|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Clexane-инекции за време на бременост
10.8.2009 13:10:25   
Sara
Мислам дека оваа тема ја нема па сакав да споделам искуство со вас. Имено некаде во 28-30 недела правев испитувања на трансфузиологија, испитував фактори на хемостаза, д-димери и афа и резултатите ми беа на граница ОК, но бидејќи имав крварење од постелката и предвремено зреење ми препишаа инекции Клексан. Мојот д-р и неколку трансфузиолози со кои се консултирав ми кажаа дека не се опасни за плодот, дека не ја поминуваат постелката туку само го забрзуваат протокот на крв низ постелката.
Сега во 35 недела д-димерите ми беа рипнати и ми ја зголемија дупло дозата на инекции Клексан од 20 на 40 мл, и повторно на контрола да одам за 10 дена. Дијагнозата е хипертромбоза.
Е сега малце ме уплаши мојот гинеколог дека со овие инекции бременоста ми станува ризична ама по мојот живот не за бебето, и некаде на интернет прочитав дека треба да се прекинат инекциите пред пораѓај бидејќи предизивикуваат обилно крварење и не смее да се користи анестезија.
Од друга страна трансфузиологот и мојот д-р ми рекоа да не ги прекинувам дури и после пораѓај да ги примам за заштита.
Има ли некој со слично искуство што ги примала или сеуште ги прима инекциите и некакви сознанија дали имаат последици како ризичен пораѓај и слично?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
23.9.2009 16:26:57   
arh_diz
Narednata nedela doagam vo Skopje . No seuste sum na Clexane 0 8  dali moze nekoj da mi kaze dali  se prodavaat ovie inekcii vo Skopje bez recepta . Za da ne nosam strav mi e na granica.

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
25.9.2009 18:39:22   
Sara
Јас земав од иста аптека цело време и веќе ме знаеја и ми даваа без рецепта, ама тебе секако ти ја враќаат рецептата кога ги купуваш така да би требало да може.
Инаку незнам од каде имаш купувано претходно но во Скопје тешко се наоѓаат овие инекции, јас ги купував од аптекта во Црниче се вика Биофит, би ти предложила да одиш таму сигурно ќе најдеш а и вработените се фини нема да ти прават проблем за рецепт.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
26.9.2009 17:54:48   
arh_diz
Blagodaram Sara. Jas gi  nemam kupuvano vo Skopje . Mozes li da mi dades telefon od aptekata , da ne te macam da mi opisuvas kade se naoga

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
27.9.2009 15:34:52   
Sara
Повели телефон 02/2735-010

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
27.9.2009 17:21:46   
arh_diz
Fala ti Sara .

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
3.11.2009 15:11:18   
Medo
Здраво,

И јас ги примам истите инекции и тоа 0,40 секој ден. Ги има во Зегин и мене не ми побараа рецепт кога ги купував. Ги купив во Зегин - Бунњаковец. Имам уште 6 дена за боцкање, па потоа ќе правам контрола на трансфузиологија. Се надевам дека д-димерите ке ми бидат намалени. Инаку ми беа 1780 user posted image , а се останато бесе во ред. И кај мене е истиот случај - крварење на постелката. Во 34 недела сум.
Поздрав, и се надевам дека нема многу да не боцкаат т.е. дека проблемот ќе се среди.

Инаку многу важна информација: се рефундираат 80% од средствата дадени за купување Клексан, така што чувајте си сметкопотврди и фискални, наоди од трансфузиологија и рецепти дека ви е преписан лекот.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
3.11.2009 15:59:37   
arh_diz
Jas veke peti mesec primam 08 i nisto ne mi se refundira zatoa sto ne sum bremena i mozev da zemam terapija so lekovi koja e poevtina i koja se refundira. Odnosno edna inekcija kleksan od 08 e kako apcinjata za cel mesec

(Одговор на членот Medo)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
3.11.2009 16:28:06   
Medo
Знам дека откога ќе ги завршиш како терапија, треба во Фонд за здравство да поднесе документи (не знам што се точно треба, ама најдобро е да се праша таму). Е сега, дали постои разграничување за трудници и оние што не сем не знам, ама секако на сајтот на Фондот видов во официјален документ дека Клексанот спаѓа во лекови сто паѓаат на товар на Фондот. Провери уште еднаш - не се откажувај.

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
10.11.2009 20:30:57   
Medo
Ми ги продолжија клексан инекциите user posted image
Уште 10 дена боцкање...

(Одговор на членот Medo)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
11.11.2009 0:02:57   
garfild
И јас имам искуство со Клексан,имено во Април месец,во 38-та недела ДД-мерите ми беа многу качени,3340 ми беа,а три недели пред тоа ми беа сосема нормални.Ми препишаа 10 инекции Клексан,ги купив на рецепта во аптека Виола во Буњаковец околу 3300 ден.Примив 7 инекции и бидејќи ми се ближеше терминот за породување,гинекологот ме прати повторно да ги проверам ДД-мерите,и тогаш беа околу 150,сосема нормални,и трансфузиологот ми реча да ги прекинам инекциите и да се подготвувам за породување.Да не се симнеа ДД-мерите требаше да ме породуваат на закажано со царски рез,ама вака веќе можеше да се чека спонтано да дојде денот на породувањето.40 дена по породувањето повторно бев да ги проверам ДД-мерите,и беа во ред.Инаку во врска со рефундирањето,поднесов веднаш кога почнав да ги примам инекциите во Социјално за рефундирање,и дури во Јули ми стигнаа пари околу 2500 денари.Така да обавезно чувајте си ги рецептите,фискалните за да може да ви ги рефундираат средствата,бидејќи овие инекции се дефицитарни.Инаку ми останаа 3 инекции,кој сака нека пише ќе му ги дадам,уште ги чувам.

(Одговор на членот Medo)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
11.11.2009 11:54:14   
biljana16
dali ovaa bolest ja imavte pred bremenosta ili se sozdade vo tekot na bremenosta. Koi se simptomite? Pozdrav do site.

(Одговор на членот garfild)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
11.11.2009 11:58:46   
arh_diz
Kaj mene se sluci vo tek na bremenosta .A simptomite bea levata noga pomodrena i otecena pokaceni anti-fosfolipidni antitela.Dokolku sakas da doznes dali ima verojatnost da ti se sluci treba da napravis dnk test

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
11.11.2009 12:50:13   
Medo
Кај мене нема никакви видливи симптоми. Јас не ни знаев за оваа работа додека не ме пратија на испитување во 34. недела.

Гарфилд, мене ми требаат инекциите, ама тоа па после повлекува други работи, околу рефундирањето, така што ќе ги купам регуларно. Фала ти во секој случај user posted image

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
11.11.2009 13:03:34   
biljana16
mnogu bi blagodaram za brzite odgovori.pozdrav

(Одговор на членот Medo)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
11.11.2009 14:18:41   
garfild
Кај мене се случи во текот на бременоста и тоа на самиот крај,во 38-та недела,и немаше никакви симптоми,да не ги проверев дд-мерите немаше ни да знам дека се качени,бидејќи немаше никаква промена.Медо ти купи си ги инекциите,ама ако ти затребаат плус слободно пиши ми.

(Одговор на членот biljana16)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
11.11.2009 21:41:36   
Sara
Тоа не е болест туку некоја состојба на организмот, што во текот на бременоста мислам дека е донекаде и нормално, можеби сите да проверат особено при крај на бременост гарант ќе имаат покачени параметри.
Инаку во последно време мислам дека стана популарно ова испитување и инекциите како третман, а според трансфузиолозите покачените АФА, а и димерите се причинители на предвремено пораѓање, спонтани абортуси и слично.
Мене ме испратија поради крварење на постелката, и за живо чудо откако почнав да ги примам по некоја недела ми престана, само штета што тоа го открив тек при крај на 7 месец и затоа ја одлежав цела бременост.

(Одговор на членот garfild)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
13.2.2010 17:40:47   
BILE.F
Многу ми емило што ја најдов темава, конечно!
Инаку јас сум испаничена, д-димерите ми се малку покачени 790, и сега за сега ми препишаа само Аспирин од 100мг. Натаму ќе видиме како ќе се одвиваuser posted image user posted image user posted image .
Со вас ми е полесно, гледам дека има начин да се издржи до крај.


_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот Sara)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
13.2.2010 17:47:15   
Annabel
Биле, која недела си? Мене во 34-та недела ми беа 1553, па не ми дадоа...

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
13.2.2010 17:51:07   
BILE.F
28 недела! Најпрвин ми видоа мало одделување на плацентата, и некои други работи, како оток и разретчување на плацентата, па ме пратија во државна да ги направам испитувањата за хемостаза и д-димери.

_____________________________

Пред да скокнеш, кажи оп!

(Одговор на членот Annabel)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
13.2.2010 17:55:19   
Annabel
Биле, се надевам дека докторот оправдано ти ги дал аспирините.....да, важно е да се прати постелката да не старее....така да не грижи се...само придржувај се на советите.... се ќе биде во ред

(Одговор на членот BILE.F)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
31.3.2010 23:00:12   
mama maca
i jas gi primam tie inekcii velat bile mnogu moderni i skoro site trudnici gi primale.Samo ne mi e jasno za sto tocno se tie.kaj mene,konkretno, nemam problem so placenta nitu so krvarenja. fakrori na hemostaza i dd dimeri se vo red samo plodot (potocno stomacet)zaostanuva so razvoj 2 do 3 ned.se dr e vo red i ima dovolno plodova voda placentata e vo red bila razviena 2 stepen neznam sto im znaci toa.inaku sum 36 nedela i mi dadoa 15 inekcii.neznam dali ke gi primam do kraj mozebi ke se porodam porano.

(Одговор на членот Annabel)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
31.3.2010 23:16:31   
Annabel
Да, тоа се баш модерни инекции...докторите од клиника се многу против нив (освен за оправдани случаеви), а приватните гинеколози ги препишуваат небаре како андоли.

И мене не ми е јасно зошто толку се форсираат...баш би сакала некој да ни објасни каде лежи бизнисот

(Одговор на членот mama maca)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
31.3.2010 23:20:32   
mama maca
I mm veli tuka lezi nekoj biznis.(mene me kostaa 15 inekcii 3850 den) se e dogovor megu doktorive ama so da pravis nie ne sme strucni i ke pravime kako sto ke ni recat.

(Одговор на членот Annabel)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Clexane-инекции за време на бременост
31.3.2010 23:23:20   
Annabel
Да, и мене не сакаше да ми ги даде гинекологот, оти Д-димерите ми беа покачени малку, ама докторот од клиника не ми дозволи да ги примам.

А нели фондот нешто рефундира?

(Одговор на членот mama maca)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Ime za moeto devojce :)
V@NJ@

Izbirame ime za moeto vtoro devojce, prvoto se vika Eva

Jana (32%)

Ema (17%)

Elena (9%)

Una (13%)

Kristina (8%)

Kalina (20%)


Број на сите гласови: 204

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!