vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Секоја кујна си има своја специфика. Кинеската кујна е позната по сосот и чудните комбинации на храна. Сте пробале ли комбинација на сенф, мед и кикиритки. Пробајте, зошто да не!
Нудлите или шпагетите сварете ги според упатството на пакувањето. Додека се варат, исечкајте го зеленчукот на тенки ленти, или на коцки, како сакате. Во подлабок сад (имајте во предвид дека во него после ќе ги измешате и нудлите) на оган ставете малку зејтин и пропржете го кромидот исечкан на кругови. Откако ќе се испржи кромидот додадете го преостанатиот зеленчук. Мешајте на јак оган додека да испари водата и зеленчукот не омекне. Но, немојте да претерате, треба да остане цел а не раскашавен.:) Додадете зачини по вкус, соја сосот, медот и сенфот и сето тоа убаво измешајте го над тивок оган. На крај додадете ги исцедените нудли, пржете ги заедно околу 1 минута и сервирајте. Одозгора посипете ги со иситнетите кикиритки.
Време на подготовка од: 20
Време на подготовка до: 40
Број на лица: 2
Kомплицираност: 2
1. 200гр нудли (или шпагети)
2. 1 мала главица кромид
3. 1 тиквица
4. 2-3 крупни печурки
5. 2-3 моркови
6. 1 пиперка
7. сол
8. црн пипер
9. 2 супени лажици соја сос
10. 1 супена лажица сенф
11. 1 супена лажица мед
12. малку иситнети кикиритки
забава Бремените
Автор: bobik
Фактот дека после година дена не можете да забремените, претставува до...
Подарете им книга, но и слобода сами да ја изберат
Книгите се прекрасен подарок за детето, но уште поголема радост е кога...
Од што зависат шансите за забременување?
Забременувањето е природен процес, но не се случува секогаш веднаш ког...
Бременост со хронична болест. Што треба да знаете?
Дијагнозата на хронична болест не значи дека жената не може да има здр...
Постпородилната депресија може да се случи
Раѓањето на бебето е голема животна промена, исполнета со љубов, возбу...