|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (30.03 - 03.04.2015) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  62 63 64 65 [66]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вакцинирање на бебето
8.6.2015 15:50:16   
blond
Malata ima malku mrsulcinja vo noseto, sosema malku. Utre treba revakcina Hep. ne znam dali da ja nosam?

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 1626
   RE: Вакцинирање на бебето
9.6.2015 10:59:24   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: blond

Malata ima malku mrsulcinja vo noseto, sosema malku. Utre treba revakcina Hep. ne znam dali da ja nosam?

blond, вакцината за хепатит во основа е без реакција, и е најлесната вакцина од календарот, но сепак, нека ја прегледаат па ќе одлучат д-рите. Не е на одмет да почекаш да се исчисти носето, нема зијан од малку подоцна примена вакцина.

Илина требаше во петокот да прими трета доза ДиТеПер и Полио, ама не ја однесов, бидејки од вчера почна во градинка, па не сакав да биде со климав имунитет во толкава група деца. Ќе почекам да пројде периодот на адаптација, па ќе ја однесам. Хиб и хепатит ревакцина прими пред 20 дена, значи уште овие 2 што ги одложувам, па ќе се ослободиме неколку месеци од стресови.user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 1627
   RE: Вакцинирање на бебето
9.6.2015 12:26:01   
Melanija RR
Ете ме и мене user posted image
Во април ќе го носевме за МПР (заушки ,мали сипаници,рубеола) по календар 13м а М тогаш 19месеци.И кожни реакции на белка.Ок ајде по тестови навака натака и еве уште чекаме резултати.
Ок мај во градинка 3 дена, нос,кашлица,инхалации,дома. Ок ајде во јуни ревакцина за хемофилус инфлуенца тип Б (Hib), дифтерија (Diphtheria), тетанус (Tetanus), голема кашлица (Pertussis), детска
парализа (Poliomyelitis acuta) по распоред 18 месеци а М 21 месец.

Ова во три дози ја прими во април,мај и септемвре 2014год, а 1 година направи во август. И заплет.... тна нана
Синоќа на нет наоѓам документ со наслов ПРОГРАМА
ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИМУНИЗАЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА
2015 ГОДИНА од ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.


Меѓу другите корисни информации стои:
Ревакцинација се врши:
На сите деца на возраст од 18 месеци, а најдоцна до навршени 24 месеци од животот со
давање на една доза вакцина.
Ревакцинација не се врши кај децата кои биле вакцинирани по навршување на 12 месеци
од животот

*Аха примена е на 13 месеци т.е. оваа ревакцина нетреба да ја прими.
*Следна точка

Ревакцинација против дифтерија, тетанус и голема кашлица се врши:
На сите деца комплетно вакцинирани против дифтерија, тетанус и голема кашлица во
2014 година, на возраст определена со Календарот за имунизација во 2015 година;
- На сите деца до навршување на 5 години од животот, ако од комплетирањето на
вакцинацијата поминала најмалку една година;

*Аха нема поминато 1 година
*И третата

Ревакцинација се врши:
- На сите деца комплетно вакцинирани против детска парализа во 2014 година, ако од
потполната вакцинација поминала една година.

*Аха и за ова нема поминато 1 година

============
И така фино лепо одиме сабајле во Јане Сандамски,јас збунета.Бевме пред 2 недели на ДЕтска клиника да видиме ДТП дали ја добиле и нема да си одиме во нашиот Диспанзер.Ни зборза сетоа ова бидејќи картонот го носев но не го побара за да види.Матичната ни даде упат за крвна слика и инфо што се за евентуална Т.

Влегува,е давам картон и една мислам дека е специјализан го гледа картнот и одма и се обраќа на докторката.Рано е за ревакцина? И она што го прочитав сама докторка пред да ја прашам ми кажа.Секоја чест.

И инфлуенса ревакцина нема да прима бидејќи е до 2 год а М е во август, а смее да се вакцинираме во септември.Ако донесат поливалентни тој месец ќе има ако не останува без таа ревакцина. Тоа е тоа,последици никој не одговара.Да сочекаме.Значи како може никој ова да не ни го каже ова оној момент кога се вакцинираше со задоцнување.
СЕга и за МПР треба извештај од докторот,веќе неважи усно дека детето е алергично на белка бидејќи ако е мала реакција задолжително треба да се вакцинира.Ова на светско ниво е дека тоа е така, но реакцијат можеби ќе ја трпи моето дете.Не фала. Па се надевам ќе ја помине ревакцината без оваа МОР вакцина

Нели тие се доктори тие треба да ни кажат?Или што наша вина не сме информирани,нечитаме нет?Па каде се изучува мединината.

Заклучок:за сите кои каснат со вакцини задолително на консултација во диспанзерите.
Линк од овој документ може да ви пратам во пп

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1628
   RE: Вакцинирање на бебето
10.6.2015 14:20:44   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR


Заклучок:за сите кои каснат со вакцини задолително на консултација во диспанзерите.
Линк од овој документ може да ви пратам во пп


Ај те молам мене едно линкче.

Јас не знам што ќе правиме ние со вакцините. Јосиф има примено само БСЖ и Хепатит Б. Потоа заради хидронефрозата и инфекцјата до шестиот месец не примавме никакви вакцини. Па потоа почна многу често да се разболува, имунитетот му беше ептен паднат заради третманот за хидронефрозата. Кога додјде ред да продолжиме, ацелуларни вакцини нема ни за лек, ќе ги нема до септември, така ни рекоа. И јас сега не знам што да правиме. Да чекаме до септември, или да продолжиме со обичниве вакцини? Стварно не знам што да правам.user posted image

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1629
   RE: Вакцинирање на бебето
25.6.2015 21:08:12   
lolla
http://vactruth.com/vaccine-inserts/

Мајки кого го интересира,повелете упатства за вакцините кои постојат во светот (дел кои се користат кај нас ги нема бидејки не се регистрирани за употреба).

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 1630
Страница:   <<   < Претходна страница  62 63 64 65 [66]
Страница: <<   < Претходна страница  62 63 64 65 [66]
Оди на:






Анкета

koe ime e najubavo
mamicka77

koe ime da go odberam za mojata kerkicka

EVA (49%)

BISERA (22%)

ENA (29%)


Број на сите гласови: 135

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!