Jeca во 12:19
на тема RE: Трудници, што јадевте денес?
11 годишното девојче било потполно смирено кога самостојно ја донело својата сестра на свет, а потоа отишло на училиште. Caitlin Burke добивала инструкции од амбулантата по телефон, откако ја презела контролата врз породувањето на својата мајка. Таа дури ја одвиткала и папочната врвца од вратот на својата сестра, а потоа и ја дала во рацете на мајка си.
Caitlin изјави: Бев малку исплашена и се тресев во почетокот, бидејќи прв пат во животот гледам такво нешто. Но кога се роди сестра ми бев навистина среќна. Таа е преслатка и многу ја сакам. Моите другари во училиште и учителката беа толку горди на мене. Сакам да бидам бабица кога ќе пораснам.
Caitlin влезе во акција кога водењакот на нејзината мајка Tara Knightley изненадно прснал во нивниот дом во Дордон, вторникот наутро. Тоа се случило само 10 минути откако сопругот го напуштил домот, носејќи ги помалите 4 деца кај нивната баба. Така, останало на Caitlin да се погрижи породувањето на нејзината мајка да помине во најдобар ред.
“Caitlin беше прекрасна. Тешко ми е да го искажам со зборови тоа што го направи за мене. Не знам што ќе правев ако Caitlin не беше тука. Добив контракции и мојот сопруг излезе за да ги однесе помалите 4 деца кај баба им. Но, за 10 минути ми прсна водењакот.И кажав на Caitlin да повика брза помош, а тие и даваа инструкции што да прави. Кога главата се појави сди реков со себеси дека треба да престанам да врискам, бидејќи ме гледа моето 11- годишно девојче. Caitlin направи се што и беше кажано и безбедно ја донесе својата сестра на свет. Толку многу сме горди на неа.”
4
4
4
3
забава Бремените
Автор: bobik
Овулација и бременост: Дали е доволен само еден ден?
Многу парови веруваат дека најдобро е да имаат сексуален однос само на...
Брзи вечери со брокула за зафатени денови
Кога денот е исполнет со обврски, подготовката на вечера не мора да би...
Што да очекувате по првата ин витро процедура?
Првата ин витро (IVF) процедура е значаен чекор на патот кон родителст...
Колку време е потребно за да забремените?
Многу парови очекуваат бременоста да се случи веднаш штом ќе почнат да...
Како да го смирите бебето при грчеви (колики)?
Коликите се честа појава кај новороденчињата и малите бебиња. Тие се м...