|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Перинеална масажа
17.11.2009 19:27:46   
Saturn
Секоја недела од бременоста си ги отварам оние site-ови за неделите во бременоста. Дојде неделата кога пишуваше за перинелната масажа. Можеби некаде во форумите била спомната таа тема, но не ја најдов. На кратко, перинеалната масажа се применува 6 до 4 недели пред терминот со масирање на перинеумот и вагиналниот дел со цел тој да стане поеластичен и да се избегне испукување за време на породувањето или да се избегне поголемо расцепување при епизиотомија. И бидејќи првиот пат кога се породив не поминав баш најдобро по тоа прашање и сега сите совети ми се добредојдени.
Ме интересира мамички дали некоја од вас применувала перинеална масажа или нешто друго за полесно отварање и зголемување на еластичноста на тој дел при породување, и дали имало ефект?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Перинеална масажа
11.7.2011 11:45:19   
dimikmila
Што е тоа перинеална масажа Перинеалната масажа се прави со цел перинеумот да се направи поеластичен за време на породувањето. Често пати непосредно пред породувањето, за да не дојде до спонтано раскинување, лекарот прави рез на делот помеѓу вагината и аналниот отвор (епизотомија). Перинеалната масажа се практикува со цел да се избегнат сечењето и раскинувањето. Колку ткивото околу перинеумот ќе биде поподготвено за растегнувањето при породувањето, толку се помали шансите дека ќе дојде до раскинување или потреба од епизотомија. Според една студија во која биле вклучени 2434 жени, се утврдило дека со практикување на оваа масажа се намалил % на извршени епизотомии. Воедно драстично бил намален бројот на жени, кои се жалеле на болка во делот на перинеумот, 3 месеци по породувањето. Користа од перинеална масажа Го стимулира дотокот на крв во перинеумот и помага во побрзото заздравување после породувањето. И помага на жената да се подготви за чувството на притисок и растегање, кои се случуваат за време на породувањето. Тоа ке и помогне да биде поопуштена. Според сведочењето на некои бабици, кожата на перинеумот кај жените кои ја практикувле масажата, подобро се растегала подобро околу главата на бебето. Исто така овие жени имале поголема контрола при излегувањето на главата на бебето, биле подготвени за она што го чувствувале, не се плашеле и не го забрзувале породувањето. Кога не треба да се практикува перинеална масажа Перинеалната масажа треба да се избегнува ако жената има актвиен херпес, кандида или било каква вагинална инфекција. Во таков случај инфекцијата би можела да се прошири и да дојде до влошување на состојбата. Исто така многу важно е масажата да се прави правилно. Треба да се избегнува делот околу мочниот отвор за да не дојде до инфекции на мочните патишта. Како се прави перинеална масажа Со перинеална масажа се започнува 4-6 седмици пред породувањето. Постојат повеќе видови на перинеална масажа, тука ќе објасниме еден од нив. Потребно е масажата да се практикува секој ден до породувањето.
  • Добро измијте ги рацете, ноктите нека ви бидат потсечени.
  • Најдете удобно место и седнете или легнете на грбот во удобна позиција. Некои жени преферираат да лежат на страна и да ја ставаат раката од зад грбот.
  • Користете сончогледово или маслиново растително масло, без додадени мириси. Намачкајте ги со него палците, работ на отворот на вагината и околината.
  • Ставете го едниот или двата палца околу 2-4 см во вагината. Притискајте надолу и странично во исто време. Нежно, но цврсто продолжете да растегнувате надолу, се додека не почувствувате слабо печење или боцкање.
  • Задржете го притисокот така околу 2 минути, додека местото малку не отрпне и веќе толку не го чувствувате печењето или боцкањето.
  • Продолжете да притискате со палците. Полека и нежно масирајте ја долната половина на вагината, со движења напред – назад. Правете го ова по 3-4 минути. Запомнете треба да го избегнувате делот околу отворот за мокрење. Започнете со блага масажа, а притисокот зголемете го кога местото нема да биде толку осетливо.
  • Додека масирате, нежно растегнувајте го долниот дел од вагината нанадвор со палците во вид на куки. Ова помага да се растегне кожата, како што ќе се растегне кога ќе излегува главата на бебето.
  • Ако не можете сами да ја правите масажата, можете да го замолите вашиот сопруг.
После една седмица практикување на перинеалната масажа, би требало да приметите дека местото станува поеластично и повеќе се растегнува. Немојте да претерувате со притисокот, затоа што се работи за нежен дел и би можело да дојде до повреда или отекување. Исто така повторно ќе нагласиме дека треба да се избегнува делот околу отворот за мокрење, за да не дојде до инфекција на уринарните патишта, Во едно испитување во 1999 г. учествувале жени, на кои им било кажано да ја практикуваат перинеалната масажа по 10 минути дневно, почнувајки од 34-35 тата седмица од бременоста. Резултатите покажале дека кај жените кои ја практикувале масажата, а се работело за прво вагинално породување имало 9.2% повеќе породувања без никакво оштетување на перинеумот во споредба со жените кои не ја практикувале оваа масажа. Додека кај жените кои претходно имале вагинален породување, оваа разлика била 2.5%. Заклучоците од студијата биле дека перинеалната масажа помага да се намали шансата да дојде до повреда на перинеумот кај жени при прво вагинално породување, но не и кај жените кои веќе претходно имале вагинално породување. Бавното, контролирано породување е многу важно за да не дојде до оштетување на перинеумот. Затоа треба да ги слушате инструкциите на бебицата или лекарот, кои ќе ви кажуваат кога да давате напон, а кога да се опуштите, но перинеалната масажа ќе ви даде поголема контрола врз породувањето.

(Одговор на членот Saturn)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Перинеална масажа
11.7.2011 23:25:16   
mila mama
Uf nikogas ne sum pravela vakva masaza, iako si vetiv deka tamu od 36 nedela ke pocnam user posted image user posted image user posted image
Ama se nesto naogav izgovor za izbegnuvanje i so Bozja pomos i bez masaza se porodiv super.

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот dimikmila)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Перинеална масажа
27.10.2011 12:25:03   
arh_diz
Nikogas ne pravev masaza , nekako ne naogav vremeuser posted image

_____________________________

Биди тоа што си

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Перинеална масажа
7.10.2014 21:24:05   
Melanija RR
Читајќи ги воведните постови помислив дека можеби на некоја user posted image овие совет ќе и помогнатuser posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот arh_diz)
Непосредна врска до пораките: 5
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?