mamicki
|
Ме испровоцира, не темата, туку коментарите. Лесно е вака, од дома во фотелја да препорачате некому да стави крај на бракот- и баста! Но во пракса, тоа не функционира сосема така. 18 години заеднички живот и две деца се сериозна инвестиција за само така да се фрли по ветар. Секако дека Весна или било кој друг мора најпрво да разговара со сопругот. Да разговара- не да се кара! Јас, доколку би била во ваква ситуација, токму тоа би го направила. Би си обезбедила мирно попладне или вечер, децата можат еден ден да поминат со баба или дедо, и би му кажала, сосема сталожено дека забележувам оти во последно време неговото внимание го привлекува секоја жена што е колку- толку во возна состојба (уууууупс, сори), и дека тоа ми пречи. Би сакала да знам зошто го прави тоа? Јас не сум подготвена да толерирам такво поведение. Или ќе расчистиме со тоа сега и овде или од утре натаму и по судови. Подготвена сум да прифатам дека можеби и јас, со своето однесување несвесно сум го испровоцирала, затоа и сакам да слушнам што има да ми каже, па да видиме, можеме или не можеме да го надминеме тоа? П. С -оф топик, најискрено, на сите сопруги и мајки им препорачувам да бидат малку посебични и посамоуверени. Мажот ви веројатно нема ниту да забележи дека секој ден по трипати метете со правосмукалка и бришете прашина, но ќе забележи ако сте средени и привлечни. Ако ги оставите некоја вечер чиниите од вечерата немиени, и место покрај мијалникот вечерта ја поминете во кревет со него, веќе следната вечер лесно ќе се договорите тој да ги измие додека вие се подготвувате во бањата за уште една „жешка“ вечер. Прежалете некоја пара и дозволете си некој викенд без повод и без деца да заминете некаде, во некое мотелче... итн. Со оглед на тоа што имам 18 годишно брачно искуство, а мажот ми и ден денес ме гледа како капка вода на дланка иако не сум мис Холивуд ( искрено, тој е многу поубав од мене!), верувајте ми, се исплаќа
|