mamicki
		   
		
		   
		  
		   
		 | 
	  
		
		
		 Првпат во животот држев диета по рецепт кога внимавав на исхраната според кардиолошката диета. Без ниту една отстапка се придржував кон режимот на таа диета и симнав 6,5 кг, но и го намалив целулитот. Е, сега, една недела подоцна, сфаќам дека сум си направила штета, односно тешко ми е да се придржувам на мојот претходен начин на исхрана, како некоја дизна за ждерење да ми се има отворено       Можеби е случајност, оти и вообичаено ден- два пред менструација и првиот ден од циклусот се претворам во гладен ѕвер, но... сепак ми е поубаво кога само се хранам здраво, без рецепт . Ова е мое согледување околу пост ефектот на држењето диета по рецепт, би сакала да прочитам и други искуства. 
			
								
			
			
				  	
		  
		  
		  
		 |