Octavia
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom Уф, како да ме утешивте малку Ама вашите ангелчиња стартуваа со помала родилна тежина, а овој се роди 3600, дури цицаше само качуваше супер на килажа, од кога почнавме со дохрана, се помалку и помалку става Битно е да се здрави...па сега не можат сите да бидат полнички Ама какво тешење, супер си е детето (пу, пу, пу ). Да цитирам една лекарка „Нас ни е важно децата да се здрави, а не дебели. Не значи дека дебелото бебе е здраво бебе. И нема натпревар чие бебе побрзо ќе се здебели“ (Вака ме искара мене кога се секирав дали добро напредуваме). Бебињата просечно на 12 месеци се околу 10 кг (кило погоре или подолу). Моето прво бебе се роди 4 кг и 300, си напредуваше нормално и на првиот роденден бевме накај 11 кг, сосема доволно. Потоа, активното бебе, кое прета, лази, се тркала и сл. троши повеќе. Секој си има свој став, ама јас не се радувам на дебело дете, поучена од случаи од околината. Слатки се кога се бебиња и буциња, ама набрзо тоа може да стане проблем, на другарка малото од 3-4 години се ја караат на лекар дека треба на диета да биде, а тоа па плаче дека сака да јаде . И никако да се средат. И кога јас се радував дека ставил некое грамче мојот, таа се радуваше ако успее да ослаби малку нејзиниот. Според мене, најважно е да е здраво и витално бебето, активно, да сака да претка, да истражува наоколу ...
|