|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Хеликобактер пилори
7.1.2010 1:14:15   
ripce
Инфекцијата со бактеријата хеликобактер пилори е многу честа појава и е распостранета по целиот свет. Со неа се заразени 40 до 50 отсто од популацијата во развиените земји, а 80 до 90 отсто во земјите во развој. Оваа грам негативна бактерија има клучна улога во развојот на сите видови хроничен гастритис, а создава предиспозиција во настанувањето на 80 отсто од чировите на желудникот и повеќе од 95 отсто за чир на дванаесетпрсното црево. Се смета дека го поттикнува создавањето желудочен канцер. Ризикот од развој на рак на желудникот е два до шест пати, а според новите податоци, и 10 пати поголем кај луѓето со инфекција од хелиобактер пилори.


Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Хеликобактер пилори
7.1.2010 1:20:16   
ripce
"Кај нас најчесто применета метода во откривањето на инфекцијата со хеликобактер пилори е преку крвта (серолошка метода) - одредување на нивото на специфични противтела за хелиобактер пилори. Лекувањето се состои од тројна терапија (2 антибиотика и омепразол)".

Пред 2-3 години постојано имав проблем со желудникот, киселини, уште на какви испитувања не отидов, и на крај испадна дека имам хеликобактер пилори. Во тој момент дека имав доста обврски околу школото не се многу заинтересирав да прочитам нешто повеќе околу оваа бактерија, но како што се сеќавам матичната ми кажа дека дека е доста распространета, дури и дека секој човек ја има во одредени граници, и дека најчесто се активира на нервна база (за што верувам дека е можно, пошто јас во тој момент се нервирав многу!). Ми ја дијагностицираа преку крвта, пиев омепразол и 2 антибиотика (кларитромицин и амоксицилин), ми беше забрането да јадам зачинета, лута храна, јадев помалку, а почесто.

< Поракaта ја уредил ripce -- 7.1.2010 1:29:05 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Хеликобактер пилори
7.1.2010 22:25:25   
biljanaM
И јас ја имам оваа бактерија .......ми е страв да отидам на лекар бидејки имам многу болки во желудникот...лекарката ми рече дека тешко се уништува дури и по две години пиење лекарства што е многуу...не сум била да си го снимам желудникот ми е страв....user posted image

_____________________________

Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Хеликобактер пилори
11.11.2010 0:30:35   
vezilka RR
На мајка ми и ја открија оваа бактерија. Ја имала кој зане колку време, а немала некој посебен проблем со желудникот само што постојано чувствуваше глад. И мемаше да отиде на лекар ако не и се појавеше црн измет. Бевме на лекар, морам да го пофалам докторот Наумовски од ординацијата Атикот, кој и даде терапија и веќе после еден месец многу и е подобро. На контрола треба да оди после 6 месеци, бидејќи сега веднаш по завршуваето на терапијата тестот може да не покаже точно. Баш така ни рече, друготе токму тука грешат, контролниот тест го прават веднаш по завршување на терапијата и покажува дека се уште ја има бактеријата..и затоа се мисли дека многу тешко се лечи. Ќе видиме после 6 месеци..

(Одговор на членот biljanaM)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Хеликобактер пилори
13.1.2011 10:19:25   
Maca25
Хеликобактер Пилори (ХП), претставува спирална бактерија во облик на запирка, многу подвижна која според Грам боењето, микробиолошки се бои негативно. ХП е најдена на слузницата на желудникот и е единствена бактерија која може да преживее во многу киселата желудочна средина, со многу малку кислород при температура од 37 степени. Освен во желудникот, откриена е и на слузницата од усната празнина, забните наслаги, плунката, а докажана е и во столицата.

Многу луѓе ХП инфекцијата ја стекнуваат уште од детството. Живеењето во густо населени домови (со повеќе членови), општества во развиени земји со лоши санитетски услови, како и чест контакт со луѓе кои се извор на ХП се меѓу главните ризик фактори за инфекција. Многумина кои се инфицирани во текот на животот не пројавуваат никакви симптоми или знаци, додека од друга страна, дел од нив ке развијат дури и сериозни компликации како последица на инфекцијата.

Начинот на пренос на инфекцијата сеуште не е потполно докажан. Сите досегашни сознанија говорат во прилог дека ХП се пренесува преку директен контакт од инфицирана на здрава индивидуа и тоа најчесто преку плунка (капков пат) или фекални (измет) материи. Патишта на пренос преку вода, животни (кучиња, мачки) сеуште не се потврдени, иако често се мисли дека и тие се едни од начините за пренесување на инфекцијата.

ХП навлегува во организмот преку устата и пристигнува во дигестивниот систем (органи за варење на храна). Желудникот и неговата киселина прават домаќинска околина за многу бактерии, но ХП е посебно адаптирана за таква средина, бидејки самата бактерија продуцира ензим кој низ низа биохемиски процеси креира зона на ниска киселост во која може да опстане.

Најчести симптоми кои се поврзани со ХП инфекцијата се болката во стомакот, особено жаречка болка во предел на желудник, гадење (наузеа), повраќање (вомитус), зачестено (фреквентно) подригнување, чувство на надуеност и губење во тежина.

Доколку се искусат некои од следниве симптоми како силна и постојана (перзистентна) болка во стомакот ( абдомен), проблеми при голтање, повраќање кое е крваво или кое наликува како талог од кафе или црна столица, веднаш треба да се побара лекарска помош.

Компликации кои се поврзани со ХП инфекцијата вклучуваат патологија како чир (улкус) на желудникот, чир на дванаесетпалачното црево (дуоденумот), воспаление на желудочната слузница (гастритис), како и одредени типови на рак на желудникот ( аденокарцином, МАЛТ лимфом).

Откако ќе се забележат симптоми или знаци, првиот контакт се остварува кај матичниот лекар, кој предложува и упатува кон повисоко специјализираните здравствени установи. Најчесто поставувани прашања за пациентите се од типот кога за прв пат се почувствувале симптомите, дали се јавуваат повремено или се постојани, да се опише нивната тежина, дали постојат некои фактори кои ги подобруваат или влошуваат симптомите. Во текот на прегледот пожелно е пациентот да наведе дали од неодамна доживеал некои стресни состојби, промена во животните навики, листа на лекови доколку е на некоја претходно одредена терапија, како и користење на витамински препарати и други суплементи ( минерали и сл.).

Најчесто користени лабораториски тестови за докажување на ХП се тест со примерок од крв, примерок од ткиво добиен со биопсија за време на гастроскопија (CLO тест), уреа дишен тест и др.

Во третманот на ХП вклучена е ерадикационата (истребувачка) трокомпонентна терапија која опфаќа редовно два антибиотици и тоа еден од групата на макролиди (кларитромицин) и еден пеницилински препарат (амоксицилин). Третиот лек е од групата на ихибитори на протонската пумпа (пантопразол,омепразол и др.) кој со своето дејство ја намалува киселоста во желудникот и овозможува идеална средина за делување на наведените антибиотици кои не се отпорни на киселата содржина.

Најчесто користена комбинација на тројната терапија во праксата се:

1.пантопразол, омепразол, лансопразол (еден од нив)
2.кларитромицин
3.амоксицилин или во комбинација со метронидазол.

Тројната терапија се користи околу 10 дена, потоа од неа се исклучуваат двата антибиотици и се продолжува со монотерапија (со еден лек) уште 1 месец.
Откако комплетно ќе се заврши со терапијата, се прави пауза од 2-3 недели, па следува боцкање за проверка на титар на ХП.


_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Хеликобактер пилори
3.5.2012 12:23:15   
big_mama817
мене ми ја открија хелиобактери пред 2 месеци бидејќи во последните 3-4 месеци чувствував ненормално гадење, болки во желудникот, подуен стомак ми направија испитување преку крв и ми дадоа терапија планирам во скоро време да направам испитување иако симтомите уште ги имам особено најизразени се при стресна состојба

_____________________________

Децата се најголемо богаство :)

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Хеликобактер пилори
11.5.2012 16:09:54   
trust
i mene mi otkrija Helicobacter pred tri dena jas isto taka custvuvav poduenost ama i non stop sum zedna sto i da jadam mi pravi tezina vo stomak i mislam 3 litri voda ke ispijam i pak ke sum zedna, mene preku metoda INFORMDIJAGNOSTIKA mi ja otkrija sega sum na terapija pa ke vidime ke ima li podobruvanje posle 10 denauser posted image

(Одговор на членот big_mama817)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Хеликобактер пилори
3.8.2012 22:47:35   
Sirena##
Jas sakam denovive da ispitam heliobakter preku krv.Treba da sum gladna user posted image

(Одговор на членот trust)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Хеликобактер пилори
4.8.2012 9:29:37   
Felly RR
Нема потреба да си гладна. Јас пред месец правев кло тест (ако е истиот) те боцкаат од прст и резултатите ги имаш за пет минути.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Sirena##)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Хеликобактер пилори
12.12.2012 14:00:03   
lukas
пред малку ги зедов резултатите и имам хелико бактерија,неколку дена по ред имав благи болки но мислев не е ништо лошо,но 4 тиот ден имав напади на неколку минути..бев направив испитувања и сега сакам да знам што смеам што не смеам да јадам..пример,дали смеам црн леб, паштета,сирење,ајвар,тестенини,негде прочитав дека кај секој не било исто дека требало сами да си увидиме кои јадења ни сметаат.мене ми е страв да експериментирам, сакам да знам дали ова има влијание на тоа дека сакам да останам трудна?мислам се разбира од кога ке ја завршам терапијата која сеуште незз која ке е зошто утре ке одам кај матичната.. ве молам тој што знае и има искуство нека ми каже се...позз

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Хеликобактер пилори
12.12.2012 14:29:08   
vezilka RR
Знам дека не смееш никако луто, солено и зчаинето да јадеш. Мрсна храна да се избегнува и се што е тешко за желудникот. Стресот ја влошува состојбата. Мајка ми ја излеши бактеријата за еен месец, ама контролен тест правеше после 6 месеци бидејќи ако се прави веднаш после терапијата, не се прикажувале вистински резултати и може да се дојде до мислење дека не се излечила. Поздрав Лукас и со среќа во другата мисија user posted image

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Хеликобактер пилори
12.12.2012 14:34:52   
lukas
fala srcka pozz..

_____________________________

Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Хеликобактер пилори
1.4.2014 8:50:14   
vezilka RR
Храна која треба да се користи за природно лекување и намалување на симптомите на Хеликобактери:

-Користете лук и кромид секојдневно.
-Зголемето го внесот на цимет, лути чили пиперчиња и храна која содржи витамин Ц.
-Избегнувајте додатоци кои имаат прекумерни количини на калциум и магнезиум затоа што тие ја пореметуваат pH вредноста во желудникот.
-Одбегнувајте го кафето, затоа што тоа може да ја влоши состојбата.
-Пијте сок од ананас или јадете го неговиот плод (пулпа), секојдневно. Сокот треба да се пие во текот на целиот ден, голтка по голтка, затоа што ананасот помага во варењето на храната и ја подобрува целокупната дигестија.
-Пијте по 10-15 чаши вода секој ден.
- Јадете повеќе алкална храна.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот lukas)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Бременост.
пеперутка16

Кој дел од бременоста најмногу ви се допадна или најлесно?