LoveableMe RR
		   
		
		   
		  
		   
		 | 
	  
		
		
		 ИЗВОРНА ПОРАКА:  bambina34   ...vie so imavte neuspesni invitra , pravevte li nekoi dopolnitelni  ispituvanja ?       Бамбина34, потполно те разбирам што прашуваш дали треба дополнителни испитувања, еве еден мој стар пост повторно ќе го ставам заради тебе и сите рингерајки за тоа што обично даваат да се испитува, но пак ќе речам докторот обично врз основа на документацијата за двата партнера одредува што и дали ќе се испитува.   ИЗВОРНА ПОРАКА:  LoveableMe RR      .....препорачуваат да се направи следното, со упат од матичен гинеколог:   - Генетска анализа за тромбофилија (за двајцата, преку крв, 1200 ден.)   - Анализа на ANA, AFA и ASA (за мене, преку крв 700 ден)   - HLA типизација  за двајцата (3000 ден)   сите овие во Институтот за имунобиологија и хумана генетика на Клиника - Скопје      - Микроделеција на Y хромозом (за сопругот во МАНУ, тоа било посебно испитување зошто не дошло до добра имплантација, со упат од матичен, преку крв, цената е 400-500 ден. ......       Само мора да сме објективни, јас како тебе исто реагирав и да ти кажам дека во право се докториве, не бива кај сите ИВФ од прва, мора да се обидува човек, а многу често со овие испитувања нема ништо значајно што се открива, а кај тие што има, се прима аспирин или клексан и Б-комплекс. Сега гледам на сите даваат аспирини и клексани, така што и да немаш испитано ништо од ова што наведов, со терапијава клексан или аспирин и Б-комплекс си покриена.       Ако сакаш, можеш да ги направиш овие испитувања, да знаеш за резултати се чека по неколку месеци и потоа оди на трансфер со смрзнати ако сакаш. А тоа со смрзнатите дека не мораш да се изложуваш на терапија за следните обиди и тоа е во право, но во секој случај што ќе решиш одлуката е твоја, позз 
			
			
  < Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 29.7.2015 11:01:50  >					
			
			 
  _____________________________
  Обиди: 5,5 години   2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати   Верувај во чуда! 
				  	
		  
		  
		  
		 |