|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Псоријаза
25.6.2009 1:44:12   
Еца
Псоријазата е еритемо-сквамозна дерматоза, која се карактеризира со забрзано множење на клетките во епидермисот (нарушена кератинизација).
На кожата се појавуваат црвени издигнати промени покриени со белузлави лушпи, кои при гребење лесно се симнуваат. Вообичаено не е придружена со јадеж и со болка.
Пациентот ја забележува најчесто како естетски дефект. Карактеристична локализација на промените (карактеристично место каде што тие се појавуваат) се надворешните делови на телото, но може да се јави како инверзна форма само во свивањата.
Постојат локализирани облици на псоријаза (лакти, колена, глава) и генерализирани, кога ја зафаќа целата кожа. Може да ги зафати ноктите, при што се манифестира со точкести вдлабнувања на ноктената плочка. Промените на кожата можат да бидат дискретни, и како такви да останат цел живот. Можна е и генерализација, голем број различни варијации во смисла на подобрување и влошување на болеста.
Во најново време во лекувањето на псоријазата се применува озонотерапија, а се препорачуваат ласер-терапија, акупунктура, хемодијализа.
Морското климатско лекување благопријатно дејствува на болеста. Со правилен пристап во третманот, кожата на псоријатичарот може подолг период да се чува во нормална состојба.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Псоријаза
25.6.2009 1:58:06   
Еца
Причината за појавување на псоријаза е непозната, па сепак познато е дека во основа се работи за намален имунитет и големо психосоматско влијание бидејќи проблемот се зголемува со нервозата и стресот. Недостатокот на полинезаситени масти како Омега-3 и Омега-9 во телото е поврзана со оваа болест.
Исправна репродукција на клетките се врши поради рамнотежата која ја одржуваат две субстанции наречен ициклични АМП и ГМП.  Кога ќе се наруши деликатната рамнотежа помеѓу овие две супстанции, продукцијата на клетки на кожата излегува надвор од контрола и се манифестира како псоријаза.
Откриено е дека лошото варење на протеините (кое предизвикува скапување и појава на бактерии) предизвикува појава на токсични аминокиселини (полиамин) која ја нарушува оваа рамнотежа.  Витаминот А или бета каротинот го стопира формирањето на токсичните субстанции (полиамин) и помага во превенцијата на псоријаза.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Псоријаза
25.6.2009 2:01:15   
Еца
Ако имате псоријаза која и покрај долготрајната терапија не поминува можеби има врска со пушењето. Имено, се покажало дека личностите кои пушат по една кутија цигари дневно имаат двојно повеќе шанси за заболат од оваа болест отколку непушачите. Ситуацијата за жените е уште полоша - жените пушачи имаат 72% поголеми шанси да добијат псоријаза.

Алкохол: и тој, дури и во поблага варијанта (вино или пиво) може да ги зголеми шансите да добиете некое кожно заболување. Една чаша вино дневно нема да ви пречи, но со две или повеќе чаши го удвојувате ризикот од кожно заболување.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Псоријаза
25.6.2009 2:44:56   
Swordfish
Со среќа новата тема, па да се надеваме дека и другите како мене ќе си ги кажат своите маки во врска со оваа непријатна болест.
Како прво јас сакам да си кажам за мене дека оваа болест ја имам цели 5 години и сеуште не сум нашол ама баш никаков лек за неа. Од еден хрватски форум, поточно од форумот на веб-сајтот на Belupo(фирма за лекарства) имам прочитано дека за псоријазата постои Turn On, но никогаш Turn Off. За жал тоа Turn Off јас сеуште не сум го почуствувал. За активирање на псоријазата постои само една причина, а тоа се стресот и нервозата. Првпат кога ја забележав болеста(значи пред 5 години) отидов во болницата во мојот град и бев онака лаички прегледан колко да ми пројде редот. Од нив ми беше препорачано Синодерм(гел), Асквам(лосион на база на прополис) и уште еден маст за кој сега не се сеќавам, но кој и да бил сето тоа не ми помогна. Таа терапија ми траеше 3 месеци и кога видов дека нема аир од неа почнав да одам по скопските болници(државна, воена) кај тогашните дерматолози. И од нив добивав терапии, но повторно немаше поголеми подобрувања, освен повремено кога се мачкам со дадените мастови. Така поминаа 3 години од моето патење со болеста. Тогаш ми го препорачаа и д-р Дохчев. Јас лично го посетив него пред 2 год. и ми даде 2 маста за кои дадов 1 200 ден. и од нив не видов ама баш никакво подобрување, а башка тоа на излегување ми рече Господ да ти е на помош. Јас си помислив во себе: ,,Од тебе докторе барам помош, а не од некој друг". После него посетував разни луѓе со исцелителна моќ (за кои не смеело да се зборува за да ти дејствува тоа нивното баење), посетував извор со незнам каква лековитост и пак си останаа тие црвени на кожата. И конечно минатата година разбрав за една докторка која имала магистрирано во Белград на оваа проблематика и ми помогна со една екстремно голема терапија и дојдов до стадуим да не ми се ни познава дека некогаш сум имал псоријаза. Таа терапија беше следна:
1. За главата--> лосион Белосалик(лосион) и шампон Ораназол, а може и Кетоконазол и Реконазол(тоа се исти шампони но правени од различни фирми)
2,За кожата по телото-->прва недела=Белосалик(маст) по два пати на ден(овој маст е кортикостероид и негово користење е ограничено на 21 ден, бидејќи предизвикува на некој начин вештачко стареење на кожата но тоа не е страшно ќе ви наведам подоцна за тоа;
---->втора недела=Белосалик(маст) и Бутавате(маст) се мачка наизменично: еднаш белосалик, еднаш бутаватe;
---->трета недела=се користат претходните два и плус еден маст кој не се продава готов туку таа докторката ми напиша рецепт и со него се оди на пр. во зегин, реплекс фарм и сл, такви да го изработат бидејќи е на природна база. Е сега тука имаше еден редослед на мачкање за кое сега не ми текнува но знам дека траеше доста долго.
И да ја комплетирам оваа терапија со: пиење на апчиња Рифатин(за нив може да го прашате дерматологот кој што ви ја лекува псоријазата) и внесување на јас би рекол претерано големи количини на витамините А и Д (и секаков вид на нивни деривати, кои го успоруваат вештачкото стареење од кортикостероидот во Белосалик). Јас за да го внесам витаминот Д бев приморан да се сончам на терасата од мојот стан(зашто нели Сонцето е најголем и бесплатен извор на витамин Д) и лежев во када полна со готварска сол за да биде како да сум бил на море.
И после оваа терапија на мојата кожа од тие црвените останаа (искрено јас се радував како мало дете на играчка user posted image )едни белини по кожата за кои докторката ми рече дека е ред да одиш на вистинско море и со сончање ке се израмнат со останатиот непсоријатичен дел од кожата. Со тоа терапијата од неа заврши и започна терапијата на природата во Бугарија на Црно Море. Како ми проаѓаа деновите на море тие белини забрзано исчезнуваа. После 10тина дена на сонце и морска сол на мојата кожа немаше ни П од псоријаза и останатите денови од одморот ми поминаа како да сум во рајот среќен што себе си се гледав во нов ,,дизајн". По враќањето од одморот отидов кај докторката со еден поклон(бидејќи заслужуваше после 4 години мачење маки со болеста таа ја најде формулата) и ми рече дека е супер, но за жал да очекувам наесен кога ќе се менува времето нивно повторно враќање и тогаш задолжително да се појавам кај неа со цел, како што рече таа, да ја исечеме во корен. Но таа есен јас појдов на факултет, почнаа нервози и стресови и наеднаш на мојата кожа како да експлодира бомба. Но секојдневните обврски околу факултетот, и секако морам да признаам моето невнимание и на некој начин немање волја за да се борам повторно со неа ја оставив таква како што е. И сега повторно сум под таа истата терапија, повторно ми помага и секако исто тоа ме очекува и ова лето па здравје до наесен за нови проблеми.
Можеби некој ќе се праша зошто сончање на тераса и легање во када со сол, па и за тоа ќе ви објаснам: минатата година, точно сега овие денови за прв пат беше спроведена државната матура, и која јас имав среќа да ја полагам, а тоа наложуваше седење дома и учење. Но не е само тоа, секако дека мора да се оди на контроли кај докторот, постојано купување на лекарства и помош од домашните кога треба да се мачка(јас ја имав псоријазата низ целиот грб и мора некој да биде до мене за да мачка на грбот,бидејќи сам нели не можеш да го направиш тоа но и на главата). Тоа ќе биде мојата историја за оваа болест, напишав толку многу со мисла дека некој можеби ќе се пронајде и ќе го упатам кон успешна терапија. И јас лично би ви препорачал не одете кај луѓе што велат дека имаат лек за оваа болест бидејќи само им ги полните џебовите. Моите дома беа спремни да дадат се што имаме за да јас се излечам, но факт е дека оваа не се лечи. туку само треба трпение и јака волја за да се контролира истата. Ве советувам да посетувате доктори кои имаат знаење и професионално досие за болеста.
И секако можете да ми пратите порака ако сте заинтересирани за докторката која ми ја направи терапијата, и ќе ми биде задоволство да ви помогнам да појдете кај неа. Но да ве запознаам со тоа дека таа се наоѓа во Куманово.
Поздрав до сите и имајте сила за борење со болеста, бидејќи ЖИВОТОТ Е БОРБА!!

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Псоријаза
25.6.2009 2:51:05   
Еца
Најпрвин добредојде и еднаuser posted image за твојата макотрпна борба.Воопшто не е лесно да си толку млад, а со толку проблеми и стресови на глава.Но добро е што и самиот си сватил дека животот е борба, од која можеш да излезеш како победник.Затоа овој пат послушај се што ќе ти рече др. главата горе, насмевката на лице и почнува твојот нов живот.Откажување нема и она што во моментот ти посакувам е во најскоро време да ни пишеш борбата е добиена.И сврати ни пак, има и за вас младите убави совети.А нормално и ние од вас можеме многу да научимеuser posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Swordfish)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Псоријаза
12.7.2009 14:39:54   
zoni
Swordfish!!! Јас имам исто кожна болест но не е псоријаза па по нет. решив да побарам "лек"
и наидов на твојата исповед за болеста, имам идено на дерматолози во наша Македонија и како ти и јас се жалам од д-р Дохчев кој после прегледот  ќе речам: како питач со раката ми побара 400 ден, само за прегледот а потребните лекарства што тој ги препиша и ме упати да ги купам од потенцирана аптека после владата на Р.М, ги зедов се придржував според кажаното и НИШТО. Јас имам сува кожа и на пределите каде што се потам како чело,врат.лакти и околу очи многу ме чешам ми се лупи кожата и се вцрвенува ствараќи голема нервоза дури будење од сон. Ова континуирано го имам повеќе од 5 год. Самоволно користам betamethasone,salicylic acid.-маст скоро 1 год.  која што ми помага периодично ако не ја користам неколку денови мн. ми се влошува состојбата:(
  Ќе те молам! некако да исконтактираме за да ме упатиш кај д-р од Куманово.


                                                                                                             СЕКОЕ ДОБРО!!!

(Одговор на членот Swordfish)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Псоријаза
3.10.2009 15:50:36   
mother 29
 
Псоријазата е хронично запаление на кожата која ја има 2-3% од светската популација. Значајно го намалува квалитетот на животот и сѐ уште не е пронајден лек кој би делувал на целосно излекување на состојбата. Клиничките резултати од конвенционалните терапии не се задоволителни поради токсичноста на лековите кои се користат. Поради тоа, заболените користат и растителни препарати, додатоци кон исхраната (омега-3 масни киселини и бета-каротен) како и специфичен начин на исхрана.
Ново истражување на 58 пациенти покажува дека комбинација од конвенционална терапија и антиоксиданси ја подобрува состојбата и го намалува нивото на оксидативен стрес. На сите испитаници им се давани коензим Q10, витамин Е и селен. ●

(Одговор на членот zoni)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Псоријаза
31.10.2009 19:58:28   
ripce
Маслинов сок против псоријаза

Откриена е природна замена за третман на псоријаза: се работи за маслинов сок претворен во прав кој се зема во облик на капсули. Тестови со оваа подготовка објавени се од страна на јапонски експерти, но идеен основач на терапијата е италијанскиот научник Роберто Креа.

"Ние сме фокусирани на сок и вода во маслинки кои остануваат како отпад при преработка и откривме дека се богати со полифеноли и биополифеноли тоа и до 300 пати повеќе од екстра-маслиновото масло. Благодарение на новата технологија можевме да ги екстрахираме и да ги претвориме во прав ", вели научникот. Биополифенолите имаат силно антивоспалително и антиоксидантно делување  и регулираат имунолошкиот систем зајакнувајќи го. Во клинички докази спроведени во Јапонија, прво на животни, а потоа и во луѓето, дошло до намалување на болката и подуеноста кај пациенти со артритис.

Во моментов во тек се клинички студии, кои ги тестираат ефектите против кожните болести, главно псоријаза. Кај десет пациенти, по неколку месеци, биле добиени изненадувачки добри резултати кога станува збор за лезиите типични за псоријазата. Затоа, нова надеж за пациентите со псоријаза наскоро може да биде затворена во кутија со назив Оливенол. Една капсула ќе содржи количина на полифеноли, кои нормално ја содржи 1/4 литар екстра маслиново масло. Полифеноли обично се многу активни во ниски концентрации.

Извор: www.italiasalute.it

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Псоријаза
16.7.2010 23:01:22   
stip
Здраво денес бев кај докторката сто е замена на Др Довчев и толку сум нервозна цел ден сто би ве советувала никој веке да не оди, како прво зборувасе пред мене сат време на телефон со пријателка а јас гледав како теле а правесе муабет небитен одмор итн... после ме виде имам и јас долго време проблем со козата каде сто ми се појавува на меки места одреден период и се ми се повторув демек не е псоријаза несто слично но кај мене  го има и на интимниот дел каде сто ме чеша и се перути, сега ке идам на дрзавна да ми земат брис и да испитат најпаметно ке биде( оваа ми зема за преглед 500 ден и ми написа сто креми се вкупно 3000 ден и стрикно ми даде сема кај која аптека да идам да земма и само таму ги прават) СРАМОТА ЗА ДР СВЕТЛАНА СКОЛА НА ДОВЧЕВ ЕЕЕЕЕ МАКЕДОНИЈА

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Псоријаза
25.1.2013 0:06:51   
suzeto
mnogu odavna nikoj ne pisal na temava ....



  Swordfish
kako prvo bravo na upornosta............
bas me interesira sto se sluci so tebe...............do kade si so psorijazata...ja ima i tatkomi no toj veke ja ima poveke od 30 godini...................mozda ja imam i jas no na doktor mi rekoja deka toa kaj mene e saboreja a ne psorijaza.............no kolku sto citav na net saborejata se pravi na masna koza,no jas imam suva..........

< Поракaта ја уредил suzeto -- 25.1.2013 0:08:13 >

(Одговор на членот stip)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Псоријаза
30.7.2013 22:44:43   
emily
Ве молам за контакт тел од д-рката од Куманово, Ви благодарам

(Одговор на членот suzeto)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Псоријаза
30.7.2013 23:43:41   
kapina
Majka mi ima psorijaza I ke vi kazam kratko I jasno za nea lek nema zatoa ona besena lekar I I kaza otvoreno za nea lek nema potoaJas razgovorav so, eden vrven svajcarski lekar koj sto e lekar veke 30godini I koj ima svoja bolnica tamu I on istoto mi go potvrdisamo I kaZaa na majka mi da gi prave vezbite sto gi pravese za skrsenicata na nogata I da se macka so vitamin a mast I poveke da pesacetaa vitamin a mast ja poracavme od svajcarija I dade efekt segaza sega majka mi e podobra koj saka ke mu ja zapisam tocno masta kakise vika vo pp

(Одговор на членот emily)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Псоријаза
7.8.2013 1:36:43   
samus
obratetese na ovoj broj za psoriaza slobodno
Податоци само по пп

< Поракaта ја уредил rina13 RR -- 7.8.2013 9:52:23 >

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 13
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?