vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Можете да комбинирате зеленчук по сопствен вкус
Сварете ја коцката супа во врела вода. Главицата исецкан кромид испржете ја на 50 гр. путер Ставете го оризот и мешајте. Додадете од супата, сол и мелена пиперка (внимавајте на солта, инстант супата е веќе солена). Често дотурајте вода и мешајте. Кога оризот ќе омекне тргнете го од оган. Разматете го преостанатиот путер, ренданото сирење и 1 јајце. Додадете го во оризот. Оставете да се излади. Зеленчук: Тиквичките сечете ги на коцки, а кромидот малку запржете го на масло. Додадете ги тиквичките и динстајте. Кога малку ќе омекне додадете го исечениот домат. Посолете и додадете бибер. Оризот ставете го во калап за торта. Одозгора ставете го зеленчукот и над него изрендајте сирење. Ставете го калапот во рерна околу 20 минути на 200 степени.
Време на подготовка од: 60
Време на подготовка до: 80
Број на лица: 3
Kомплицираност: 3
Состојки:
300 гр. ориз
50 + 30 гр. путер
1 главица кромид
1 коцка инстант супа
0,5 литри вода
малку сол
малку црвена мелена пиперка
1 јајце
50 гр. тврдо сирење
300-400 гр. тиквички
2 главици кромид
масло
2-3 домати
сол
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...