како децата ја развиваат вештината на хранење (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Дохранување со густа храна



Порака


mami -> како децата ја развиваат вештината на хранење (26.6.2009 15:21:39)

дете од 12месеци:
- ја џвака тврдата храна што самоси ја става во уста
- несмасно ракува со приборот за јадење, најчесто кога јаде со лажичка му се истура течност

дете на 18 месеци:
- движењата му се поусовршени и постабилно се храни со лажичката, а кога пие со чашка ја држи со 2 раце и помалку му се истура

дете на 24 месеци:
- самостојно се храни, со малку прелевање од лажичката. Ја држи чашката со една рака и си игра со храната

дете на 36 месеци:
- успешно се храни со лажица без истурање. Постепено се навикнува и на користење на вилушка и нож- детски нормално




mis. -> RE: како децата ја развиваат вештината на хранење (7.12.2009 10:28:02)

Јадење со семејството Една од најважните делови од социјалниот развој на детето е создавањето на навика да јаде со другите членови од семејството. Ако вечерате во подоцнежните часови, а тоа е веќе нахрането, може да му дозволите да седне на масата и да грицка нешто ситно, како на пример бисквит. Настојувајте да јадете со него барем еднаш дневно или барем во текот на викендот.
При заедничкото јадење децата учат како да го употребуваат приборот, да комуницираат, да ја делат храната со другите. Овозможете пријатна и релаксирана атмосфера на масата, ако детето се досадува на масата дозволете му да ја напушти и да си игра на подот.
Бидете подготвени за нередот што ве очекува при создавањето на навиките за самостојно хранење. Затоа секогаш на детето ставете лигавче, а подот под столчето и околу него покријте го со весници или најлон.
Во периодот од 15-18 месеци детето ќе биде во состојба да ја става храната со лажиче во уста и тоа без да истура многу.
На тригодишна возраст децата веќе се во состојба да ги држат виљушката и лажицата со многу вештина. Посветете му што е можно повеќе внимание на самостојното хранење на детето, аплаудурајте му на секој негов напор. За да изеде се, не му нудете поткуп, а наградувајте го кога ќе го видите дното на чинијата. Кога ќе процените дека детето е доволно големо, дозволете му само да ја подготви храната на пример само да си намачка лебче или да ја декорира пицата. Дозволете му да ви помага при поставување на масата.
Ако сте излезени цел ден, понесете си доволно храна  која може да биде лесна ужина, овошје или сок.Задолжително понесете со себе влажни марамчиња или крпче за да може да му ги избришете рацете пред хранењето и устата потоа.
Повремено носете го детето во ресторан или слаткарница- така ќе научи да се храни во непознато  друштво и ќе се социјализира. Бидете внимателни при избор на ресторан, претходно информирајте се дали се опремени со столчиња за деца. Високи столчиња Кога купувате високо столче, прво уверете се дека е стабилно и дека има ремени за половината и меѓу нозе. И плочата треба да биде доволно широка за тоа да може да ги потпира рацете, да има издигнати рабови кои ќе го спречуваат разлевањето и да може лесно да се вади, зошто ќе има потреба често да ја чистите.




mami -> RE: како децата ја развиваат вештината на хранење (7.12.2009 10:33:03)

Лука секогаш јаде со нас на маса..столчето за хранење се монтира на било каков стол и тој е секогаш со нас..веќе подолго време си јаде сам, со вилушка, лажицата сеуште не ни е усовршена[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]и дефинитивно повеќе јаде кога јадеме ние..и ако му направам овошна салата и му ја оставам на масичка за да си зема кога сака тој едно парче јаде сам, и по едно на мене и мм, па пак тој и така во круг[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Felly RR -> RE: како децата ја развиваат вештината на хранење (12.6.2011 9:16:19)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami


дете на 18 месеци:
- движењата му се поусовршени и постабилно се храни со лажичката, а кога пие со чашка ја држи со 2 раце и помалку му се истура

дете на 24 месеци:
- самостојно се храни, со малку прелевање од лажичката. Ја држи чашката со една рака и си игра со храната




Матеа има речиси 18 месеци, и баш така постабилно се храни сама со лажичката, ако е погуста храна може и без помош да се најде. Ја држи чашата со двете раце, ама мора да и дадеш подиспразнета чаша за да не се изнатури.

Ама и ако и дозволиш ќе си игра со храната. КОга веќе не и се јаде, ќе земе да си претура од една чинија во друга [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] Е тогаш веќе и го земам целиот прибор, и ја учам дека со јадењето не се игра.




Natuska85 -> RE: како децата ја развиваат вештината на хранење (18.3.2012 20:04:11)

Ние имаме скоро 11 месеци и сакам како да го учам сама да почне да си црпка со лажичето,ама мислам уште му е рано.Он додуша ќе црпне со тањирчето ама незнае уште како да ја донесе лажичката до устата.

Вашите [sm=duda.gif] од кога почнаа сами да јадат,сеа не целосно да се најадат ама да има осет да ја стави храната од лажичето во уста?




mila mama -> RE: како децата ја развиваат вештината на хранење (18.3.2012 20:20:07)

Негде околу година дена, 13 месеци Е. почна сама да инсистира да ја држи лажичката. Јас почнав да и дозволувам и во исто време земав друга лажичка со која ја ранев додека таа се занимаваше со нејзината. [sm=smiley1.gif] сега еве 17,5 месеци се повеќе и повеќе инсистира сама да јаде. И доста успешно се справува [sm=smiley1.gif] Се помалку и помалку и паѓа по алиштата, ич не трпи лигавки инаку.




kikicka -> RE: како децата ја развиваат вештината на хранење (19.3.2012 6:33:22)

Јас пробав еднаш да ја учам али таа се ошлака ,си игра и мене ме рани дека гледа како јас ја ранам и мене ми пика ,пробав да и покажам како ама ја врти лажицата некако незгодни и иде. кога ке ми е постабилна ке и давам сега за сега по малку ке се учиме. Чаша држи убаво ама како пто напишала фели погоре таа брца раци внатре мнг и е интересно кога има вода знае да пие од чаша не се задавува ама кога ја крева пола у гуша пола у уста.[sm=smiley36.gif]




Felly RR -> RE: како децата ја развиваат вештината на хранење (19.3.2012 9:11:33)

Јас мислам за да се научи, треба детето да пројавува интерес. Значи ако сака само да се храни, макар што ќе се натура и валка, колку повеќе се вежба, толку побрзо ќе научи. Матеа уште од 9 месеци може (не памтам точно, ама од многу малечка) сакаше да има една лажичка за нејзе. Еве погоре кога сум пишала, на 18 месеци веќе можеше сама да јаде. По еден месец па и во градинка кога тргна, не ни дозволуваше ние воопшто да ја храниме, туку сама. Што и небеше никаков проблем за каша, ама за супа..... пола ќе ја изеде, пола на неа. Ама после се научи друга финта, ќе срка, срка од фидето, па ќе го крене тањирчето да пие[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Изгледа во градинка така правеле.[sm=jezicek.gif]




AnnaMolly RR -> RE: како децата ја развиваат вештината на хранење (19.3.2012 9:21:43)

Јас чекам да се затопли па да седиме во двор и да го учам сам да јаде. Досега сум му давала сам да јаде со лажичка, ама откако ми го извалка ѕидот, креветот, прекривачите и тепихот во рок од 20 секунди, реков додека не излеземе во двор, нема сам јадење со лажичка [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Mihaela 2010 -> RE: како децата ја развиваат вештината на хранење (19.3.2012 11:31:12)

M uste od 18 meseci projavi zelba sama da jade...i si jade sama,ubavo i toa si ja fakja lazickata i pravo vo usta..problemot kaj nas e sto slabo jade...se nekako nemame zelba za jadenje




Страница: [1]