Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
RE: Вракање на работа после породилно 29.9.2009 13:38:30
Iva
Мислам дека темава е створена за мене. Значи од пред две недели повторно се вратив на работа после породилно и да ви кажам, можеби ќе звучам неубаво, ама се чувствувам одлично. Се осеќам некако живо, активно, како да сум се вратила во нормала. Можеби затоа што знам дека Тео е во сигурни раце на мајка ми. Михајло го оставив дома и се вратив на работа кога тој имаше 5 месеци, мајка ми и татко ми исто така го чуваа, дури мислам и дека подобро од мене. Имам целосна доверба во моите родители и сега за Тео кој утре полни 8 месеци. Така да немам никакви грижи, одам на работа опуштена и целосно посветена на работата.
RE: Вракање на работа после породилно 29.9.2009 14:54:36
profesorica
Јас не добив породилно фирмата во која работев отиде под стечај и го изгубив породилното.Но сега откако најдов нова работа 13 месеци по породувањето баш и не мислам на тоа! што било поминало и среќна сум и исполнета што работам и допринесувам за подобар живот на моето семејство.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Вракање на работа после породилно 29.9.2009 15:18:58
Iva
Мами, да ти кажам иако сеуште официјало се водам на трудничко, почнав пробно да работам во друга фирма, таман кога ке ми заврши трудничкото на 11.10. ке се одлучам дали ќе останувам во старата или ќе продолжам во новата. Добро кога имам избор.
RE: Вракање на работа после породилно 8.10.2009 15:51:10
mami
Ива, знам дека ке го одбереш она што најмногу ти одговара... јас не работев пред да останам трудна така да незнам како изгледа тоа враќање на работа здравје за следното ке ви кажам
RE: Вракање на работа после породилно 21.1.2010 10:39:51
mother 29
ИЗВОРНА ПОРАКА: bojanas
Следниот месец се враќам на работа и искрено ме фаќа блага паника. Што ќе биде на работа, како ќе се снајдам со две деца, дали жената добро ќе ја чува Ана, дали ќе има кој да го земе Лука од градинка, кога ќе стигнам да направам ручек, кога ќе стигнам да испеглам, ????? И илјадници други прашања ми се во главата. Како се справивте со Вашиот come back на работа?
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
isto kako tebe so milion prasanja,ama po nedela dena si legnaa rabotite, sve na svoe mesto! taka da od iskustvo ti kazuvam...ne se sekiraj,se ke ispadne kako po plan
RE: Вракање на работа после породилно 21.1.2010 10:42:27
profesorica
Јас кога почнав со работа веќе сум пишала Дамјан имаше 13 месеци, и бидејќи уште беше лето и одмори и така с епогоди прво беше на одмор мајка ми па го чуваше Дамјан па после свекрва ми беше цел месец на одмор и она го чуваше и некако не осетив.а он не ме ни бараше и ден денес неме речца кога ќе дојдам од работа ич гајле нема.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
RE: Вракање на работа после породилно 21.1.2010 10:51:40
mami
Бојанас не се секирај, јас го оставив кога имаше 4 месеци, сите други обврски околу куката си ги средував кога ке имав време. Не се замарај со ништо, ке видиш како за недела две ке си влезеш во колосек и ке си направиш една добра шема за функционирање
RE: Вракање на работа после породилно 6.5.2010 11:24:56
pacuvce
Драги мои,еве и мене денес,ама од денес со нова локација... Прв ден на работа,после девет месеци седење дома...И да ви кажам,супер ми е...Прво кафе наутро со колегите,милион прашања за бебушот и сл.Со еден збор: I am very happy today...
RE: Вракање на работа после породилно 28.7.2010 9:36:19
anedespo
Е мене вака ми беше првиот работен ден. Дојдов се испоздравив со сите , шефот ме викна и ми кажа дека ќе ме отпушта зашто мојата замена премногу се инфилтрирала длабоко (без соодветно образование, искуство и непознавање на работата) , сакаа да отпуштат човек со 6 годишно искуство, зашто во меѓувреме се сменил генералниот директор кој е во многу блиски односи со татко и кој исто така работи тука. И така. Меѓутоа во соработка со адвокат, ми кажаа дека законот ме штити, покажав една цврстина и одлучност дека ќе ја терам работата докрај, меѓутоа не со карања и закани туку на културен начин. И еве ме уште 2 години после тоа сум тука. Иако цело време барам друга работа, зашто не можам да ги гледам сите тие лицемери тука откако дознав кој се е замешан. А беа многу , зашто сите се плашеа од мене како најквалификувана. Замислете во фирма каде управата ја чинат 20 луѓе само 2 знаат да работат извештаи меѓу кои и јас. За јазици и диплома и да не зборам.
RE: Вракање на работа после породилно 14.9.2010 22:13:47
Medo
ИЗВОРНА ПОРАКА: Iva
Мислам дека темава е створена за мене. Значи од пред две недели повторно се вратив на работа после породилно и да ви кажам, можеби ќе звучам неубаво, ама се чувствувам одлично. Се осеќам некако живо, активно, како да сум се вратила во нормала. Можеби затоа што знам дека Тео е во сигурни раце на мајка ми.
Исто и јас Ива. Со тоа што вчера кога имав премногу работа, најдов време да ме фати носталгија за седење дома (прв пат во овие 2 недели). Ама не бива и без тоа, нели?
RE: Вракање на работа после породилно 15.9.2010 8:58:49
vesna1
I jas trgnav na rabota i mnogu se razocarav. napravile nova sistematizacija, si se naredile a mene na porodilno koj me sisa. Me frlile na drugo rabotno mesto so drugi luge da izigruvam mlada nevesta i sto e najstrasno od seto toa tie sto se dojdeni na moe mesto pojma nemaat od rabotata pa sekojdnevno ja rabotam i nivnata rabota i im objasnuvam. Ne mi e jasno kako moze posle 12 godini rabota inzinjer so iskustvo da te premestat i stavat pilistari na tvoe mesto. Taka mi e koga ragam na stari godini(35). Inace mi fali sedenjeto doma mislam deka idealno bi bilo koga bi mozela da rabotam po 5 saati kolku da izlezam od doma i pak da si se vratam na bebuska. Mislam deka porodilnoto mi bese najubav period. Sega moram da plakam zena da ja cuva i kojznae kako ja cuva.
RE: Вракање на работа после породилно 15.9.2010 10:01:09
blue_blue
Весна,
Не се разочарувај! Не им го приуштувај тоа задоволство на оние кои мислат дека требало да те уназадат само затоа што си родила дете! Работи си тоа што ти дале, другите што не знаат да работат нека се снаоѓаат исто онака како што се саноѓале пред да се вратиш и во секоја прилика кога ќе можеш збори дека сакаш да работиш нешто попаметно т.е. дека они не те користат доволно. Ќе дојдат и твоите 5 минути!
Јас се вратив на работа кога децава имаа 6 месеци. Сменив работа сосема, од една работа (во невладин сектор кај што работев 7 ипол години со сите удобности) отидов во голема приватна компанија, на моја иницијатива зошто ми беше доста веќе од тоа невладините претурања од шупље у празно и од тресење дали ќе ти го продложат договорот или ќе го затвораат проектот....Ми беше многу тешко на почетокот, никого не знаев, сите у гужва, нема кој да ми покаже ништо, никој не ми праи муабет....сакав да си одам, макар и дома да седам, само тука да не работам...ама ете се средија работите сега, после година ипол ми е ОК. Добив сосема нови задолженија кои повеќе ги сакам, со колегите ми е ОК...Едино и јас како тебе сакам да работам поламку саати, ме убива ова темпо, нјарано што доаѓам дома е 5 саат, а многу често ме фаќа и 6...
ИЗВОРНА ПОРАКА: vesna1
I jas trgnav na rabota i mnogu se razocarav. napravile nova sistematizacija, si se naredile a mene na porodilno koj me sisa. Me frlile na drugo rabotno mesto so drugi luge da izigruvam mlada nevesta i sto e najstrasno od seto toa tie sto se dojdeni na moe mesto pojma nemaat od rabotata pa sekojdnevno ja rabotam i nivnata rabota i im objasnuvam. Ne mi e jasno kako moze posle 12 godini rabota inzinjer so iskustvo da te premestat i stavat pilistari na tvoe mesto. Taka mi e koga ragam na stari godini(35). Inace mi fali sedenjeto doma mislam deka idealno bi bilo koga bi mozela da rabotam po 5 saati kolku da izlezam od doma i pak da si se vratam na bebuska. Mislam deka porodilnoto mi bese najubav period. Sega moram da plakam zena da ja cuva i kojznae kako ja cuva.
RE: Вракање на работа после породилно 15.9.2010 11:08:57
mama26
vesna ke pomine i toa.ubavo e koga nekoj so iskustvo im pomaga na mladinata [ neli na niv svetot ostanuva] jas koga bev ucenicka ednata gazdarica sakase samo kosi da mijam.jas nesakav da ostanam na toa .i koga najdov druga gazdarica me nauci za sve sto denes rabotam.mnogu sum i blagodarna i i sekogas ja posetuvam [ za razlika kaj drugava nejkam da ja vidam] posle mene imase uste nekoe devojce ama mnoooogu pokratko i rabotea i sega e sama znam ti e tesko ama jas bi bila gorda ako spodelam so lugeto sve sto znam.nemam problem za toa.ne si sluginka tuku kako profesorka... bidi gorda sto drugite go prifakaat tvoeto znaenje..a za pomalku saati ti si znaes sefot tamu probaj vidi...pozzz
_____________________________
СЕ ШТО Е МОЕ КЕ СИ ДОЈДЕ ,А АКО НЕ СИ ДОЈДЕ КЕ СИ ГО ЗЕМАМ САМА.
RE: Вракање на работа после породилно 22.11.2010 22:13:34
AnnaMolly RR
Мене денес ми се јавија од работа да ме викнат ако можам порано да се вратам. Да работам по 4-5 часа дневно, два-три пати неделно. Не ми е целта да се фалам, ама не можат без мене да постигнат.
Е, сега... Филип има 5 и пол месеци и е на адаптирано млеко и дохрана, значи за хранење не е проблем. Ќе го чуваат свеки и мајка ми на смени, па и чувањето не е проблем. Многу е приврзан со мене, па од една страна мислам дека и подобро ако порано почнам за да се навикне без мене. Од друга страна па мислам да не е многу мал?
Искривените заби кај децата и кај возрасните се честа појава која може...
Анкета
Дали ви се менструации болни? пеперутка16
Во последно време имам толку болни периоди што дури и се онесвестувам..итно е, ми дава инекција и толку..А сега кога стареам како што стареам. Имам 29 години, уште не сум се породила итн.