vfta во 10:14
на тема Вегански алтернативи
Автор:
Редакција Рингераја
Изгледа одлично и има одличен вкус
Јајцата изматете ги пенасто, заедно со шеќерот и ванилата. Додадете брашно, густин, прашок за печиво и вода. Кога се убаво ќе се соедини додадете рендано чоколадо и промешајте.Смесата ставете ја да се печи во плех обложен со хартија на температура од 200 степени. Кога тестото ќе се испечи ставете го на влажна крпа на која сте посолиле шеќер кристал и завиткајте ја во ролна. Во малку млеко растворете пудинг, а останатото ставете о во тенџере да се загрее. Кога млекото ќе почне да врие додадете го растворениот пудинг и сварете густ крем. Оставете го да се излади. Пенесто изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па соединете го со изладениот пудинг и добро промешајте. Одвојте половина фил за премачкување на тортата. Извадете го тестото од крпата, намачкајте го со фил и ставете ги јагодите. Пресечете две долги ленти, а нив на уште пет помали, така што од двете теста ќе добиете 10 ленти. Земете една лента и ставете ја исправена и свиткана во средината на чинијата за торта. Постапката повторете ја со сите ленти, така што ќе добиете тркалезна торта. Со другата половина од филот премачкајте ја целата торта. Изматете шлаг, нанесете го на тортата и украсете со јаготки.
Време на подготовка од: 90
Време на подготовка до: 120
Број на лица: 4+
Kомплицираност: 3
Тесто:
5 јајца
200 гр. шеќер
2 кесички ванила
100 гр. брашно
50 гр. густин
1 кесичка прашок за печиво
3 лажици млака вода
2 лажици рендано чоколадо
Фил:
700 мл млеко
10 лажици шеќер
2 кесички пудинг
200 гр. маргарин
150 гр. шеќер во прав
150 - 200 грама сецкани јаготки
Премаз:
100 гр. шлаг
150 гр. сецкани јагоди
забава Бремените
Автор: bobik
Како правилно да се туширате за здрава и негувана кожа?
Туширањето е важен дел од секојдневната хигиена, но начинот на кој го ...
Што е AMH хормон и што ни кажува?
Кога жената планира бременост или сака да дознае повеќе за своето репр...
Како функционира апликацијата за следење на овулацијата
Апликациите за следење на овулацијата им помагаат на жените подобро да...
Зошто е важно да ги препознавате сигналите на телото?
Нашето тело постојано ни испраќа сигнали. Понекогаш тие се суптилни ка...
Односот на детето кон храната се гради уште од најрана возраст, а роди...