|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Секс за време на бременоста
12.11.2009 15:40:36   
skorpijana
ti blagodaram
jas razgovarav so mojot ginekolog i mi e dozvoleno sex
ali ne sakajki mi vleze sperma zatoa sum zagrizena pozdrav

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 51
   RE: Секс за време на бременоста
20.11.2009 1:28:48   
Еца
Сè додека имате нормална бременост можете да му се насладувате на сексот кога и да посакате. Кај нормалната бременост постои мал ризик од компликации како абортус и предвремено породување. Разговарајте со вашиот гинеколог на оваа тема, за да знаете дали можете да практикувате секс или не. Сè додека имате одобрување од него и имате желба, сексот може да биде дел од вашиот живот за време на бременоста. Сексот може многу да ви помогне во тој период од животот, затоа што ќе одржувате силна врска со вашиот партнер и ќе бидете порелаксирана. Со тоа и вашето бебе ќе се чувствува подобро.

Бебето е заштитено од мембраната (во која се наоѓа амнионската течност), која го опкружува фетусот за време на неговиот развој во матката и од силните мускули на матката. Бебето е заштитено и од инфекции, затоа што грлото на матката е затворено со дебел слој слуз. Пенисот не доаѓа во контакт со фетусот за време на сексот. Сето ова може да ве увери дека нормалниот секс за време на нормална бременост нема да му наштети на вашето најмило.

Во некои околности, докторот може да ве советува да апстинирате. Тоа е потребно кога:
  • Претходно сте доживеале предвремено породување;
  • Претходно сте имале абортус;
  • Има ризик да имате предвремено раѓање;
  • Имате појава на необични симптоми како исцедок, болка и крвавење за време на бременоста или по сексуален однос;
  • Страдате од плацента превиа, состојба кога плацентата е на погрешно место и го покрива цервиксот;
  • Вашиот партнер има сексуално пренослива болест.
Ако имате нормална бременост не треба да се плашите – одговорот е не. Многу жени за прв пат доживуваат оргазам (или мултиоргазам) додека се бремени. Оргазмот предизвикува контракции на матката, но тие контракции се сосема различни од контракциите пред породување. Бебето е безбедно во матката и оргазмот не може да му наштети.



< Поракaта ја уредил Еца -- 20.11.2009 1:29:20 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 52
   RE: Секс за време на бременоста
30.11.2009 21:24:42   
***Lide***
i nie izbegavame odnosi taka ni rece ginekologot sto ponaretko a i nekako elbata mi se podizgubiuser posted image a i koga i da imame odnos ne mi e bas udobno kako da cuvstvuvam bolka a inaku se e vo red so bremenosta,a i mm ne saka bas mu e strav da ne se slucelo nesto so bebeto i sega sme vo faza na apstinencija

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 53
   RE: Секс за време на бременоста
3.12.2009 8:30:20   
Палешка РР
user posted image  ма ништо, само ве зезам user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот ***Lide***)
Непосредна врска до пораките: 54
   RE: Секс за време на бременоста
5.12.2009 18:28:36   
S*B*
практикувајте секс во бременост само тогаш е моментот да се опуштите до бесвест да не мислите на непланирана бременост ИТН.Само напред.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 55
   RE: Секс за време на бременоста
5.12.2009 21:25:44   
alex_mo
  Браво за ова охрабрување од Ѕ*Б* и јас си бев со таков став во првата бременост,ама сега се косиме со мислењата.Мене некако ми е потешко и со помалку желба ,а тебе можам да те разберам.....нели си машко....ама ако имаш истомисленичка за  партнерка - само напред.

(Одговор на членот S*B*)
Непосредна врска до пораките: 56
   RE: Секс за време на бременоста
9.12.2009 20:04:10   
Палешка РР
Бременост и секс

user posted image
Да треба да се откажете од секс цели 9 месеци звучи навистина страшно. Но, кога жената е бремена по прв пат нормално е да се прашува дали за плодот е штетно да има секс или не. Најчесто поставувани прашања се:
  • Дали може да се појави некаква инфекција?
  • Дали притисокот врз матката може да го повреди детето?
  • Дали оргазмот може да предизвика предвремено породување или губење на плодот?
  • Дали има побезбедни пози?

Сексот за време на бременоста е пожелен.
Грижите не треба да ве предомислуваат во намерата да имате дете, бидејќи сексуалниот живот нормално продолжува и за време на бременоста. Сексот воопшто не е штетен за плодот. Специфичните движења на матката, контактот со неа и оргазмот не може да му наштетат на фетусот. За време на оргазмот матката создава повеќе материјал и контракции, но тука воопшто не станува збор за истите контракции како пред породувањето.
Кога сексот не е пожелен?
Во одредени ситуации докторите не препорачуваат, или не толку често, да практикувате секс за време на бременоста.
При било какво крварење за време на бременоста особено после секс, треба да се консултирате со доктор. Ултразвукот веднаш ќе покаже доколку станува збор за посериозен проблем.
Ако крварењето е често, тогаш можеби нема да можете редовно да имате односи. Но, тоа не значи дека другите опции за задоволување ви се исклучени до крајот на бременоста.
Доколку имате вон-матерична бременост тогаш најдобро е да немате секс воопшто.


Што кога стомакот ќе почне да расте?
За време на првите 3 месеци фетусот зазема многу мало место во матката, дури не се ни гледа или чувствува. Но, како што стомакот почнува да се зголемува, сексот може да биде доста комплициран особено ако мажот е одозгора. Затоа, многу е важно да пронајдете удобна позиција. Пример старично, од позади или онака како што се чувствувате најсигурно.
Дали сексуалната желба за време на бременоста се намалува?
Можете да имате односи од првиот ден па се до породувањето. Но, не секогаш ќе имате желба за тоа. Вие и вашиот партнер морате да бидете свесни за тоа и да разговарате за вашите чувства и променливо расположение. Здрава сексуална врска подразбира желба кај двајцата партнери за секс, бременоста не е исклучок.

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 57
   RE: Секс за време на бременоста
9.12.2009 20:10:49   
ananikol
Seks ????

So li bese toa??????  user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 58
   RE: Секс за време на бременоста
20.12.2009 13:28:26   
arh_diz
Дали е безбедно?
Кога жената е бремена за прв пат, нормално е таа и нејзиниот партнер да бидат загрижени за ефектот кој би го имал сексот врз нивното неродено бебе. Сосема е природно идните родители да бидат загрижени за тоа дали притисокот врз матката може да го повреди бебето, дали има ризик од појава на инфекции или дали оргазмот може да предизвика предвремени породилни болки или абортус.
Сè додека имате нормална бременост можете да му се насладувате на сексот кога и да посакате. Кај нормалната бременост постои мал ризик од компликации како абортус и предвремено породување. Разговарајте со вашиот гинеколог на оваа тема, за да знаете дали можете да практикувате секс или не. Сè додека имате одобрување од него и имате желба, сексот може да биде дел од вашиот живот за време на бременоста.
Сексот може многу да ви помогне во тој период од животот, затоа што ќе одржувате силна врска со вашиот партнер и ќе бидете порелаксирана. Со тоа и вашето бебе ќе се чувствува подобро.
Дали сексот може да го повреди бебето?
Бебето е заштитено од мембраната (во која се наоѓа амнионската течност), која го опкружува фетусот за време на неговиот развој во матката и од силните мускули на матката.
Бебето е заштитено и од инфекции, затоа што грлото на матката е затворено со дебел слој слуз. Пенисот не доаѓа во контакт со фетусот за време на сексот.
Сето ова може да ве увери дека нормалниот секс за време на нормална бременост нема да му наштети на вашето најмило.
Кога сексот не се препорачува?
Во некои околности, докторот може да ве советува да апстинирате. Тоа е потребно кога:
  • Претходно сте доживеале предвремено породување;
  • Претходно сте имале абортус;
  • Има ризик да имате предвремено раѓање;
  • Имате појава на необични симптоми како исцедок, болка и крвавење за време на бременоста или по сексуален однос;
  • Страдате од плацента превиа, состојба кога плацентата е на погрешно место и го покрива цервиксот;
  • Вашиот партнер има сексуално пренослива болест.

Дали сексот може да предизвика абортус или контракции?
Ако имате нормална бременост не треба да се плашите – одговорот е не. Многу жени за прв пат доживуваат оргазам (или мултиоргазам) додека се бремени. Оргазмот предизвикува контракции на матката, но тие контракции се сосема различни од контракциите пред породување.
Бебето е безбедно во матката и оргазмот не може да му наштети.
А што станува со вашата желба за секс?
Желбата за секс кај жената варира значително во различните фази од бременоста. Најчесто првото тримесечје е најлошото време за жената да мисли на секс. Таа во тој период е преокупирана со симптомите како чувствителност на градите, гадење, повраќање и замореност.
Кога ќе измине првото тримесечје, тие симптоми исчезнуваат и се враќа желбата за секс. Во третото тримесечје жената веќе чувствува физичка отежнатост и возможно е да не чувствува голема желба за секс. Како што се приближува датата за раѓање, така и либидото на жената се намалува. Тоа е така затоа што станувањето родител е многу стресен период.
Паралелно со вас и желбата за секс на вашиот партнер може да се менува. Најважно е да одржувате силна и здрава комуникација помеѓу вас и да имате разбирање за чувствата и желбите на партнерот.
Секс позите и оралниот секс
Сè додека се чувствувате удобно, сите секс пози ви се дозволени. Но, како што напредува вашата бременост, така ќе треба да бидете поинвентивни, бидејќи вашето тело видливо се менува.
Наместо тој да биде над вас, поудобно ќе ви биде вие да бидете одгоре. Пробајте да легнете странично или обидете се со кучешката поза. Најважно од сè е да се чувствувате удобно.
Оралниот секс за време на бременоста е безбеден. Но, вашиот партнер треба да биде внимателен да не вдува воздух во вагината. Тоа може да доведе до блокирање на крвните садови во вагината. Иако ова е ретка појава, треба исклучително да внимавате. Тоа е опасно како за мајката, така и за бебето.

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот ananikol)
Непосредна врска до пораките: 59
   RE: Секс за време на бременоста
15.1.2010 1:05:48   
MACKITA
Hormonite mene mi se zbeznati!!!! Od edna strana sakam sex a od druga nekako se plasam za bebeto zatoa sto imav krvarenje pred 2 nedeli no sega sum okuser posted image

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 60
   RE: Секс за време на бременоста
15.1.2010 8:21:14   
arh_diz
mackita dokolku si imala krvarenje podobro e da se odmoris malku od seks. Ili porazgovaraj so tvojot ginekolog toj najdobro znae dali treba da imas ili ne

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот MACKITA)
Непосредна врска до пораките: 61
   RE: Секс за време на бременоста
15.1.2010 8:22:12   
profesorica
ар_диз јас реков нешто ќе ни се пофалишuser posted image

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 62
   RE: Секс за време на бременоста
15.1.2010 8:25:07   
arh_diz
Ne strav mi e . Da me dopre mm so raka mi e strav a ne seks .

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 63
   RE: Секс за време на бременоста
15.1.2010 8:27:45   
profesorica
арх_диз а си разговарала со гинекологот за ова? знам од што ти е страв, ехеее и јас колку сум с еплашела и паничар сум, па те разбирам.

а која недела си веќе.има 2 месеца нели???


_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 64
   RE: Секс за време на бременоста
15.1.2010 8:29:03   
arh_diz
skoro 8 nedela sum . Seuste nemam razgovarano. Iskreno nemam zelba za seks ima cesto nagoni z apovrakanje mi se losi do toa ne mi doslo:). Ama na mm user posted image user posted image user posted image

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 65
   RE: Секс за време на бременоста
15.1.2010 8:33:28   
profesorica
рано е ако ти е толку страв чекај си да биде се во ред после 15-16 недела па потоа разговарај со гинекологот.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 66
   RE: Секс за време на бременоста
15.1.2010 14:01:27   
alex_mo
  Пред некој ден гледаме филм и на него се нервира жената,мажот не и се доближил веке 3 дена,а мм на тоа блазе си им 3 денаааааааа ееееее,а што беше тоа,како изгледа.Многу ми е жал за него ама немам желба и неугоден ми е сексот,како мачење,а  плус и секретот што го имам постојано ми прави проблем.

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 67
   RE: Секс за време на бременоста
19.1.2010 1:55:50   
MACKITA
да трба да разговарам со гинекологот ама ми реце да одам на крајот на 12 недела а до тогас ми се гледа многу време user posted image има усте скоро 3 недели.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 68
   RE: Секс за време на бременоста
19.1.2010 14:43:01   
arh_diz
Mackita momentalno e najvazno da bide super se so bebeto . Ne mnogu dolg period ke izdrzis jas sum podgotvena ako ginekologot kaze da nemam cela bremenost . Posle toa ke nadoknadimeuser posted image user posted image

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот MACKITA)
Непосредна врска до пораките: 69
   RE: Секс за време на бременоста
19.1.2010 22:28:43   
Палешка РР
Ете и јас бев со забранети сексуални односи во бременоста..па помина. Сега чекам да поминат 40 дена, хахаха...user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 70
   RE: Секс за време на бременоста
20.1.2010 7:48:46   
BILE.F
Ех, колку ми недостига опуштената атмосфера, ама што се мора се мора, се за здравјето на бебушот во мене!Јас апстинирам 1месец и ќе чекам уште 4мес.
Да биде добро бебчето , па после ќе надокнадиме!

Така ли, мои рингерајки?

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 71
   RE: Секс за време на бременоста
25.1.2010 19:36:40   
Мачиња
Едно прашање. А дали практикувате секс со кондом или без него? Гинекологот рече дека е препорачливо со кондом за да се избегне можноста од инфицирање. Ама од без кондом да се префрлиш со кондом ти е како од голо да се префрлаш на кондом user posted image user posted image   не  е баш интересно...

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 72
   RE: Секс за време на бременоста
25.1.2010 22:38:40   
alex_mo
    Е ова прв пат го слушам..ако имал некој такво искуство нека пише.Јас знам дека др или дозволува нормални активности или не........
П.С    После месец и повеќе денес се случи нешто и беше супер-колку што може да биде во оваа состојба...може ке биде и последно...се до наредните месец-дваuser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Мачиња)
Непосредна врска до пораките: 73
   RE: Секс за време на бременоста
24.2.2010 17:05:25   
suzeto
jas imav rizicna bremenost i nesmeev ustvari i nemozev ne samo sto nesmeev bolki imav non-stop i 9 meseci pauza i posle poroduvajne ne mozis i se stori godinauser posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот alex_mo)
Непосредна врска до пораките: 74
   RE: Секс за време на бременоста
25.2.2010 13:42:12   
alexandra
Во првата бремености имавме секс само не толку често а сега со вторава можеби дека сум на почеток уште не можам никако да се опуштам, можеби треба да помине време а не ми е забрането од доктор значи се си е во ред.Се надевам дека ке се опуштамuser posted image  

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 75
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3] 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?