Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Која е смислата на животот? 29.10.2009 14:07:53
ripce
Да знаеш да го живееш животот, да ги почитуваш луѓето околу себе (нормално оние кои го заслужуваат тоа), да имаш позитивна мисла, да ја наоѓаш среќата во она што го имаш, а не постојано да трагаш по она што го немаш... и насмевката секогаш на лицето дури и кога не ти е до смеа, зашто твојата насмевка ќе предизвика насмевка на нечие друго лице, тоа на друго итн...
RE: Која е смислата на животот? 29.10.2009 14:41:54
vezilka RR
..еден мудрец рекол: „Човекот во текот на својот живот има просечно околу 3 часа на апсолутна среќа“..тоа се оние моменти кога ништо, ама баш ништо не може да те одалечи од чувството на среќа, како на пример моментот кога ќе ја добиете првата петка во школо, кога ќе завршите со образовниот циклус, раѓањето на вашето дете и слично..
..е тие 3 часа, и мојата стратегија како да ги претворам во што е можно повеќе часови е смислата на мојот живот..
RE: Која е смислата на животот? 10.12.2009 11:38:15
arh_diz
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka
..еден мудрец рекол: „Човекот во текот на својот живот има просечно околу 3 часа на апсолутна среќа“..тоа се оние моменти кога ништо, ама баш ништо не може да те одалечи од чувството на среќа, како на пример моментот кога ќе ја добиете првата петка во школо, кога ќе завршите со образовниот циклус, раѓањето на вашето дете и слично..
..е тие 3 часа, и мојата стратегија како да ги претворам во што е можно повеќе часови е смислата на мојот живот..
RE: Која е смислата на животот? 10.12.2009 11:51:46
zami
jas licno koga bev pomala, sakav da crtam i gradam zgradi bidejki tie ke bidat moi dela koi ke ziveeat i po mene. a i decata istotaka se nase nasledstvo nekoj sto ke ne pameti i spomnuva za da ne ni bide izgubeno vremeto sto sme go pominale na planetava.
RE: Која е смислата на животот? 10.12.2009 12:00:20
mami
Откако вчера едно два саата се боревме сите тројца на спална, и кога го гледав Лука колку заразно се смее сфатив- тие двајца се смислата на мојот живот, секогаш да ги гледам насмеани и среќни
RE: Која е смислата на животот? 10.12.2009 12:52:48
Iva
Дефинитивно моите две сонца, моите синови. Секој ден се будам, дишам, работам и живеам само за нив двајца. Тие двајца се смислата на мојот живот. Во животот сум имала толку многу ситуации кога сум сакал да ги затворам очите и никогаш повеќе да не ги отворам . Но тие ми дават волја за живот и сила да се борам за подобро утре, за нив двајца.
RE: Која е смислата на животот? 10.12.2009 13:11:45
Bibi_S
Смислата на мојот живот е љубовта, кон мм, најблиското семејство, а најмногу кон малото бебенце во стомакот. Моментите поминати со луѓето што ги сакам, работата која ме исполнува, учењето по нешто ново секој ден, срекавањето на нови и позитивни луге, хуморот. Да бидеш задоволен со тоа што го имаш, а сепак да копнееш и по нешто повеке.
RE: Која е смислата на животот? 13.1.2010 22:11:45
BILE.F
Да уживаш во секоја минута од животот; Да знаеш да ги цениш и да им се израдуваш на најситните работи; Да ги сакаш и почитуваш сите што го заслужуваат тоа; Да си ги знаеш своите вредности; Да знеш од секоја работа, дури и од лошата да го извлечеш најдоброто; Да знаеш да се смееш и живееш, зашто животот е еден!
RE: Која е смислата на животот? 13.1.2010 23:17:20
Еца
Најди време за работа'- работата е цена на успехот. Најди време за размислување- размислувањето е клуч на моќта. Најди време за читање- читањето е основа на мудроста. Најди време за игра- играњето е тајна на вечната младост. Најди време за љубезност- љубезноста го отвора патот кон среќата. Најди време да љубиш- љубовта е привилегија на боговите. Најди време да се свртиш околу себе - во саможивеењето денот е кус. Најди време за смеење-смеењето е музика на душата. Дај ми сила Господи да го издржам она што не можам да го променам дај ми памет да сменам она што можам, а најмногу дај ми мудрост да правам разлика меѓу едното и другото.
Ова некаде многу одамна го прочитав и до ден денес многу често го читам, дури едно време беше закачено на мојата врата во собата, па секое утро се потсетував на на овие зборови. Имам запишано дека е од непознат автор напишано пред повеќе од 2000 години.
RE: Која е смислата на животот? 6.11.2012 16:16:58
vezilka RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR
..еден мудрец рекол: „Човекот во текот на својот живот има просечно околу 3 часа на апсолутна среќа“..тоа се оние моменти кога ништо, ама баш ништо не може да те одалечи од чувството на среќа, како на пример моментот кога ќе ја добиете првата петка во школо, кога ќе завршите со образовниот циклус, раѓањето на вашето дете и слично..
..е тие 3 часа, и мојата стратегија како да ги претворам во што е можно повеќе часови е смислата на мојот живот..
Смислата на животот е да бидеш среќен. Секој треба да го прави тоа што го прави среќен. Не постои универзална дефиниција за смислата на животот, секој треба да си ја пронајде својата. Јас мојата ја пронајдов
RE: Која е смислата на животот? 6.11.2012 17:21:33
Ikana
Според мене смислата на животот е да живееш. Ако постојано се стремиме да бидеме среќни, тогаш никогаш нема да го цениме моментот кога сме навистина исполнети, туку секогаш ќе мислиме дека има нешто повеќе од тоа. Не е можно секој да е среќен цело време, секој ден.
Животот не е цел, туку патување.
Целта сите ја знаеме, тоа е смртта.
Она што е важно е времето кое ни е дадено и како ќе го искористиме додека да стигнеме до целта. Мора да запаметите дека секој момент на оваа планета ни е позајмен, ние сме само гости.
Среќата е релативна работа. Кога ќе го најдете мирот, ќе ја најдете и среќата. Среќата не е стремеж, туку состојба на умот.
RE: Која е смислата на животот? 6.11.2012 22:14:36
niki
ИЗВОРНА ПОРАКА: Ikana
Според мене смислата на животот е да живееш. Ако постојано се стремиме да бидеме среќни, тогаш никогаш нема да го цениме моментот кога сме навистина исполнети, туку секогаш ќе мислиме дека има нешто повеќе од тоа. Не е можно секој да е среќен цело време, секој ден.
Животот не е цел, туку патување.
Целта сите ја знаеме, тоа е смртта.
Она што е важно е времето кое ни е дадено и како ќе го искористиме додека да стигнеме до целта. Мора да запаметите дека секој момент на оваа планета ни е позајмен, ние сме само гости.
Среќата е релативна работа. Кога ќе го најдете мирот, ќе ја најдете и среќата. Среќата не е стремеж, туку состојба на умот.
alal da ti e sto ubavo si napisala. potpis i so race i so noze posebno so boldot se slozuvam, mirot vo dusata dava posebna dimenzija na nestata
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
Смислата на мојот живот се моите деца и сопруг,нивните радости и насмевки што секој ден ми ги упатуваат и ме прават најсреќна.Смислата на животот е токму тоа моето семејство кое го обожавам и среќата и радоста што секој ден се повеќе расте во мојата душа и ја грее со најголема љубов.
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!