|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Шарлах кај детето
4.5.2009 19:55:54   
Еца
Скарлатината ( шарлах ) е инфективна болест од групата на исипни трески предизвикана од пиоген стрептокок од групата А. Се манифестира со ангина, карактеристичен исип, перутање и појава на компликации.
Инкубацијата е 2 до 5 дена.
Извор на инфекција се болни и клицоносители
Патишта на ширење: аерокапков ( преку Флигелови капки ), директен и индиректен контакт
Влезна врата на инфекцијата: Слузница на горните респираторни патишта, тонзили а поретко повреди на кожа
Клиничка слика: Поминува низ 4 стадиуми: Инвазивен, исипен, празен и стадиум на рековалесценција
Инвазивен стадиум се карактеризира со:висока температура, болки во грлото, хиперемично ( зацрвенето ) грло, повраќање, зголемени тонзили со гнојни чепови
Исипен стадиум се одликува со појава на исип кој избива брзо. Го има по цело тело, освен по лице, космат дел на глава, дланки и табани.
Јазикот е обложен по средина а врвот и ивиците се слободни. После неколку дена наслагите исчезнуваат и јазикот останува малинаст.
После настанува празниот стадиум : нема никакви знаци освен тахикардија.
Во стадиумот на перутање кожата се перута, таму каде што имало исип.
Компликации: Бактериски, токсични, токсоалергиски.

НокескаМартина имаше температура,а вчера пред спиење приметив дека е исипана,па со оглед на тоа дека сме проблематични со алергија си помислив дека е нешто алергиско,но денес,всушност преку брис и крвта утврдија дека се работи за шарлахuser posted image user posted image user posted image Толку сум исплашена што не може да бидеuser posted image


< Поракaта ја уредил Elena -- 5.5.2009 9:00:29 >


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Шарлах
4.5.2009 20:12:16   
mis.
Елена на инфективно ли бевте?Овие дијагнозите ме плашат.Сигурни сте во дијагнозата?Освен исипот и т како може да се каже дека се работи за шарлах?Кои параметри во крвта се променети?Од каде и земаа брис?Како е сега?Се стабилизира ли?Гревче леле како бе така... немојте да се тревожите ќе помине како на куче.Бакни ја малата и побргу да оздравите.user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Шарлах
4.5.2009 20:17:14   
Еца
Прво кај матичната,и го виде грлото и вика ангина,потоа штом го виде исипот по телото(мешето,грбчето,препоните)веднаш рече дека сумња на шарлах,не испрати ни земаа крв и се видоа покачени леукоцити и усте еден параметар преку кој утврдија дека е бактериско,веднаш на инфективно и таму само потврдија и ни дадоа терапија,во среда сме на контрола,ако е добра добро,ако не ке не хоспитализираатuser posted image леле Боже ваљда ке биде добра да не лежиме во болницаuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Шарлах
4.5.2009 20:35:19   
mis.
Леле еленче па ти си бременаuser posted image Чувај се.Што рекоа за тебе?Од каде па такво нешто кај Мартина?Не сакам да те плашам и јас не сум информирана па за тоа прашувам убаво е да сме информирани ние мајките посебно ако децата ни одат во градинка.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Шарлах кај детето
5.5.2009 9:03:10   
Еца
Да Мис опасно е за мене,веднаш се јавив на гинекологот и тој само ми рече,абе Еленче,па тоа најмалку ни требаше сега во моментот.Кога ке помине се ке дојдеш ке правиме дополнителни испитувања.Што и како ке ви пишам се.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Шарлах кај детето
8.5.2009 15:17:02   
Еца
Еве само што се вративме од болница,крвва и мокрачата се добри,значи резултатите се подобри,но она што ме исплаши е фактот дека очигледно шарлахот се шири,а не знаеме во која мера,бидејќи додека чекавме резултати дојде уште една мамичка со 5 год девоче кое оди во градинка и кое од вчера и се пожалило на грлото,не можело да голта,и се појавил осип по телото(баш мајката ми го покажа истиот беше и кај Мартина) и има температура. Докторката и рекла дека се сомнева на шарлах,но ги чекаа резултатите,кои го потврдија тоа.

Затоа ги предупредувам сите мамички,доколку децата им се пожалат на болки во грлото,имаат температура и осип по телото веднаш нека се јават кај својот педијатар,зошто болеста е опасна доколку не се открие на време!


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Шарлах кај детето
13.5.2009 21:43:41   
Еца
Го прележавме шарлахот,уште утре имаме сируп и по 10 дена одиме да и земат брис од носе и грло,да провериме да не е сеуште тука бактеријата,прстињата на рацете и се излупиа,тоа е нормално кај шарлахот,онака е се добро и крв и мокрача...но она што мене ме плаши е беболината во стомакотuser posted image утре одам на гинеколог и да видиме што се ќе треба да направам од испитувања за да видиме дали ќе има некој проблем,ме фаќа страв,зошто бактеријата не е опасна за возрасни,но за бремени е опасна,т.е.за плодотuser posted image стискајте ми палци жени,утре ќе ви јавам како сум поминала и што информации сум добилаuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Шарлах кај детето
25.5.2009 15:32:32   
mami
Еленче абе не ни пиша- како е беболината? стигнаа резултатите?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Шарлах кај детето
25.5.2009 15:35:55   
Еца
Не, ништо, уште не ми земале крв, немаа регенси за испитување, од среда здравје. Инаку од трансфузиологија резултатите се одлични, но постелката не е добра и треба многу да одмарам.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Шарлах кај детето
26.5.2009 18:17:05   
Палешка РР
Елена, мислам дека не треба да се грижиш. Колку што имам читано, шарлахот е опасен по плодот само во првите месеци на бременоста, додека плодот се развива. Ти си осми месец, нели?

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Шарлах кај детето
12.6.2009 16:02:13   
Еца
Лиде што направивте вие, нели се сомневаа за малата дека има шарлах, како е ситуација?

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Шарлах кај детето
12.6.2009 16:10:49   
natasha
dali znaci toa deka utre mozebi nema da se vidime?bas mi e zal eli so sega tise slucuvaat ovie raboti?od kaj pak go fatila?vi posakuvam pobrzo ozdravuvanje

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Шарлах кај детето
12.6.2009 16:21:42   
lide78
добра е,не ги имавме сите симптоми и многу ме збунија,значи усте не сме на чисто шарлах беше или не,но бактеријата е таа.Јоана е супер сега,но во понеделник пак ке правиме брис и затоа не сакам да биде во контакт со деца додека да добиеме нег. резултат

_____________________________

Колку убав ден!

(Одговор на членот natasha)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Шарлах кај детето
14.11.2009 15:47:39   
Еца
еве каков и беше јазикот, баш ваков.Како малина.user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот lide78)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Шарлах кај детето
14.11.2009 15:48:41   
Еца
а ваков беше исипот
user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Шарлах кај детето
4.1.2010 0:03:35   
ripce
Нелекуван шарлах ги оштетува органите

Сите бактерии и вируси можат да предизвикаат алергични манифестации. Најчест е шарлахот (скарлатина), кожна алергична реакција предизвикана од стрептокок. Оваа алергична реакција е алармантна и укажува дека можат да се појават натамошни оштетувања на другите органи. Бактеријата менингокок, која предизвикува менингитис, може да предизвикува алергична манифестација по кожата со многу ситен исип како глава од шпенадла, кој треба да се препознае бидејќи е знак дека детето има менингококна сепса. Таа бара посебен третман за да се спаси пациентот. Секоја инфекција на горните дишни органи (воспаление на крајници, синуси, заби и на уши) може да предизвика кожна алергична манифестација во вид на уртикарија.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Шарлах кај детето
1.3.2010 21:03:20   
April
via Time.mk

Заразниот шарлах во скопските градинки и училишта.Од стрептококна бактерија се заразија 26 деца.

Информацијата на канал 5 ја потврди центарот за јавно здравје и здравствената инспекција.Во ,,Росица,, ,,Изворче,, и градинката ,,Живко Брајковски,, има потврдени четири деца –останатите се од основните училишта ,,Димохаџидимов,,,Љубен Лапе,Вера Јоциќ ,Крсте Мисирков ,,,Барјам Шабани,, и во средно училиште ,, Васил Антевски Дрен,, ..Дел од децата се веќе излекувани дел се на антибиотска терапија .Заразниот шарлах брзо се пренесува од дете на дете но засега нема простор за прогласување на епидемија
Се пренесува дирекно и индирекно ,дирекно од дете на дет со кивање и кашлање а индирекно преку работните средини вели др лилјана лазаревска началник во центарот за јавно здравје скопје
Во градинката росица денеска беше здравствената инспекција .Дезинфицирана е целата градинка земни се брисеви од децата кој биле во непосреден контакт со заразените..
Досега центарот за јавно здравје анализираше 160 бактериолошки брисеви ,130 се готови и од нив седум позитивни ..На предучилишни и училишни установи им се препорачани строги мерки за заштита на останатите деца..
Наложена е дезинфекција на сите установи ,подигнување на хигиенските мерки,проветрување и мерки за спиење на децата во градинките изјави др Лилјана Лазаревска.
Секојдневно се води евиденција за евентуално новозаразени од шарлах ,се врши секојдневна дезинфекција со наредба до градинките играчките кој не може да се дезинфицираат да се отстранат од употреба ..

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Шарлах кај детето
1.3.2010 21:42:27   
Mila na mama
Нема место за паника. Вообичаено шарлахот се појавува во ова време од годината. Теши фактот што бројот на заболени годинава е помал од оној во минатата, а годинава и заради свинскиот грип повисоко е нивото на хигиена во образовните институции па би рекла и свеста за лична хигиена.

_____________________________

love u all

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Шарлах кај детето
2.3.2010 10:54:37   
big_mama817
се сложувам со мила на мама и јас сметам дека нивото поради свинскиот грип е на повисоко ниво

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Шарлах кај детето
3.3.2010 13:32:15   
vesna_kr
Леле мамички тука ми сте за се!!!
Мила од вчера, завчера почна да кашла и црвено грло.МАж ми ја однесе на лекар, матичната рекла црвено грло и ни даде Амоксицилин сируп.
А јас појам немав до денесдека има шарлах по градинкиве.И сега ме плаши, да не има и Мила.Нема никакви други симптоми освен што кашла и црвено грло и шлајм по малку плука.
Сабајле пред да идам на раб и измерив т.37 имаше.

Дајте ми совет Ве моламмм!!!
Да ја носам ли на испитување, бриз крв...
Поздрав!!

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Шарлах кај детето
3.3.2010 13:45:05   
big_mama817
па весна мое мислење е дека најдобро направи и анализа за и ти да бидеш посигурна и помирна а осип по телото има лиuser posted image

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот vesna_kr)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Шарлах кај детето
3.3.2010 14:27:59   
profesorica
а ние требаше да почнеме да го даваме Дамјан во Росица- вчера кога видовме леле..

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Шарлах кај детето
3.3.2010 14:32:57   
April
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

а ние требаше да почнеме да го даваме Дамјан во Росица- вчера кога видовме леле..


проф., уживај...убава е градинката во Хром...претеруваат новинариве...а во Ѓорче, спроти основното Мирче Ацев???

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Шарлах кај детето
3.3.2010 14:37:17   
big_mama817
и јас и брат ми израснавме во таа градинка

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот April)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Шарлах кај детето
3.3.2010 14:41:47   
natasha
aman veke....da pocneme decava da gi cuvame vo stakleno zvono....Luka samo sto trgna vo gradinka,eve veke 3ti den odi..inaku toj odi vo gradinkta vo Butel1 gledam deka e posocena Zivko Brajkovski,samo sto toa e osnovnoto uciliste koe se napga vo blizina nagradinkata,a gradinkata se vika 11Oktomvri,sega ke odam po Luka i ke prasam dali navistina ima kaj nas sarlah

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?