|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  64 65 [66] 67 68   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вакцинирање на бебето
8.6.2015 15:50:16   
blond
Malata ima malku mrsulcinja vo noseto, sosema malku. Utre treba revakcina Hep. ne znam dali da ja nosam?

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 1626
   RE: Вакцинирање на бебето
9.6.2015 10:59:24   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: blond

Malata ima malku mrsulcinja vo noseto, sosema malku. Utre treba revakcina Hep. ne znam dali da ja nosam?

blond, вакцината за хепатит во основа е без реакција, и е најлесната вакцина од календарот, но сепак, нека ја прегледаат па ќе одлучат д-рите. Не е на одмет да почекаш да се исчисти носето, нема зијан од малку подоцна примена вакцина.

Илина требаше во петокот да прими трета доза ДиТеПер и Полио, ама не ја однесов, бидејки од вчера почна во градинка, па не сакав да биде со климав имунитет во толкава група деца. Ќе почекам да пројде периодот на адаптација, па ќе ја однесам. Хиб и хепатит ревакцина прими пред 20 дена, значи уште овие 2 што ги одложувам, па ќе се ослободиме неколку месеци од стресови.user posted image

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот blond)
Непосредна врска до пораките: 1627
   RE: Вакцинирање на бебето
9.6.2015 12:26:01   
Melanija RR
Ете ме и мене user posted image
Во април ќе го носевме за МПР (заушки ,мали сипаници,рубеола) по календар 13м а М тогаш 19месеци.И кожни реакции на белка.Ок ајде по тестови навака натака и еве уште чекаме резултати.
Ок мај во градинка 3 дена, нос,кашлица,инхалации,дома. Ок ајде во јуни ревакцина за хемофилус инфлуенца тип Б (Hib), дифтерија (Diphtheria), тетанус (Tetanus), голема кашлица (Pertussis), детска
парализа (Poliomyelitis acuta) по распоред 18 месеци а М 21 месец.

Ова во три дози ја прими во април,мај и септемвре 2014год, а 1 година направи во август. И заплет.... тна нана
Синоќа на нет наоѓам документ со наслов ПРОГРАМА
ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ИМУНИЗАЦИЈА НА НАСЕЛЕНИЕТО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЗА
2015 ГОДИНА од ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА.


Меѓу другите корисни информации стои:
Ревакцинација се врши:
На сите деца на возраст од 18 месеци, а најдоцна до навршени 24 месеци од животот со
давање на една доза вакцина.
Ревакцинација не се врши кај децата кои биле вакцинирани по навршување на 12 месеци
од животот

*Аха примена е на 13 месеци т.е. оваа ревакцина нетреба да ја прими.
*Следна точка

Ревакцинација против дифтерија, тетанус и голема кашлица се врши:
На сите деца комплетно вакцинирани против дифтерија, тетанус и голема кашлица во
2014 година, на возраст определена со Календарот за имунизација во 2015 година;
- На сите деца до навршување на 5 години од животот, ако од комплетирањето на
вакцинацијата поминала најмалку една година;

*Аха нема поминато 1 година
*И третата

Ревакцинација се врши:
- На сите деца комплетно вакцинирани против детска парализа во 2014 година, ако од
потполната вакцинација поминала една година.

*Аха и за ова нема поминато 1 година

============
И така фино лепо одиме сабајле во Јане Сандамски,јас збунета.Бевме пред 2 недели на ДЕтска клиника да видиме ДТП дали ја добиле и нема да си одиме во нашиот Диспанзер.Ни зборза сетоа ова бидејќи картонот го носев но не го побара за да види.Матичната ни даде упат за крвна слика и инфо што се за евентуална Т.

Влегува,е давам картон и една мислам дека е специјализан го гледа картнот и одма и се обраќа на докторката.Рано е за ревакцина? И она што го прочитав сама докторка пред да ја прашам ми кажа.Секоја чест.

И инфлуенса ревакцина нема да прима бидејќи е до 2 год а М е во август, а смее да се вакцинираме во септември.Ако донесат поливалентни тој месец ќе има ако не останува без таа ревакцина. Тоа е тоа,последици никој не одговара.Да сочекаме.Значи како може никој ова да не ни го каже ова оној момент кога се вакцинираше со задоцнување.
СЕга и за МПР треба извештај од докторот,веќе неважи усно дека детето е алергично на белка бидејќи ако е мала реакција задолжително треба да се вакцинира.Ова на светско ниво е дека тоа е така, но реакцијат можеби ќе ја трпи моето дете.Не фала. Па се надевам ќе ја помине ревакцината без оваа МОР вакцина

Нели тие се доктори тие треба да ни кажат?Или што наша вина не сме информирани,нечитаме нет?Па каде се изучува мединината.

Заклучок:за сите кои каснат со вакцини задолително на консултација во диспанзерите.
Линк од овој документ може да ви пратам во пп

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1628
   RE: Вакцинирање на бебето
10.6.2015 14:20:44   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR


Заклучок:за сите кои каснат со вакцини задолително на консултација во диспанзерите.
Линк од овој документ може да ви пратам во пп


Ај те молам мене едно линкче.

Јас не знам што ќе правиме ние со вакцините. Јосиф има примено само БСЖ и Хепатит Б. Потоа заради хидронефрозата и инфекцјата до шестиот месец не примавме никакви вакцини. Па потоа почна многу често да се разболува, имунитетот му беше ептен паднат заради третманот за хидронефрозата. Кога додјде ред да продолжиме, ацелуларни вакцини нема ни за лек, ќе ги нема до септември, така ни рекоа. И јас сега не знам што да правиме. Да чекаме до септември, или да продолжиме со обичниве вакцини? Стварно не знам што да правам.user posted image

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1629
   RE: Вакцинирање на бебето
25.6.2015 21:08:12   
lolla RR
http://vactruth.com/vaccine-inserts/

Мајки кого го интересира,повелете упатства за вакцините кои постојат во светот (дел кои се користат кај нас ги нема бидејки не се регистрирани за употреба).

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 1630
   RE: Вакцинирање на бебето
9.7.2015 14:24:48   
Hopeful RR
Баш сабајлево бевме на вакцина хепатит, јуначки се поднесе user posted image Зборевме за поливалентните, таман од септември ќе не фатат и нас, и баш се радувам, мислам дека се секако подобри. Секако планирав да ги купам од Солун и да барам врски за ставање, но ете, дојдоа и кај нас. Попрочистени се, и не гледам зошто да е страшно тоа што се внесуваат повеќе вируси, секако се тоа умртвени. Мислам дека е поедноставно за децата, со едно боцкање да се заврши работа. Во светот се применуваат подолго време и секако се подобри од претходните.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1631
   RE: Вакцинирање на бебето
20.7.2015 13:54:52   
sandriana RR
Делот од дискусијата што се однесува на 5 и 6 валентните вакцини е префрен во темата ТУКА - за и против вакцинирање.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 1632
   RE: Вакцинирање на бебето
23.7.2015 15:32:01   
mommy_angels RR

Мајки ,од септември ке започне употреба на поливалентните вакцини. Денес патронажната сестра ни рече дека ние ке треба да започнеме со нив. Ваше мислење или искуства?


Јас секако ја вакцинирав ќерка ми и со овие до сега,ама ова мислам дека е уште подобро.Многу помалке тортура и стрес и за дете и за родители

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1633
   RE: Вакцинирање на бебето
28.7.2015 15:21:28   
Milicka 30
Мамички ми се јавија од одделението за вакцинација дека од авгист ќе започнеме со шестовалентните вакцини инаку ќерка ми тогаш ќе има два месеци. Цело време читам за поливалентните вакцини и стварно незнам што да правам, незнеме ни каков е квалитетот на нашите вакцини, многу познавам што ги купуваат од грција . Во србија се употребуваат веќе 2 год како што читав по форумите и таму многу родители не ги ставаат...

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 1634
   RE: Вакцинирање на бебето
29.7.2015 14:16:59   
Melanija RR
Ајде некој ако знае или некој текст ,кои се петовалентни кои шестоваленти,дали има нов календар си имунизација???Сите прашуваме а незнаеме каде да бараме одговориuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1635
   RE: Вакцинирање на бебето
1.9.2015 11:11:30   
Milicka 30
Мамички некако темава не е активирана..кажете ми има ли некој примано од шестовалентните вакцини и дали имавте реакции?
Во дилема сум дали да се вакцинираме со овие вакцини од мк или да ги набавувам од грција?

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1636
   RE: Вакцинирање на бебето
1.9.2015 16:45:07   
Hopeful RR
Ние бевме пред некоја недела и ни рекоа дека ги чекаат, да дојдеме од септември, така што ќе одиме наскоро. Од разговори со други родители, спорен е квалитетот само на МРП вакцината, која ја има во Грција и за купување, и за ставање, кое чини 30е. Мислам дека ние сите други ќе ги ставиме овде, а за таа можно е да одиме до Солун, во секој случај има време до неа...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1637
   RE: Вакцинирање на бебето
1.9.2015 18:40:39   
Melanija RR
Hopeful RR jas celo vreme znam deka MPR e od ist proizvoditel i vo Grcijauser posted image Сигурна си?

Знам дека се збори дека ДТП,Полио и Инфлуенса се тие од Грција

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1638
   RE: Вакцинирање на бебето
1.9.2015 21:46:18   
Hopeful RR
Е не знам за ова, видиш. Треба да се провери...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1639
   RE: Вакцинирање на бебето
1.9.2015 23:29:45   
Ilina87
И јас знам дека дека таа вакцина е иста како и во Грција, а за ДТП имам слушнато дека ја набавуваат од Бугарија и дека е со послаб квалитет.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1640
   RE: Вакцинирање на бебето
2.9.2015 11:05:09   
Milicka 30
Кај нас веќе 60 бебиња имаат примано шестовалентна вакцина. Многу мои пријателки ја купуваат од грција дека била поквалитетна и од др.производител. Неможам да најдам кај нас од кој производител се, ми звореа дека се бугарски. Сакав некоја мајка чие бебе има примано поливалентна вакцина да сподели дали имале реакции после тоа? На интернет се изначитав секакви работи, човек да не знае што е најпаметно.

(Одговор на членот Ilina87)
Непосредна врска до пораките: 1641
   RE: Вакцинирање на бебето
2.9.2015 13:46:29   
gina
i nie sme sega za edna nedela na vakcina i mene nekako strav mie trebase na eden mesec da primime ama ni e odlozija za sega so novive neznam

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1642
   RE: Вакцинирање на бебето
7.9.2015 23:16:40   
Melanija RR
И така јас пак немам памет со вакцините.И после јуни случката ете дојде септември.Таман викам август дома нема градинка ,дете здраво спремно со полни 24 месеци да прими ревакцина на ДТП,Полио и Инфлуенца,2 недели дома и октомври назат во градинка. АМА петовалентните уште не биле распределени по диспанзери.
И трет пат годинава не оди во градинка заради примање на вакцини ,кои потоа се одлужуваат.

Бев сабајле во Јане Сандански да прашам.
СТарите веќе ќе ги нема само за таа вакцина и Хепатит ќе бидат петто и шестовалентни.И ќе дошле наводно неделава.Пак едно АМА требал да се донесе правилник дека сите деца над 2 год смеат да ја примат ревакцината.Е сега дали и за другите ќе се помери да се прима ревакцина до 3 или 4 год незнам.Тоа е поради всушност едната од 5те Инфлуенца која е најдобро да се прими до 2 години.Но знам за тие случај како моето дете ќе можат но мора да излезе павилникот, кој веројатно ќе излезел за 2 недели user posted image

И ајде пак чекање и да биде така дете во градинка во Ноември.Нит се знае,нит планира, многу се нервирам.Незнам како ќе биде до тогаш за чување дома,дали јас ќе бидам дома.

Јас ќе пишам за две недели ако не тераме градинка,па напролет.
И за одложување на МРП треба извештај со конкретна забелешка од надлежен педијатар кој дали упат за испитување на алергија на белка.Значи црно да бело ,нема повеќе само на збор.



_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 1643
   RE: Вакцинирање на бебето
8.9.2015 18:05:25   
mamita83
Ние за нашата бебушка одлучивме да не вакцинираме, ама во целата таа недоумица што е најпаметно да се направи, секако бевме сигурни дека и доколку некогаш се решиме за примање на некоја вакцина тоа сигурно ќе биде купено приватно од производител кој ние ќе го избереме пречистена. Бидејќи кај нас вакцините се купуваат по принцип најефтина цена, а тоа значи и помал квалитет на вакцините. Во разговор надлежните педијатри едно кажуваат приватно а друго пред камери поливалентни или не, не е гаранција за квалитетот кој кај нас дефинитивно е очаен и за разлика од Хрватска каде имаат обврска надлежните институции јавно да објават целосна документација за вакцините со кои се врши имунизација кај нас ДТП вакцината не беше регистрирана во регистарот за лекови до декември 2014, а камоли упатство за употреба онлине да приложат каде убаво можат да се прочитаат нус појавите и се останато

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 1644
   RE: Вакцинирање на бебето
16.9.2015 16:13:46   
Gardenia
Женски,ревакцината на Хепатит Б има ли реакции?

(Одговор на членот mamita83)
Непосредна врска до пораките: 1645
   RE: Вакцинирање на бебето
17.9.2015 10:44:12   
sandriana RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Gardenia

Женски,ревакцината на Хепатит Б има ли реакции?

Нема Гарденија, Хепатит вакцина/ревакцина е без реакции.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Gardenia)
Непосредна врска до пораките: 1646
   RE: Вакцинирање на бебето
23.9.2015 17:57:33   
Hopeful RR
Девојки, во Идадија ги донеле петтовалентните вакцини и денес ги боцнавме и двете бебиња. Ептен беа јунаци, само малце плачнаа и толку user posted image Сега за сега нема реакции, па ќе видиме.


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 1647
   RE: Вакцинирање на бебето
23.9.2015 20:17:53   
Milicka 30
Ние примивме шестовалентна пред 2недели, не качи малата температура , само неколку пати вриштеше ибеше помалку расположена и после 3 дена си се врати во нормала. Досега како што ми кажаа од болница не се качувало темп. Од новите вакцини.

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 1648
   RE: Вакцинирање на бебето
19.10.2015 16:20:53   
Ki4iko
Ете ме и мене со макава,на тема вакцини, малата треба да прими 6валентна во понеделник, па ме интересира,дали имаа реакција на таа вакцина вашите бебиња? user posted image

(Одговор на членот Milicka 30)
Непосредна врска до пораките: 1649
   RE: Вакцинирање на бебето
19.10.2015 16:51:41   
Milicka 30
Обично од овие новите вакцини викаат дека многу малку реакции имало. Ние наредната недела сме на вакцина ке примиме 5вљлентна.

< Поракaта ја уредил Milicka 30 -- 19.10.2015 16:53:28 >

(Одговор на членот Ki4iko)
Непосредна врска до пораките: 1650
Страница:   <<   < Претходна страница  64 65 [66] 67 68   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  64 65 [66] 67 68   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?