Mother. во 00:54
на тема RE: Шум на срце кај дете
Зошто е корисно да се јадат варени јајца?
Јајцето е еден од најкорисните производи што можете да ги вклучите во вашето мени. Освен тоа дека неговите 70 калории ќе ви држат сити подолго време, во јајцето има богата селекција од витамини и минерали потребни за нормално функционирање на организмот.
Познато е дека јајцата се извор на селен, фосфор и фолна киселина. Имаат и значително количество витамин Д, благодарение на кој коските стануваат поцврсти и истиот витамин штити од остеопороза. Со консумирањето јајца може да го снабдите телото и со витамин Б12, а ако јадете повеќе жолчки - со витамини Е и К.
Ако јадете редовно варени јајца, ќе го стабилизирате крвниот притисок и ќе го намалите ризикот од срцеви заболувања. Утврдено е дека јајцата се богати со антиоксиданси како лутеин и зексантин кои се грижат за очите и ги прават косата и ноктите поздрави.
Колку јајца можеме да консумираме дневно?
Како извор на протеини, витамини и минерали, препорачливо е редовно да ги вклучувате јајцата во вашата исхрана. Препорачаната доза е 1 јајце на ден, а максималната е 3 јајца на ден. Секој организам сепак реагира на различен начин, па затоа е добро да ја приспособите бројката според потребите на вашиот организам и ако имате некакви сомнежи, да се консултирате со лекар.
Дали јајцата содржат лош холестерол?
Долго време се тврди дека јајцата треба да се отпишат од исхраната кај луѓето кои имаат висок холестерол. Но според последните анкети потрошувачката на јајца има минимален ефект врз нивото на HDL-холестеролот, а имаат сериозно влијание врз LDL-холестеролот. Покажано е дека во едно јајце со средна големина содржи меѓу 180 и 220 милиграми холестерол (при препорачана доза од 300 милиграми на денот).
Затоа, ако внимавате на она што јадете и водите здрав начин на живот, јајцата нема да му наштетат толку на нивото на лошиот холестерол. За да бидете сигурни, не јадете ги жолчките.
Дали е вистина дека јајцата се храна за мозокот?
Да, точно е. Во јајцата има витамин В4, кој ја потпомага мозочната активност, и го олеснува испраќањето на пораки од мозокот кон мускулите и нервите. Освен тоа учествува во изградбата на клеточната мембрана, ја стимулира работата на нервниот систем и ја подобрува меморијата.
Жолчка или белка?
Тешко е да се каже што подобро влијае на здравјето - жолчките или белките. Факт е дека во првите се содржат голем дел од корисните материи за кои рековме (антиоксидантите, витамини В4, Е и К), но од друга страна, таму е концентриран и холестеролот. Белките се извор на протеини, но се послаби од корисни супстанции и немаат таков голем ефект врз целокупното здравје. Се препорачува да се јаде 1 жолчка од јајце на секои 2-3 недели.
забава Бремените
Автор: bobik
Среќата живее во она што го имаш
Во секојдневието често трчаме по она што ни недостига, по следниот усп...
Педикирот не е само естетска навика, туку и важен дел од хигиената и з...
Биди најдобриот пријател на себеси
Колку често им кажуваме убави зборови на другите, а колку ретко си ги ...
Тонус на мускулите кај бебињата
Тонусот на мускулите е еден од првите показатели за здрав развој на бе...
Најефективни вежби за топење на мастите на стомакот
Стомакот е дел од телото од кој најчесто не сме задоволни и ја буди на...
Одвикнување од пелени.
пеперутка16
Дали вашето дете прво се одвикна од мокрење во пелена или од какање, и дали постои одреден редослед по кој прво доаѓа едното, а кога другото?