Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
имаме теми што мразиме/несакаме па да видиме сто од домашните обврски сакаме и ги правиме со задоволство?
јас на пример обожавам да готвам и би го минувала слободното време во готвење и пробување на нови рецепти најмногу солени но би испробала и некоја торта или колач и ги сакам работите во кујна да мијам садови,сецкам,месам,...
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
RE: што правите од задоволство? 9.12.2009 15:26:11
ripce
ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica
имаме теми што мразиме/несакаме па да видиме сто од домашните обврски сакаме и ги правиме со задоволство?
јас на пример обожавам да готвам и би го минувала слободното време во готвење и пробување на нови рецепти најмногу солени но би испробала и некоја торта или колач и ги сакам работите во кујна да мијам садови,сецкам,месам,...
и јас би готвела било што благо, солено, салати само после мене некој да ги мие садовите
RE: што правите од задоволство? 9.12.2009 15:54:46
vezilka RR
јас не знам дали сум јас некој „нопаК“ или што..јас не уживам во ниедна домашна обврска, се правам оти нели мора да се направи..иначе радо би си читнала некоја книгичка, или би си погледала некое филмче за тоа време..ама што се мора, се мора..
Hahaha I mene kafeto mi e naj golema zadovolstvo. Domasnite raboti gi prasam od sto moram ne od sto sakav. Ete ke gi izdvojam slat kite raboti I salatite.
Со задоволство пијам кафе.Секое сабајле.И јас се пријавувавм во листата на кафеџики што си уживаат во оние моменти додека си го пијат кафето.После со задоволство си ги гледам омилените серии,со задоволство кога имам време месам кифли и баници и слични други тестенини,затоа што сега скоро почнав па толку ми е интересно што си се прашувам до сега зошто не сум научила тоа да го правам.
< Поракaта ја уредил Defne90 RR -- 3.2.2016 10:50:02 >
_____________________________
Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!
Еве ме и мене се вклучувам во групата на кафеџики, задоволство ми е да си го испијам кафето сама додека си читам Библија, а после кога моите мускетари ке станат задоволство ми е да им спремам доручек, Уживам кога правам ручек и посебно предјадења, салати и некои специјалитети. сакам да сум во кујна.
Со задоволство шетам Кога можам, колку можам, се трудам да излегувам и да се дружам со луѓе, сеедно дали сама или семејно. Исто така, со задоволство шетам сама низ град, по продавници, по улици, наваму натаму, тоа многу ме исполнува.
Со големо задоволство читам, пишувам, гледам филмови, возам кола, сурфам, одам на фризер... Од домашните работи ама баш ниедна не ја правам со задоволство, туку и јас како Vezilka RR, само колку што се мора - еве ај задоволство ми е да им подготвувам јадење на бебињата, инаку не.
< Поракaта ја уредил Hopeful RR -- 3.2.2016 21:08:03 >
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015