Health набљудувале некое време 19 илјади жени и утврдиле дека неплодноста е со 39% повеќе вообичаена кај жени кои активно консумираат животински протеини. Оние кои јаделе главно растителни протеини, имале помалку проблеми со забременувањето. Затоа, јадете зрнести производи, ако сакате да забремените. Ако не сакате грав, можете да го замените со соја, сирење тофу или ореви.
Сладолед
Токму така, читате напис со совети за здрав начин на живот и еден од нив е да јадете сладолед. Ура! При тоа сепак сладоледот треба да е вистински, од природно млеко. Научниците од Nurses 'Health Study откриле дека една чаша млеко на ден или истата по обем порција производ со полномасно млеко (на пример сладолед) ја намалува шансата од развивање на неплодност. Но, внимавајте - обезмастеното млеко го отежнува забременувањето, или барем така тврди Џорџ Чаваро, професор во Harvard School of Public Health и автор на книгата The Fertility Diet. Никој не знае зошто е тоа така. Чаваро сепак претпоставува дека обезмастено млеко влијае на хормоналната рамнотежа.
Зелени и листести зеленчуци
Спанаќ, коприва, брокула и други зелен зеленчци се богати со фолна киселина - витамин Б, кој може да ја стимулира овулацијата. Впрочем поделете ја салатата со сопругот, кој исто така ќе има потреба од неа. Јадејќи зелен зеленчук, мажот го намалува ризикот од појава на генетски абнормалности кај идното дете - на таквото мислење се научниците од University of California Berkeley's Public School of Health.
Семки од тиква
Тие се богати со железо. Во една неодамнешна студија се споменува дека жените, чие мени е составено од производи заситени со железо, имале 40% помалку тешкотии при обидот да забременат. Значи испечете семки и очекувајте штркот наскоро да дојде и кај вас.
Пченкарен леб
Софистицираните јагленохидрати се трошат од организмот побавно и на тој начин се одржува оптимално нивото на шеќерот во крвта и инсулинот. Што има тоа со бременоста? Зголемениот инсулин може да влијае негативно на репродуктивните хормони. Дански научници набљудувале 165 парови, кои се обидувале да зачнат дете. Утврдиле дека жените со зголемено ниво на шеќер во крвта имаат за 50% пониски шанси да забременат за 6 месеци. Ако сакате да зачнете, јадете пченичен леб наместо бел и преминете на кафеав ориз.
Маслиново масло
Маслиновото масло содржи мононезаситени масти кои ја зголемуваат чувствителноста кон инсулинот и ги ограничуваат воспалителните процеси (а тоа е важно за време на овулацијата и во раните стадиуми на развој на ембрионот). Можете лесно да го вклучите маслиново масло во менито - само почнете да го додавате во салатите или користете го за пржење.
Лосос
Оваа риба е богата со омега-3 киселини, кои помагаат за регулирање на хормоналниот баланс и го зголемуваат протокот на крвта во репродуктивните органи. Впрочем лососот содржи помалку жива од секоја друга мрсна риба.
pumpici za izmolzuvanje
Автор: fetusce
pumpici za izmolzuvanje elektricna Lun
moite najmili
Автор: selvi
Продвижение групп ВК
Автор: prodvijenieVK
Привет! Занимаюсь раскруткой групп ВК!!
Онлайн вакансии
Автор: onlinerabota
Бизнес на дому! Проводите время в сети
moite najmili
Автор: jovanja
забава Бремените
Автор: bobik
Што е неопходно да имате по породувањето?
Олеснителни околности за мајките после породувањето...
“Грешки” кои ги правиме со новородените бебиња
Никој не знае како да биде родител, се додека не добие бебе. Повеќето ...
Луѓето имаат какви ли не соништа. За животот, за идните планови, за го...
Супер храна за трудници! Што мора да јадете?
За ваше здравје и за здравјето на вашето бебе, вклучете ги овие намирн...
Топ 12 родителски трендови во 2022
Како што расте бројот на новата генерација родители, почнуваат да се п...
деца
пеперутка16Колку деца имаш?