|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Диета за крвна група О
28.6.2009 14:09:56   
Еца
На луѓето кои припаѓаат на оваа крвна група им одговара интензивна физичка активност и исхрана со протеини од животинско потекло. Успехот во диетата кај оваа група зависи пред сѐ од употребата на месо и риба. Не им одговараат житарките и млечните производи и затоа почетните резултати на диетата ќе бидат одлични ако успеат да го ограничат внесувањето на овие продукти. Особено глутенот од пченицата, леќата и гравот делуваат неповолно на тежината кај овие луѓе. Трет фактор во зголемување на тежината е недоволната продукција на јод во организмот.

Лицата од групата 0 треба строго да го ограничат внесувањето на млечни производи, затоа што неповолно делуваат на нивниот метаболизам. Истото важи и за јајцата. 1-2 неделно е повеќе од доволно.

Лененото и маслиновото масло делуваат корисно, а избегнувајте ги пченкарното и маслото од кикиритки.

Јаткастите плодови се одличен извор на протеини, но нема да го заменат месото. Добро е да ги консумирате само оревот и семките од тиква, додека кога сте на диета мора да ги избегнувате индискиот орев, путерот од кикиритки, ф'стаците и афионот.

Сега доаѓаме до еден од изворите на проблемите - лебот и белите печива. Не постои ниту една група на житарки и тестенини кои би влегле во групата корисни за вас. Ќе биде тешко веднаш да се откажете од утринското печиво или сендвич, но со малку упорност ќе можете да ја победите желбата.

Препорака за цереалии: организмот не трпи ниту еден од пченичните производи. Неутрални по вашето здравје се оризовите снегулки, јачменот, просото и елдата. Негативно по вашата тежина ќе се одразат корнфлексот, пченичниот гриз, овесните снегулки и пченкарното брашно.

Месото е особено корисно за вас. Говедско, јагнешко, џигер, телешко и срнешко треба да се наоѓаат на вашето мени. Од другите видови на месо и нивните преработки треба да ги избегнувате свинското, сланината, месото од патка и шунката.

Голем дел од морската храна е особено корисна за вас. Харинга, лосос, сабјарка, сардина, штука, ослич, гргеч и пастрмка треба да бидат дел од вашата трпеза барем 2-3 пати неделно. Освен чадениот лосос и октоподот, другата морска храна нема да ви прави проблеми.

Изборот на зачини може да му помогне на дигестивниот и имунолошкиот систем. Многу корисни се морските алги, кари, црвени пиперчиња и магдонос. Неутрално влијание имаат босилек , лорбер, каранфилче, јачменов слад, ким, бибер, феферони, рен, рузмарин, мајоран, шафран, жалфија, темјан. Избегнувајте копар, цимет, мускатно оревче, оцет.

Чај од липа, магдонос, нане, хмељ, ѓумбир и дудинки кога ви се пие нешто. Избегнувајте го чајот од алое, ехинацеа, генцијана, детелина, листови од јагода или луцерка.

Од другите напитоци, неутрално делуваат пивото, зелениот чај, црвено и бело вино. Вашиот најголем непријател е кафето. Ограничете ги на минимални количини газираните пијалаци, црниот чај и жестоките алкохолни пијалаци.

Интензивните физички активности се одлични за луѓето кои припаѓаат на оваа крвна група. Од спортовите најдобро ви одговараат оние кои носат постојан притисок и висок пулс. Пливање, дигање тегови, велосипедизам, сквош, боречки вештини, спортови со контакт, аеробик, возење скејт и ролерки значително ќе ви помогнат да ја намалите телесната тежина. ●

< Поракaта ја уредил Elena -- 28.6.2009 14:10:27 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Диета за крвна група О
2.7.2009 18:53:54   
Aleksandra
Elena fala ti mnogu za informacijata, jas sum O+ krvna grupa, a imam slusnato deka mnogu luge oslabele so pomos na vakva diete"ishrana spored krvna grupa" a i mene mi treba malku poveke  da oslabam pa taka mozno e i da pocnam vakov nacin na ishranauser posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Диета за крвна група О
31.7.2009 1:03:36   
nadica
bravo za elena te ima sekade so korisni informacii

jas sum 0+ krvna grupa i se e vo red so preporakite ama nemozam bez mleko i mlecni proizvodi user posted image

(Одговор на членот Aleksandra)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Диета за крвна група О
3.11.2009 14:59:21   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29



Исхрана за крвна група О(нулта)
Генетска предодреденост – здрав дигестивен систем, силен имунитет, природна одбрана од инфекции, систем создаден за ефикасен метаболизам

Слабости –нетолерантен на промени на услови и исхрана, имунитет што може да е премногу активен и што може да се нападне себеси

Многу корисни јадења ( задолжително)

( може говедско, јагнешко, телешко, овчо, до 300 gr. неделно)
бакалар, ослич, срдина, скуша, пастрмка, лосос, белвица, харинга, гргеч
козјо сирење
ленено или маслиново масло
орев и семки од тиква
артичок, цикорија, рен, праз, кромид, магдонос, компир, спанаќ, репа, пашканат, тиква, пиперка
свежи и суви смокви, свежи и суви зелени, црвени и црни сливи
цреши, ананас.

ШТЕТНИ ЈАДЕЊА (не смее да се зема)

сланина, гуска, шунка, прасе, салами, паштети, колбаси, конзерви, пушено или чадено месо
кавијар, икра, харинга, чаден лосос, октопод
млеко (обично и пастеризирано) , кашкавал, сирење, кајмак, павлака, кисело млеко, маргарин
обични масла (од пченка, сончоглед и тиква)
кикири и фстаци
леќа и обичен бел грав
леб од пшеница, пченкарно брашно, бурек, ѓеврек, тестенини
авокадо, зелка, карфиол, пченка, црни домати, брокула и маслинки
јаболка, портокал, капини, јагоди, мандарини и диња




дали се поклопувате со овие генерализирања?


ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

инаку јас сум О. и гевречето ми е омилено ,а ми е во штетнитеuser posted image хмммм
а добро е месо и така не сакам ,ама со рибата е полн погодок!


п.с.


Не е поентата да не јадете[!] воопшто од наведената храна што е штетна за вашата крвна група, туку да видите која храна повеке би ви наштетила, и да внимавате да не претерувате со нејзиното конзумирање [се разбира и тоа е по ваш избор].
Значи не воопшто да не јадете.








_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Диета за крвна група О
3.11.2009 16:33:31   
Bogdancanka
од ова што е добро да јадам-( може говедско, јагнешко, телешко, овчо, до 300 gr. неделно)
бакалар, ослич, срдина, скуша, пастрмка, лосос, белвица, харинга, гргеч
козјо сирење
ништо од тоа не јадам леле
а од ова што е штетно-сланина, гуска, шунка, прасе, салами, паштети, колбаси, конзерви, пушено или чадено месо
кавијар, икра, харинга, чаден лосос, октопод
млеко (обично и пастеризирано) , кашкавал, сирење, кајмак, павлака, кисело млеко, маргарин
обични масла (од пченка, сончоглед и тиква)
кикири и фстаци
леќа и обичен бел грав
леб од пшеница, пченкарно брашно, бурек, ѓеврек, тестенини
авокадо, зелка, карфиол, пченка, црни домати, брокула и маслинки
јаболка, портокал, капини, јагоди, мандарини и диња

Се јадам од ова леле леле леле јас ептен наопаку уффффффф

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Диета за крвна група О
3.11.2009 16:36:07   
Bogdancanka
Еј луге па јас се хранам само со штетна храна а колку е ова точно зашто јас ич не се совпајгам со оваuser posted image

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Диета за крвна група О
11.1.2010 8:26:49   
ripce
Месо за нулта крвна група

На почетокот, сите човекови предци ја имале крвната група О, која се смета и за најстара. Тие биле ловци и јаделе се што можеле да најдат во околината: месо, риба, птици, зелени лисја, корења, шумски плодови, диво овошје, семки, ореви и лешници. Всушност, тоа е храна што е најдобра за луѓето со крвна група О.

И денес тие треба да јадат најмногу готвена храна со зеленчуци, месо, риба или пилешко месо. Тие прехранбени производи се најдобриот извор на белковини за оваа крвна група. Ако се консумираат и ореви, бадеми, лешници и семки неколкупати во неделата, тогаш дополнително се внесуваат белковини, есенцијални масни киселини и некои минерали.

Со консумирање на овошје, свежо или суво, се задоволува и природната потреба за благо.

Луѓето со О-група можат да јадат месо зашто нивниот организам е предодреден за тоа. Дигестивниот систем кај нив ги содржи потребните ензими и киселини. Тоа овозможува белковините од животинско потекло оптимално да се сварат и да се разложат до искористливи компоненти. Тие, пак, што не сакаат да јадат месо, често чувствуваат потреба да консумираат барем мали количества таква храна. Со јадење на месо се балансира нивото на шеќерот во крвта и помага да се обезбедат потребните јаглеродни хидрати.

Всушност, еден од начините да се зголеми енергијата во организмот, а притоа да не се внесуваат шеќери и да не се дебелеете, може да се постигне само со јадење белковини од животинско потекло. Но, не треба да се јаде месо во големи количества. Пожелно е месо да се јаде три до шест пати неделно и тоа по 100 до 180 грама.

Луѓето со крвна група О се единствените што можат да јадат морска храна од секаков вид. Мрсните риби се многу добри за оваа група бидејќи содржат Омега 3 масни киселини, неопходни за спречување на евентуални воспалителни процеси.

Заедничко за сите крвни групи е што треба да јадат големи количества зеленчук. Посебно се корисни кељот и зелените летни салати бидејќи дополнително го снабдуваат организмот со потребниот калциум. О-група не треба многу да јаде компири, ориз и зелка, а воопшто пченка. Од зеленчуците треба да избегнуваат и карфиол, прокељ, модар патлиџан, пченка и леќа. Овошјето треба да се консумира редовно. Ако луѓето со таа крвна група сакаат да ја намалат прекумерната телесна тежина, треба секојдневно 30 минути пред јадење да консумираат по едно парче овошје. Треба да избегнуваат јагоди, капини, портокали, мандарини и дињи.

Оревите, бадемите, лешниците и семките треба да бидат редовно на менито. Тие се добар извор на есенцијални масни киселини, белковини и на минерали. Лененото семе, богато со Омега 3 масни киселини, содржи елемент што во цревата се трансформира во супстанција што има антираков ефект и го регулира нивото на хормоните во менопаузата и кога е присутен т.н. предменструален синдром кај жените.

Од млечните производи се препорачува јогуртот, киселото млеко и кефирот. Пресното млеко, полномасните сирења и кашкавалите не се препорачуваат. Може да консумираат во мали количества козјо или кравјо сирење. Бремените жени и доилки не треба да консумираат пресно млеко и не треба да се плашат дека нема да имаат доволно калциум во организмот. Брокулите, сусамот и оревите содржат големи количества калциум и треба да бидат алтернатива за млечните полномасни сирења и кашкавали. Луѓето со крвна група О треба да го избегнуваат оцетот, а за закиселување да користат лимон. Од мастите, освен ладно цедено маслиново масло, треба да користат и путер без сол. Наместо бел леб, треба да јадат ?ржен, во помали количества.

Физичката активност е многу важна, па затоа треба три до четири пати неделно да вежбаат по 30 минути.

_____________________________

"Кога сте мајка никогаш не сте сами во своите мисли. Мајката секогаш мора да мисли два пати, еднаш за себе и еднаш за своите деца."

(Одговор на членот Bogdancanka)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Диета за крвна група О
29.12.2010 1:21:30   
Maca25
Според диетава, се што јас сакам да јадам е штетно за мене. а тоа што не го обожавам е добро. е да бе!! 

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Диета за крвна група О
29.2.2016 13:57:42   
marchi

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca25

Според диетава, се што јас сакам да јадам е штетно за мене. а тоа што не го обожавам е добро. е да бе!! 

i mene nekako besisleno mi e ova so dietava spored krvni grupi

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 9
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Dali vi se dopaga imeto Emilija
kik@

Dali vi se dopaga imeto Emilija?

da (41%)

ne (59%)


Број на сите гласови: 44

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!