vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Вкусен ручек со ниска калориска вредност.
Излупените компири ги сечеме на тенки кругови. На оган ставаме тава за пржење и во неа додаваме маслиново масло. На пиперките им ги отстрануваме рачките и семките. Круговите компири ги ставаме во тавата со загреано масло да се пржат. Пиперките ги сечкаме на кругови и ги додаваме во тавата. Промешуваме. Кромидот го сечкаме на покрупни парчиња и го додаваме во тавата. Уште еднаш додаваме маслиново масло и промешуваме. Во поголем длабок сад ги кршиме јајцата и ги матиме со жица за матење. Потоа јајцата ги посолуваме и ги зачинуваме со мелен црн пипер. Уште еднаш матиме со жицата. Промешуваме. Потоа во тавата ги додаваме изматените јајца. Откако јајцата ќе се испржат пиперките и компирите на италијански начин ги ставаме на чинија за послужување. Одозгора наросуваме пармезан.
Време на подготовка од: 30
Време на подготовка до: 60
Број на лица: 2
Kомплицираност: 2
- 400 гр компири
- 2 зелени и две црвени пиперки
- една главица кромид
- 2 јајца
- пармезан
- маслиново масло
- сол и црн пипер
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...