|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  12 13 14 [15] 16   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 16:08:55   
kapina
hopefull potpolno se soglasuvam so tebe za ova sto go napisa ne daj boze nikoj da ne go dozivee ova sto nie go pominuvame ima i od losoto poloso i od dobroto podobro

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 351
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 16:20:53   
blue_blue
Јас потполно се согласувам со размислувањето на Беа дека не е мој избор што сум се намачила за деца, ама мој избор е како ќе размислувам и како ќе се однесувам - дали ќе мислам дека сите ми отежнувале пошто добиле дете или ќе мислам дека е тоа само нивни пат, а јас го имам својот и ќе го изодам онака како што знам, со успони и падови, со среќа и со депресија, со радост и со тага....мое си е тоа...Јас длабоко верувам дека се во животот ни се случува со причина и дека секое искуство, искушение и предизвик се ставени пред нас за да научиме од нив нешто. Поради тоа што сме различни и тие искушенија и предизвици се различни...

Kaj Kvisko, препознавам голем дел од проблемот што го имам и лично а тоа е дека јас немам контрола врз работите односно дека колку и да се трудам (а логиката ми била дека ако се трудиш ќе успееш) ете не бива. И ние се поревме со идиопатски стерилитет истата зебанција - медицината нема одговор за тебе...па си викаш бар да имав проблем ќе знаеја како да ми го решат, вака немаат што да ми кажат...мислам дека мојот успех дојде баш од истата причина како и кај Hopeful кога решив контролата да ја оставам на универзимот и на мојот доктор...нешто тотално несфатливо за мене зошто нели ако сам не си направиш и не се трудиш нема да биде...ама јас се трудев и правев до она скалило до кое беше во моја моќ, понатаму во еден момент сфатив дека треба да let go....јас и понатму сум карактер кој сака да има контрола но од ова искуство научив да се ослонувам и на други луѓе што верувале или не многу и помогна од кога се родија децата....Не знам како се стига до таа точка во која едноставно ти кликнува дека ќе се убиеш себе си ако продолжиш да веруваш дека е во твоја моќ и контрола....
Факт е дека правиш се Kvisko, толку можеш...правиш и повеќе и на крај тоа ќе вроди со плод....најверојатно универзумот сака да ти каже дека е крајно време да научиш дека не е се во твоја моќ и дека не сите работи се случуваат само ако ти упорно правиш се како што треба и се трудиш...Барем во нашево секојденвие имаш едно чудо примери кога се трудиш и чесно работиш а колегата до тебе кој е глуп и преварант го унапредуваат....така да и теоријата дека ако се трудам и работам ќе добијам веќе не е баш точна...може ете тоа сака да те научи универзумот, да се прилагодиш, за твое добро...
И ќе завршам со она на Беа, не е ствар на избор дал ќе можам да имам дете, ама ствар на избор е како ќе ја прифатам таа борба за да го имам...На сите ви посакувам да го најдете вашиот начин да дојдете до крајот на патот и да го видите малото чудо кое таму ве чека....И не верувајте секогаш на се што ви кажуваат луѓето...не сите баш останале одма од прва трудни, видете само овде на форумов која тема единствена стигна до дел 7 ако не се лажам


< Поракaта ја уредил scared RR -- 20.4.2015 17:45:51 >

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 352
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 17:36:21   
scared RR
Hopeful ти си ако не и единствена што го прави тоа, да го прикрива стомакот, верувајте еве денеска бев сведок на 2-3 жени, од кои едната беше со едно детенце веќе од 5-6 годинки, мислам ние сите тука чекаме, кој со шеми, кој плаче за негативна бета, таа искочила извадила тоа сликичките од ехото и гледа па се смее, па му кажува на маж и , и сто посто сум сигурна дека не беше со инвитро девојката беше многу млада, има и такви кои одат само за контроли на оделлот за инвитро. Случај број два, другата како што кажав беше со дете, па почна да му кажува како мрдало што правело, мислам крај, јас се тресев во чекална дали ми пукнала цистата, а таа ми се перчи со стомакот.
И дај ве молам не бидете падобранци кои ќе улетаат во темава и ќе не прават нас себични, злобни вештерки, елате на наше место да видите како е, каква е тешка оваа борба, какво е чувството да бидеш црна овца во околината, какво е чувството да не знаеш што те чека , дали ќе успееш да се оствариш како родител,како е чуството да го пратиш маж ти на работа во странство да рмба 15 часа за да имаш пари да плаќаш за да стигнеш до бебе, иако парите за мене се споредна работа во сето ова, нажалост без нив ништо не правиме.
Иако млада сум поминала многу во живтов, сум се изборила и со проблеми, и со болести, ама оваа болка ми ја гори душава, не се споредува со ништо. И да ми сметаат трудници, избегавам , криво ми е кога јас се клукам со апчиња, пазам на се, се влечам по лекарине со години, а некој од плукни залепи му биднува а не пази на ништо. И, што сега?

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 353
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 17:54:57   
lukajana RR
Малку офтопик Gari се надевам нема да ми се налутиш ама ке те земам за пример,за вас може е падобранец ама за мене е многу драг член на рр што бил во многу незавидна положба и сигурна сум дека тогаш мислек дека е најлошото нешто што на човек може да му се случи.Gari е родител на дете кое сега е големо но родено е 600 грама во далечна земја после многу претходни бремености на жена му иначе исто членка на рр кои завршувале многу рано со мртов плод.Така што човекот потполно ве разбира и не зборува од памет ,ако нешто многу сакаме ке пробаме да го добиеме на секој можен начин .
Секој со својата мака минува низ животот и својата мака ја доживува како најголема но запомнете дека Господ не ти дава товар што не можеш да го носиш,ви посакѕвам успех на сите и што поскоро да си ги имате бебињата во рака

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 354
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 18:04:01   
scared RR
Јас не го познавам него и не знам што му се случувало, ама еве не не познава, не го велам само јас тоа, и другите го потврдија. На почетокот многу тумачев дали овие чувства што се јавуваат се нормални, ама откако правев муабет со многу жени со овој проблем, па дури и со психијатар, увидов дека е нормално чувството. Темата е за да си кажеме , и да си олесниме, а не некој да не прави злобни, себични и завидливи, доста ни е маката што си ја имаме.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 355
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 18:41:08   
kapina
Jas ke kazam samo edno gospod gi dava najteskite bitki na najsilnite borci nie ovde sme silni hrabri zeni ne sme ljubomorni i zlobni

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 356
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 19:28:28   
Gari68
Нема зошто да се лутам Лукајана иако немаше потреба од објаснување,секој го пишува она што го чувствува и доказ дека ја знаеш маката само што си ја осетил. Затоа и реков дека за мене е себично некој да бара како да се однесуваат пред него за да не го растажат поради маката што ја има а има безброј со други големи проблеми што не бараат некој да внимава како се однесуваат пред него. Ако некој се однесува така пред мене поради одреден мој проблем би помислил дека ме сожалува а тоа најмногу го мразам.
Скаред не велам дека не е нормално тоа однесување ама треба секој да се издигне на тоа,не се другите криви за нашите проблеми па да внимаваат што прават пред нас па дури да им предизвикаме и грижа на совест што ете они тоа го добиле на полесен начин.И кај нас беше така на почетокот, жената истото го велешше „де бе како она без проблем донила дете а ние се мачиме“ ама јас сосеков уште од корен и ја терав да не се замара со другите туку да се концентрираме на нашиот проблем и да си викаме ако треба и по 100 пати на ден дека следниот пат ќе биде се во ред .На крај успеавме и верувам дека тоа е голем дел поради секојдневното размислување дека се ќе биде во ред.
Јас само си го кажав искуството ваше е дали ќебидете кон сите позитивни или и понатаму ќе ви пречат оние што ќе ве канат на родендени,на мекици,на кафе мислејќи дека ве канат за да ве нервираат а не за да ја споделите нивната радост.

П.С. Морав и ова да го напоменам кога ме прозваа дека не им ги знам маките а демек они пак им ги знаат маките кога ќе видат бремена жена во ординација.Ние немавме проблем со забременување ама имавме проблем со истерување на временоста до крај.Можеби некој и нас не гледал пред ординација во Систина или кај Органџиски и си викал “де бре види ја оваа стара а забременила а ние не“ без да знае што мака и стравови сме носеле во тој момент

Толку од падобранецот.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 357
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 20:17:59   
Kvisko
Blue_blue полика го учам тоа let go. Сфаќам дека не е се во моја моќ. Главно сум ок сега во споредба со почетокот на овој процес. Само некогаш знам да паднам. Добро е што успевам да се кренам и да продолжам понатаму. Во моја контрола сега за сега е исхраната и јогата. Толку. Се друго е виша сила. Веројатно тоа е мојата животна лекција од процесов. Стварно сум појака од претходно.
Пак ќе кажам не завидувам на никого. Се радувам за нови деца и одам секаде. Ако мразев деца како ќе се трудев толку да добијам и јас дете. Не ми се проблем трудници и деца по чекални секој има право на свој живот и свои таги и радости.

(Одговор на членот Gari68)
Непосредна врска до пораките: 358
   RE: Неплодност и туѓа бременост
20.4.2015 20:41:58   
kapina
Gari jas potpolno te razbiram nema to a mlad ili star potpolno te razbiram od toa sto i nie imame problem so iznesuvanje na bremenost i tocno pred nekojden jatrvata o deverot davaa prestapulka i ne me pokanija zosto sum nemala deca im rekov samo edno vi blagodaram mnogu zatoa no ke vi kazam samo edno eden den i jas ke imam deca i vo vrska so toa vie ako me cenite kako covek ke me pokanete a jas sum taa sto ke odlucam dali da dojdam ili ne nesakam nicie sozaluvanje

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 359
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 0:33:15   
deluxe
ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

И дај ве молам не бидете падобранци кои ќе улетаат во темава и ќе не прават нас себични, злобни вештерки, елате на наше место да видите како е, каква е тешка оваа борба, какво е чувството да бидеш црна овца во околината, какво е чувството да не знаеш што те чека , дали ќе успееш да се оствариш како родител,како е чуството да го пратиш маж ти на работа во странство да рмба 15 часа за да имаш пари да плаќаш за да стигнеш до бебе, иако парите за мене се споредна работа во сето ова, нажалост без нив ништо не правиме.
Иако млада сум поминала многу во живтов, сум се изборила и со проблеми, и со болести, ама оваа болка ми ја гори душава, не се споредува со ништо. И да ми сметаат трудници, избегавам , криво ми е кога јас се клукам со апчиња, пазам на се, се влечам по лекарине со години, а некој од плукни залепи му биднува а не пази на ништо. И, што сега?



Mozebi I jas ke bidam tuka eden padobranec plus,no moram da go napisam toa sto se pojavi vo mene dodeka citav na temava.Navistina mnogu mi e zal za site koi go imaat ovoj problem.Daj Boze site da se izraduvate so decinja.No toa sto mene tuka me kopka e negativniot pogled na nestata.Konkretno citiraniot muabet na Scared.Jas ja razbiram bolkata,tagata,prazninata vo srceto ,iako ne sum go odela ovoj trnliv pat,no sepak kako covecko bitie mozam da gi naset_am tie cuvstva.
Zosto crna ovca?????zosto takva slika si pravis za sebe???zosto gledas na crnata strana??Bidi pozitivna,trgnigi mracnite misli od glava,trgni ja recenicata:"tie so lesno bez problem imaat Bebe".....Sekoj covek e svoja prikazna,veruvaj!Sekoj covek ima problemi kako sto kaza Gari.Ne mozeme se da merime so edinica merka -Bebe!
Psihata na covekot e najgolemiot dvigatel,toa sto ima vo podsvesta ,toa I mu se slucuva.Nasoci ja potsvesta kon ubavi I pozitivni nesta,uzivaj vo segasniot moment,opusti se I najvazno od se ne gubi verba deka eden den I ti ke set_kas so mese,pa potoa so bebuska vo kolicka I tn.itn.
Ne sakam da bidam pogresno razbrana,no edinstveno sto sakam e site da bidete roditeli,no nemojte so tie zavidlivi I crni misli,toa samo ve usporuva kon celta.
Iskreno muabetite :"plikni-zalepi"ili pusi,pie I ne se hrani zdravo se navreda za onie koj citaat na ovoj forum ,koi kako mene se padobranci tuka.Toa sto sum pusac I sum zabremenila na prva,me pravi nedostojna za majka vo vasite misli???Znaci deka ne gi zasluzuvam moite deca???


< Поракaта ја уредил deluxe RR -- 21.4.2015 0:36:58 >


_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 360
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 7:46:51   
mommy_angels RR
Овде пишував неколкупати и драги жени постојано ќе се најде некој кој има да каже дека овие чувства се знак на себичност и злоба.Искрено,оваа болка може да ја разбере само тој што ја поминал.Никој не е толку себичен и не ги мрази другите за да рече-"не требаше тие,требаше ние да имаме бебе". Ниту еден човек неможе ,а да не се израдува невино,мало ,слатко бебенце.Конкретно овде ,во оваа тема сме за да ги искажеме нашите црни мигови,моменти на падови и борба со самите себе.Реков и стојам позади овој став,МНОГУ Е НОРМАЛНО да се чувствувате вака,многу е нормално да посакуваш да имаш нешто што сите го имаат и ниту е себично,ниту злобно понекогаш да си го поставиме прашањето- Зошто сите можат,а јас не ? За жал болкава ,а и чувствата кои те преплавуваат кога ќе слушнеш Не се секирај ќе биде?,Има ли нешто ново ? итн итн се нешто што може да ги разбере само тој што поминал,така да кога некој ќе се дрзне да рече ти си себичен,треба да очекува подеднакво дрзок одговор од другата страна,независно дали е за пушење,пиење или непочитување на лекарските совети.Лесно е да се соли памет,тешко е кога си во манџата.
И после три години откако ја родив ќерка ми ,секој ден му благодарам на Бога што ми ја подари.Деновите и ноќите борејќи се за неа се рана на душата,посакувам никој да не ги доживее,ама за жал на жениве што пишуваат овде им е секојдневие.Само сила ви посакувам драги мои , а да и чувајте живци ,ќе ви требаат,кога ќе пораснат тие мали ,слатки бебиња стануваат мали ѕверчиња кои се како времево ,во 24 часа стопати ќе ве насмеат и уште толку пати ќе ве извадат од кожа.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 361
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 10:02:10   
blue_blue
Имам чувство дека Gari68 беше потполно грешно разбран можеби зошто го кажа тоа со „машки“ зборови и на друг начин. Човекот не го познавам, но неговата приказна ја знам од прв ден кога сум зачленета на РР и му честитам на него и жена му на издржливоста и истрајноста. Зaтоа што не е се црно бело на светов - ете тој и жена му немаат проблем да зачнат и да се случи бременост но жена му ги губи децата во 25-26 недела...И сега? тие посреќни се од нас што не сме можеле да зачнеме по природен пат? Тие ни го отежнувале и така тешкиот пат (цитат од подолу на scared RR)? Ним полесно им било од оние кои останале трудни со ИВФ и имале бременост по книга и донеле здрави прави деца на свет (како јас на пример)? Ќе ставаме на кантар чија мака и болка е потешка? И што со тоа? Кому тоа му помага?....Никој не го изодел патот на Gari68 и неговата сопруга и нема поима како им било на нив...Но она што човекот сакаше да ви каже е дека треба да се гледате себе си и да се насочите кон решавање на својот проблем наместо да го трошите времето на тоа колку не е ОК што некоја друга забременила од прва (што секогаш е дискутабилно дали е така). Поентата е дека тие мисли и чувства не помагаат...Да, нормални се и сите ги имаме и никој не осудува некого зошто гим, далеку од тоа....Но не збориме овде што е нормално што не е....се е нормално што е наше, што ние го доживуваме и секако дека имаме право на тоа и дека чувствата ни се валидни...Ама, мислам дека муабетот е како да се помогне на себе си за да се стигне до целата, а човеков токму тоа го кажа - негативните мисли и кој како дошол до дете не ни помагаше на мене и на жена ми баш напротив ни одмагаше и затоа јас тоа веднаш го сосеков во корен...Е сега, дали избра прави зборови - не знам...тоа е негов стил, ама јас не видов во неговиот пост осуда спрема некој...Го доживеав како начин да каже како да си помогнете....како да се насочите кон себе, онолку колку што е можно да не се замарте со другите...дали останале трудни, дали се радувале на ехото, дали се прчеле со стомакот...Па ако сакаат нека се прчат бе, од кај да знам јас како таа жена дошла до тој стомак и кој пат го изодела – нејзино право, незјина среќа....тоа ама баш нема вирска со мене.. И секако дека и мене ми било тешко кога на детски родендени некоја е трудна или сите трчаат по дете, но како што кажа некој погоре ми било тешко за мене. Никогаш не ми паднало на памет дека тие мене ми отежнувале или дека мене намерно ми се пречеле со децата и стомаците...А и да го правеле тоа (во што длабоко се сомневам) не гледам зошто тоа треба да ме засега....Позитивното однесување кон мојот пат и вербата дека ќе го изодам ме држеле секогаш во оваа борба. И не, не сум мислела на почеток дека ништо нема да успее...ако сум мислела така немало ни да почнува постапка...
И може сум offtopic, ама морам да ја пофалам kapina, кај која гледам многу позитивна промена на ставот и многу ме радува тоа...Мислам дека доаѓаат и нејзините 5 минути конечно..Еве, последниов пост нејзин е драстично различен од оние од пред година две, кога пишуваше дека нема да издржи кога ќе оди на прослави за детето, дека намерно и прават така, итд...сега изкоментира дека таа знае дека ќе има дете и не ја тангира тоа што деверот и јатрвата не ја викнале на прослава...нивен проблем! Е токму за овој став мислам дека Gari68 зборуваше и тој е онаа точка која по се изгледа ја прави разликата...Убдена сум дека секоја од вас, заедно с својот партнер ќе стигне на свој начин до таа точка и дека ќе се прчи и со стомакот и со ехото и ќе се радува на своето дете


ИЗВОРНА ПОРАКА: scared RR

Јас веќе стварно не можам да го издржам ова, зашто уште толку ни се отежнува и така тешкиот пат user posted image Денес дознав за бременост за второ дете на моја роднина подалечна братучедка која живее во истата населба со мене и најтрагично е што мора да ја гледам секој ден user posted image Не знам како ќе го издржам ова, цел ден ми помина во плачење user posted image Колку и да си давам сила, надеж, да си ја барам утехата во мали нешта кои ме развеселуваат вакви вести ме рушат буквално, не можам да си дојдам на себе user posted image


(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 362
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 10:36:51   
Kvisko
Точно е дека опседнувањето со други луѓе заништо во животот па ни за забременување нема да помогне. Нема да одмогне нешто многу само животот се загорчува. Само во оваа борба за бебе мислам дека сите чувства се дозволени и секој има право да се исплаче. Постовите како тој на Scared не ги доживувам како завидување, злоба и слично туку само како начин да излезе тежината од душата. Едноставно да си го кажеш па ќе помине.

Ете и јас пред некој ден напишав прилично down пост, па кога добив коментар се свесна и на второто читање на мојот пост сфатив колку е без врска тоа што сум го напишала. Самото пишување и добивањето поддршка тука ми помогна да се вратам на „вистинскиот пат“. Во моментот бев сама дома (мојата пооптимистична половина е на службен пат) и едноставно се подуплашив малку од целито процес, од неизвесноста, од тоа што пак чекаме моето тело да почне да работи како што треба. Да не се разбереме погрешно ама на blue_blue и Hopeful напишаа дека во моментот кога научиле да ја препуштат контролата во ИВФ процесто забремениле. И јас исто се чувствував за време на стимулацијата, исполнета со мирнотија зашто некој друг имаше контрола на процесот. Е во моментот кога топката со контрола повторно отиде кај вишата сила и моето тело (кое неколку пати до сега не изиграло како што треба) се подуплашив. Во овој циклус се е оставено природно да тече. Го нема она хакнување на системот (зашто кога с етера ИВФ циклусот до крај и во првата и во втората половина лекарот контролира со лекови). Или барем така си помислив во моментот кога паднав. Потоа сфатив дека ете и тоа било животна лекција. Малку повеќе верба дека и моето тело знае да функционира како што треба, дека и ова што ми се случува е повторно „leap of faith" и дека треба да се препуштам и да оставам некогаш работите да се одвиваат по некој свој тек. Сега ми е и "leap of faith" да верувам дека ембриончињата добро ќе се одмрзнат и ќе преживеат и ќе продолжат да се делат.

Ама за да стигнам до тука ми беше потребно прилично време. Ми трребаше да огуглам на сите глупости околу мене и да го добијам чувството дека сепак нештата мрдаат од мртва точка. Scared на пример е како јас пред едно две години кога чувствував дека на сите им се случуваат работи кои ги мрдаат од мртва точка само јас тапкам во место. Ги препознавам дури и чувстата кои ги пишува. Во моментот кога почнав да чувствувам дека се мрдам од мртва точка ми стана полесно и да се справувам со чувствата и да научам животни лекции. Ама за тоа требаше да сретнам позитивни лекари во кои стекнав доверба, да се направат испитувања, да се почне со инсеминации и слично. Исто требаше да најдам потпора во жени кои го поминуваат истото и со кои може да се споделат чувстата и да се добие поддршка (побогу штом го напишав постот во недела многу брзо добив одговори кои ми беа потребни).

Осудувањето на нечие мислење нема да помогне никому. Постојат начини да се изберат зборови и тоа да се каже посуптилно. Некој може да прифати острина некој нема да може да го поднесе тоа. Сите сме во различни фази и сите сме различни. Напредокот кај себе можеби и самите да си го осетиме исто како и назадувањето. Во моменти на назадување најчесто пишуваме тука на оваа тема и на неколку слични, баш за да добиеме поддршка. Спорниот пост за кој се разви дискусија беше премногу остар и критички настроен, според мене имаше измешано и баби и жаби и цело мочуриште околу. Затоа и многумина го сфатја како навредлив. Испадна дека не бил напишан со лоша намера а се што нема лоша намера се прифаќа како добронамерен совет. Само што некогаш ако не е со добро избрани зборови и најдобронамерниот совет може да биде погрешен (исто како оној најдобронамрене совет опушти се и ќе биде).

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 363
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 10:39:58   
Neurotoxin RR
Ве читам долго на темава, ја имам и цела прочитано, постови од пред многу години, со цел да сватам блиска особа која се наоѓаше на ваше место, а јас на она место „плукни залепи“. Ниту јас, а ниту таа не сме криви за ништо. Но јас додека читав на форум бременост, паралелно читав и вакви теми, јас додека растев дете и мнооооогу му се радував, неможев да го споделам тоа со мојата најблиска особа, имав осет знаев низ што поминува. во моите најтешки мигови кога повраќав, кога незнаев како да се справам со бременоста, нејзе ја немаше, буквално. Знам дека и било многу лошо, верувајте само што се земавме почнавме да се обидуваме поучена дека може и јас ќе треба да главам по испитувања, но ете од втор или трет пат успеа, без мака. Но следеа тешки денови, повраќав при што ослабев на почетекот, за велигден на неработни денови прокрварев, ден пред свадбата ме одјавија од работа... а нејзе ја немаше user posted image Ја разбирав во целост, но како и тагата за дете, и радоста за дете е еднакакво голема. Зарем ова значи дека ние не треба повеќе да се дружиме? А има периоди кога не се дружиме, тие нас не избегнуваат, а замислете ние кога одиме кај нив детето им го оставам на мојте, они доаѓаат кога веќе ќе ја легнеме... мојата другарка од детство, мојата најблиска другарка, не и е тетка на мојата ќерка, знам зошто, разбирам во целост, целта на псотов ми е дека и на ваквите случаеви како мене, не ни е лесно да најдеме средина. Правам се за да го оддржиме контактот, правам невозможни работи, кога станува збор за нив и нивниот проблем напати детето не ми било во преден план, но не е само до нас, мала е иницијативата што ја гледам од нивна страна, на што ќе напоменам, разбирам зошто и ќе заборавам се и ќе простам се и ќе се радувам со нив неизмерно, како што досега сум плачела со нив. Знам дека знаат што сум јас во нивниот живот, знам и јас, но верувајте, ни од оваа страна не е лесно.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 364
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 10:53:55   
blue_blue
ПОТПИС на целиот пост на Kvisko. Многу ми се допадна начинот на кој енапишан, како се искажани сите мисли... БРАВО! ете затоа го сакам форумов, и се верувам дека токму ваквите начини на комуникација им помагаат на луѓево што се дел од него....ДА можам би те гушнала сега...И верувај, вистина е дека ќе дојде и твојата среќа и на kapina и на scared...и на сите други кои решиле да ја водат борбата...секој на свој начин ќе стигне до својата цел и среќа

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 365
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 10:59:36   
butterfly1
Што и се нафрливте на скерд јас потполно ја разбирам и и кажувам браво што на тие години што ги има поминала доста во борбата за дете. Сосема ноормални чувства кои се јавуваат и кај мене , неможе да не те тангира она кога во твојата околина сите добиваат дете а ти не. И не зборам за непознати луге на кои не знам што им се дешава во животот зборам за мои другарки, роднини кои знам дека без проблем добиле дете. Неможе да не се осеќаш ко "crna ovca" кога во сето твое блиску опкружување единствено ти си без дете. Јас секој ден увидувам дека си имаме доста големи проблеми и незнам што е полошо дали идиопатски стерилитет дали ова кога едно лечиш друго доаѓа и се така во круг со години. Имам пишувано на темева за соседите наркомани со 3 деца, па ка=ете ми бе жени како да не се запрашаш во такви моменти, што си згрешил, со што тие заслужиле можеби со дрогирањето, пијанчењето доаѓањето на брза помош и полиција без број пати. Мене не ми сметаат дечиња мм има роднина што има 6 годиншно дете абе уживам кога сум со него ептен ми е убаво, ама имам проблем со трудници и тоа е тоа. Тоа не е завист тоа е болка за својата состојба, очајот што го имаме не доведува до ова, тежнееме кон нешто што во некои моменти ни делува толку недостижно за кога ќе видиме трудница не се може да се остане рамнодуше.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 366
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 11:19:12   
scared RR
Не планирам да реплицирам никому, некои членки кажаа буквално се што сакав јас да кажам па да не се повторувам. Само кога веќе бев реплицирана за братучедкава ќе кажам што ми се случи вчера и кој е тука злобен, без осет и слично.
Шетајќи низ град го сретнав мажот на братучедкава, бидејќи нели живееме близу се понуди да ме префрли до дома. Прифатив. По цел пат слушав за нејзината бременост, каде, кога ке се породува ок нека збори , не ми засмета до толку зашто умот ми беше во мм, како е и што прави.
Но, она што ме пресече беше следново. Имено мм е на работа во странство , и човеков си збори дека он не може да иде годинава бидејќи жена му не можела да седи сама, и требало помош и сл. И следеше : Ние догодина ќе бидеме со мало дете, Бојан нека иде место мене да работи.
Значи они догодина ќе имаат мало дете а ние не? Ние нема да имаме нели? Изгледа веќе и околината не означи како безнадежен случај. Самото ова говори колку имаат осет и емпатија некои луѓе и тоа блиски роднини. Како ми беше мене после ова не кажувам, да не испаднам повторно лошата злобна девојка.
Толку. Поздрав.

(Одговор на членот butterfly1)
Непосредна врска до пораките: 367
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 12:26:08   
Kvisko
Scared воопшто не си лоша девојка. Борбата со неплодноста е тешка на сите полиња. Исцрпува и психички и физички и парично и секако. Тепа на сите фронтови.
Истата е понекогаш истакната и направена да изгелда полошо од страна на некои луѓе кои не внимаваат ниту што зборуваат ниту кога зборуваат. А зборовите многу болат. Знаат да запечат оф леле мајко.
Знае да заболи и кога нема зборови, ама мора да се навикнеш дека некогаш ќе има зборови некогаш изостанувањето на зборовите исто ќе значи. На пример кај нас на работа да не претерам ама во годините додека јас се борам за бебе се изродија едно 20-30 бебиња (имавме и уште имаме бејби бум). На почеток сите викаа ај па и кај вас следно после некое време само мене престанаа тоа да ми го кажуваат. Малку ми беше тешко на почеток ама отрпнав на тоа. Луѓето се такви. Некогаш и од што не биле во слична ситуација не знаат ни како да реагираат. Некогаш се преокупирано само со себе и не ни помислуваат на другите. Е тука лежи зајакот. Преокупирај се само со себе и терај си. Ич да не ти е гајле за другите. Знам полесно е да се каже отколку да се примени ама со тек на време станува полесно применливо. Ако па толку не ти одговара нивното друштво во моментов држи се на некоја блага дистанца. Не мора да се враѓаш со него во кола измисли изговор дека имаш друга работа. Гледај се со нив како дел од поголема група луѓе за да не им дадеш шанса да те угњават со нивните приказни. Има луѓе што немаат осет. И јас имам блиска особа која нема осет околу нејзините деца. Да може би направила сликите од нејзините деца да им излегуваат на сите од фрижидер, а приказните за тоа како нејзините деца јадат, се бањаат и не знам што се прават во животот би ги пушатала на разглас на онаа фонтаната од Аце на плоштад. Ама тоа е нејзин проблем. На почеток плачев сега веќе сфаќам дека таа може да прави што сака, јас можам куртоазно да и ставам лајк на Facebook на буквално секоја слика без и да ја погледнам сликата (Зашто ако не види лајк ќе ме потсети за тоа), приказните влегуваат од едно уво од друго излегуваат и така тераме. Другите се со многу повеќе осет од неа и со нив може да се направи нормален муабет на нормални теми. Гледам повеќе да се дружам со таквите луѓе а не со овие што ми ја сисаат енергијата.

Не се секирај се поминува и она што нема да не убие ќе не направи посилни.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 368
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 12:34:51   
nataly86
Никој не испаѓа злобна или завидлива ..јас мислам дека се тоа моменти на тага болка која е со таков ефект што некогаш не може човек самиот да се препознае. Јас во периодот додека го одев иститот трнлив пат во мојата околина само бебиња и трудници имаше..некогаш осекав тага и грутка во душата но она пто најповеке ме радуваше беа прегратките од тие дечиња.со некои од бебе толку се дружев што сега сум им омилена тетка (не да се фалам)user posted image
Јас го одбрав тој начин бидејки мене тоа ми даваше позитвна енегрија некого можеби тоа го нервира..секој индивидуално...патот е тежок а најтешки се моментите на тага и мислење дека нема излез..



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 24.4.2015 10:48:39 >

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 369
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 13:07:07   
Bea
Слични сме, сакаме да да бидеме информирани, да имаме контрола над се, а сепак на различни искуства учиме и се надоградуваме.
Јас сум нова на форумов, но го гледам како една заедница на интелигентни луѓе и лично пробувам секогаш да ги гледам двете страни од медалот.
Конкретно за случката на Scared - лично не би ја доживеала толку трагично. Него, ние сме толку истенчени кога се работи за оваа тема, па секој збор го анализираме и мериме на кантар.
Рекол тој што рекол - и останал жив. Намерно, ненамерно - едноставно не е важно. Биди поголем човек, издигни се над тоа. Зошто остатокот од денот да ти помине во нервоза и горчина? Па ќе му раскажеш на сопругот, па и тој ќе се нервира... Од кај знае братучедот што ќе се случува наредната година. Ти знаеш? Ама си знаеш колку вложувате со сопругот во создавање на семејство и заедничка иднина и тоа да ти биде ѕвезда водилка.
Камо среќа да можев на туѓи искуства да се учам, ама за жал на својата мака (неврзано со стерилитетот) си научив во последните две години дека БАШ МЕ ЗАБОЛЕ УВО што рекол некој си Петко... Пишав и во претходниот пост, некои работи во животот не можам да ги контролирам, не можам да им влијаам и да ги изменам. Секогаш ќе има некој "паметен" или ќе ни се случи нешто непосакувано. Единствено што можам е да го променам начинот на кој ги примам нештата на кои не можам да влијаам. Мене тоа ми помага да се одржам во биткава и сакам да го споделам со вас.
Ќе се изрикам поштено над негативен тест, па маж ми ќе ми предложи да одиме во кино и ќе излеземе. И да сум останела дома да плачам - тестот пак ќе си бил негативен...

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 370
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 13:10:03   
bibi ribi
Potpolno e isto i so zeni sto se borat so neplodnost i trudnici, razmislete malku....



< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 21.4.2015 14:20:36 >

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 371
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 13:31:46   
Hopeful RR
Уф додека се логирам, се намножиле постови, секој со своите размислувања и искуства. Не можам да реплицирам на секого, но можам да кажам дека од авион се гледа кој какво искуство имал при забременувањето, бидејќи тоа се рефлектира не само во ставовите на оваа тема, туку општо. Ниту забременувањето плукни-залепи не ги прави тие мајки помалку мајки, ниту пак нашите маки и премрежија се за потценување, а гледам дека има и такви моменти. Ниедна од нас не помислила - не сакам таа да е трудна, туку јас, него желбата е - како таа останала трудна, така сакам и јас. Како не е тоа јасно, не контам, ама ај.

Јас потполно ја разбирам Scared, и моментот со мажот на братучетката за работата во странство така силно ме пецна, до срце ме здоболе. И не само тоа, и тие во ординација со ехо снимките, со мрдањата, со децата што не ги прибираат па рипаат по папките со шеми и анализи... се уште ги гледам кога одам на прегледи и се уште ми пречи немањето осет, но тоа е, не сме сите исти. Од моето искуство, сакам да верувам дека ваквите чувства се фаза низ која едноставно мора да поминеме. Не дека во моментот кога останав трудна се сменив и заборавив се, за што сведочат и моите минати постови, но дека треба да стиснеме заби и да издржиме додека не го добиеме она што го сакаме, притоа да останеме свесни за моментот на контрола.

Се согласувам со blue_blue за kapina, гледам и јас промени и многу ми е мило за тоа. Гледам дека се фокусира на себе, на позитивното и тоа многу помага. Нормално дека ќе не болат лоши зборови и постапки од околината, не се станува тек така имун на тоа, но еден обичен игнор чуда прави.

Исто, морам да се надоврзам на Neurotoxin - јас сум од другата страна на едно такво пријателство, и можам да кажам I wish другарка ми да го имаше твојот осет. Додека јас се мачев, кризирав, се фаќав за сламка, паѓав во депресии и што се не, таа остануваше без проблем трудна и уште се жалеше дека и требале дури три месеци, дека не и значел ништо тест за бременост и слично. Јас и се радував на бременоста, но таа со секој нејзин бесчувствителен муабет потсвесно и без да знае ми дотураше сол на рана. И еве ја сега, кога и јас сум трудна, ја нема да се јави, ако ти се верува, не ми го ни видела стомакот. Да не премине ова во оговарање, но од оваа страна гледано, многу се битни овие работи. За разлика од тоа, најдобрата другарка се однесуваше нешто слично на тебе - со усул муабети за бременост и бебе, внимавање да не ме повреди или да не каже нешто што не треба, и еве, сега пријателството ни е уште посилно.

Да се навратам на ситуациите за кои зборуваше Scared, поддршката од околината е многу битна, и не мора некој да има поминато низ тоа за да биде свесен дека е грозно, и ако не може да помогне, барем да се потруди да не влоши. Затоа, само подалеку од токсични луѓе без осет, и ќе се склопат коцките сами по себе.

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот nataly86)
Непосредна врска до пораките: 372
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 13:38:50   
Kvisko
Ама поентата не е да се докажуваме кој има право како да се чувствува. Секоја споредба е беспредметна во случајов. Тука сме за поддршка едни на други не за правење паметни и солење памет. И аман веќе ставаме некого на тапет. Ако некој нема никаков проблем со бременостите на околината супер за него. Ама ако некој има проблем да се потрудиме да му помогнеме па макар и само да го оставиме форумов да му биде издувен вентил. Правењето паметни и докажувањето поенти нема на никого да помогне.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 21.4.2015 14:21:05 >

(Одговор на членот bibi ribi)
Непосредна врска до пораките: 373
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 13:39:51   
butterfly1
мислам ајдее почнаа да се мешаат баби и жаби ....

Во врска со коментарот на дотичниот господин , како не е лошо? Како може да каже така, како да е сигурен дека тие догодина деца ке немаат па може мажот и да оди во странство. Од кај си зима за право да збори такво нешто?
Нели поубаво ќе било да каже, догодина јас не можам да идам ама ако може Бојан нека иде место мене. А не да сугерира дека он сигурно ке може да иде зашто они ке немаат мало дете по дома.
Боже господе.user posted image Дај више престанете озбилно претерувате. Ако сакате да постигнете да се чувствуваме како нетокму, злобници, завидливи вакви такви не успевате ке ви кажам!! Затоа што знаеме дека чувствата се нормални и ги делат 90% од жените што се борат со неплодност.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 21.4.2015 14:21:25 >

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 374
   RE: Неплодност и туѓа бременост
21.4.2015 14:14:42   
bibi ribi
.... Temava ne e za bilo koj da se prikaze kako zloben i zavidliv, tuku da si pomogneme site da ja vodime ovaa bitka go glavata gore, so fokusiranje edinstveno na samite nas i ignoriranje na zlobnite komentari.
Lesno e da se kaze i pise da, tesko e da se istrae, no Gospod e golem samo tolku mozam da kazam.

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 21.4.2015 14:18:18 >

(Одговор на членот butterfly1)
Непосредна врска до пораките: 375
Страница:   <<   < Претходна страница  12 13 14 [15] 16   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  12 13 14 [15] 16   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?