Martins mom
|
Глупости од мене колку сакаш и се тоа спонтани, ненамерни, чисто случајни глупости Една од нив е кога отидов на испит малку поднапиена Испитот беше на 7 април, а јас на 6 април вечерта славев роденден, гости до сабајле и онака у топ форма, без спиење, си појдов на испит Испитот беше по техничко цртање, требаше реален машински дел да го претставиме на хартија (од 3D на 2D ), а мене се ми се гледаше дупло...ни линијар, ни шестар, ништо не сум земала, само еден онаков плав, ѕидарски молив сум начекала во ранецот и си цртам и ете ти го професорот иде и ме прашува дали знам што полагам, а јас таква сигурна во себе, па да, знам - техничко цртање И тој ми вели..техничкото цртање се прави со технички молив, а те гледам ти не си во форма колешке, баш ме изненади, те немам видено во вакво издание...ај сега собери си ги реквизитите и дома на спиење Кога се свестив што направив...лелеее И трк утредента в кабинет да се извинам, му објаснив дека славев роденден, се излижав некако Се разбра човекот...ми рече ајде без гајле, ти си солидна студентка...на секој му се случува
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
|