Snowhite RR
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite Мене педијатарот ми рече да не го ставам скроз на рамно, туку на перниче заради дишењето. Плус носи широк повој и таму каде што се пелените, иди како повисоко, а главата пропадната наназад, а плус и повраќа често, ако поврати да не го видам, ако е на рамно ќе му се врати назад и може да се засркне, затоа не е убаво скроз на рамно да лежат. Е сега ако не сакаш перниче, тогаш под јогата од креветчето, од страната каде што му е главчето стави некое старо ќебе или нешто слично, за тој дел да биде поткренат за околу 30 степени Јас така и имам ставено под јогата кебе, за да биде поткренат делот кај што спие, ама ајде кажете ми до која возраст би требало да стои така. Зошто ја ставам да спие, нормално, во средината на креветчето, а по 15 минути да ја проверам, таа се слизнала долу, некогаш дури и попречно си се врти и од едниот крај до другиот легната, а ножињата дури и извадени од оградичката и се (од што не ја собира). Па си мислам може ако спие на рамно помалку ќе се слизга надолу. Дури сега прочитав, па мислам ова важи во периодот кога се ептен мали бебиња, кога се уште повраќаат и додека носат широк повој и се додека спијат мирно, како ќе ги ставиш така ги наожаш, а после веќе нема логика и да ги ставиш така, тие се вртат, кај мене додуша се уште стои ќебето, сум заборавила да го извадам, добро што ме потсети утре да го извадам, оти и Михаил секогаш се слизга надолу
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
|