|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   како децата ја развиваат вештината на хранење
26.6.2009 15:21:39   
mami
дете од 12месеци:
- ја џвака тврдата храна што самоси ја става во уста
- несмасно ракува со приборот за јадење, најчесто кога јаде со лажичка му се истура течност

дете на 18 месеци:
- движењата му се поусовршени и постабилно се храни со лажичката, а кога пие со чашка ја држи со 2 раце и помалку му се истура

дете на 24 месеци:
- самостојно се храни, со малку прелевање од лажичката. Ја држи чашката со една рака и си игра со храната

дете на 36 месеци:
- успешно се храни со лажица без истурање. Постепено се навикнува и на користење на вилушка и нож- детски нормално
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: како децата ја развиваат вештината на хра...
7.12.2009 10:28:02   
mis.
Јадење со семејството Една од најважните делови од социјалниот развој на детето е создавањето на навика да јаде со другите членови од семејството. Ако вечерате во подоцнежните часови, а тоа е веќе нахрането, може да му дозволите да седне на масата и да грицка нешто ситно, како на пример бисквит. Настојувајте да јадете со него барем еднаш дневно или барем во текот на викендот.
При заедничкото јадење децата учат како да го употребуваат приборот, да комуницираат, да ја делат храната со другите. Овозможете пријатна и релаксирана атмосфера на масата, ако детето се досадува на масата дозволете му да ја напушти и да си игра на подот.
Бидете подготвени за нередот што ве очекува при создавањето на навиките за самостојно хранење. Затоа секогаш на детето ставете лигавче, а подот под столчето и околу него покријте го со весници или најлон.
Во периодот од 15-18 месеци детето ќе биде во состојба да ја става храната со лажиче во уста и тоа без да истура многу.
На тригодишна возраст децата веќе се во состојба да ги држат виљушката и лажицата со многу вештина. Посветете му што е можно повеќе внимание на самостојното хранење на детето, аплаудурајте му на секој негов напор. За да изеде се, не му нудете поткуп, а наградувајте го кога ќе го видите дното на чинијата. Кога ќе процените дека детето е доволно големо, дозволете му само да ја подготви храната на пример само да си намачка лебче или да ја декорира пицата. Дозволете му да ви помага при поставување на масата.
Ако сте излезени цел ден, понесете си доволно храна  која може да биде лесна ужина, овошје или сок.Задолжително понесете со себе влажни марамчиња или крпче за да може да му ги избришете рацете пред хранењето и устата потоа.
Повремено носете го детето во ресторан или слаткарница- така ќе научи да се храни во непознато  друштво и ќе се социјализира. Бидете внимателни при избор на ресторан, претходно информирајте се дали се опремени со столчиња за деца. Високи столчиња Кога купувате високо столче, прво уверете се дека е стабилно и дека има ремени за половината и меѓу нозе. И плочата треба да биде доволно широка за тоа да може да ги потпира рацете, да има издигнати рабови кои ќе го спречуваат разлевањето и да може лесно да се вади, зошто ќе има потреба често да ја чистите.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: како децата ја развиваат вештината на хра...
7.12.2009 10:33:03   
mami
Лука секогаш јаде со нас на маса..столчето за хранење се монтира на било каков стол и тој е секогаш со нас..веќе подолго време си јаде сам, со вилушка, лажицата сеуште не ни е усовршенаuser posted image и дефинитивно повеќе јаде кога јадеме ние..и ако му направам овошна салата и му ја оставам на масичка за да си зема кога сака тој едно парче јаде сам, и по едно на мене и мм, па пак тој и така во кругuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: како децата ја развиваат вештината на хра...
12.6.2011 9:16:19   
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami


дете на 18 месеци:
- движењата му се поусовршени и постабилно се храни со лажичката, а кога пие со чашка ја држи со 2 раце и помалку му се истура

дете на 24 месеци:
- самостојно се храни, со малку прелевање од лажичката. Ја држи чашката со една рака и си игра со храната




Матеа има речиси 18 месеци, и баш така постабилно се храни сама со лажичката, ако е погуста храна може и без помош да се најде. Ја држи чашата со двете раце, ама мора да и дадеш подиспразнета чаша за да не се изнатури.

Ама и ако и дозволиш ќе си игра со храната. КОга веќе не и се јаде, ќе земе да си претура од една чинија во друга user posted image user posted image user posted image Е тогаш веќе и го земам целиот прибор, и ја учам дека со јадењето не се игра.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: како децата ја развиваат вештината на хра...
18.3.2012 20:04:11   
Natuska85
Ние имаме скоро 11 месеци и сакам како да го учам сама да почне да си црпка со лажичето,ама мислам уште му е рано.Он додуша ќе црпне со тањирчето ама незнае уште како да ја донесе лажичката до устата.

Вашите user posted image од кога почнаа сами да јадат,сеа не целосно да се најадат ама да има осет да ја стави храната од лажичето во уста?

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: како децата ја развиваат вештината на хра...
18.3.2012 20:20:07   
mila mama
Негде околу година дена, 13 месеци Е. почна сама да инсистира да ја држи лажичката. Јас почнав да и дозволувам и во исто време земав друга лажичка со која ја ранев додека таа се занимаваше со нејзината. user posted image сега еве 17,5 месеци се повеќе и повеќе инсистира сама да јаде. И доста успешно се справува user posted image Се помалку и помалку и паѓа по алиштата, ич не трпи лигавки инаку.

_____________________________

Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata...
No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.

(Одговор на членот Natuska85)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: како децата ја развиваат вештината на хра...
19.3.2012 6:33:22   
kikicka
Јас пробав еднаш да ја учам али таа се ошлака ,си игра и мене ме рани дека гледа како јас ја ранам и мене ми пика ,пробав да и покажам како ама ја врти лажицата некако незгодни и иде. кога ке ми е постабилна ке и давам сега за сега по малку ке се учиме. Чаша држи убаво ама како пто напишала фели погоре таа брца раци внатре мнг и е интересно кога има вода знае да пие од чаша не се задавува ама кога ја крева пола у гуша пола у уста.user posted image

_____________________________

Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."

(Одговор на членот mila mama)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: како децата ја развиваат вештината на хра...
19.3.2012 9:11:33   
Felly RR
Јас мислам за да се научи, треба детето да пројавува интерес. Значи ако сака само да се храни, макар што ќе се натура и валка, колку повеќе се вежба, толку побрзо ќе научи. Матеа уште од 9 месеци може (не памтам точно, ама од многу малечка) сакаше да има една лажичка за нејзе. Еве погоре кога сум пишала, на 18 месеци веќе можеше сама да јаде. По еден месец па и во градинка кога тргна, не ни дозволуваше ние воопшто да ја храниме, туку сама. Што и небеше никаков проблем за каша, ама за супа..... пола ќе ја изеде, пола на неа. Ама после се научи друга финта, ќе срка, срка од фидето, па ќе го крене тањирчето да пиеuser posted image user posted image user posted image Изгледа во градинка така правеле.user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот kikicka)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: како децата ја развиваат вештината на хра...
19.3.2012 9:21:43   
AnnaMolly RR
Јас чекам да се затопли па да седиме во двор и да го учам сам да јаде. Досега сум му давала сам да јаде со лажичка, ама откако ми го извалка ѕидот, креветот, прекривачите и тепихот во рок од 20 секунди, реков додека не излеземе во двор, нема сам јадење со лажичка user posted image

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: како децата ја развиваат вештината на хра...
19.3.2012 11:31:12   
Mihaela 2010
M uste od 18 meseci projavi zelba sama da jade...i si jade sama,ubavo i toa si ja fakja lazickata i pravo vo usta..problemot kaj nas e sto slabo jade...se nekako nemame zelba za jadenje

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?