ripce
|
Голем дел од производите на македонскиот пазар се потенцијални содржатели на ГМО Родители внимавајте: се продава и генетски модифицирана бебешка храна! Од Еко свест предупредуваат дека ваквата состојба е резултат на фактот што во Република Македонија се уште не постои законска обврска за произведувачите и увозниците на хранливи производи да ја етикетираат ГМО храната. Според законот во земјите-членки на ЕУ, на етикетата на секој производ мора да стои дали истиот содржи ГМО, во колкав процент и потеклото на вметнатиот ген Македонските бебиња се хранат со храна која содржи генетски модифицирани организми а нивните родители не се информирани за тоа бидејќи во Република Македонија се уште не постои законска обврска за произведувачите и увозниците на хранливи производи да ја етикетираат ГМО храната. Токму таа храна е причина за алергиите што се појавуваат кај бебињата и децата, која лекарите ја дијагностицираат како алергија со непознато потекло. Овие алармантни податоци се резултат на истражувањата на активистите на здружението Еко-свест кои долги години работат на полето на генетски модифицираните организми (ГМО). - Секој потрошувач треба, доколку не постои етикета за ГМО на производите, да го бара истото од продавачите и да се бори за своето право да знае каква храна консумира. И инспекторите на терен треба да земат примероци од сета онаа сомнителна храна за присуство на ГМО и да се испита во една од постоечките лаборатории дали содржи ГМО, за граѓаните на Македонија да знаат каква храна консумираат. Навистина, голем дел од производите кои се наоѓаат на македонскиот пазар се потенцијални содржатели на ГМО, како што се сојата и производите од соја, житарките, производите од пченка, пченкарно брашно, производите од ориз во бебешка храна и многу други. Иста е состојбата и со популарните чипсови. На пример Шпанија е најголем производител на ГМО пченка и ја употребуваат за производство на чипс и тортиљи. На македонскиот пазар ги има истите, увезени од Шпанија, меѓутоа без етикета за присуство или отсуство на ГМО-информира Славковска. Таа додава дека според законот во земјите членки ан ЕУ, на етикетата на секој производ мора да стои дали истиот содржи ГМО, во колкав процент и потеклото на вметнатиот ген. Активностите на Еко-свест се насочени кон хармонизирање на законот за генетски модифицирани организми во Македонија со законот на ЕУ преку лобирање за усвојување на подзаконски акти со кои ќе може да се применуваат одредбите на законот. Една од главните активности на Еко-свест на ова поле е промовирање на идејата за декларирање на зони слободни од ГМО во Македонија и едукација на земјоделците за ризиците од користење генетски модифицирани семиња. На нивна иницијатива Општините Могила, Велес, Охрид и Чашка се прогласени како ГМО слободни зони, што значи дека се области каде што земјоделците не одгледуваат ГМО култури ниту пак го хранат добитокот со ГМ храна, области каде не се произведува ниту продава ГМО храна. Низ Европа има преку 174 вакви региони, преку 4500 општини и независни земјоделци кои се декларирани како ГМО слободни зони. Што е генетски инженеринг? Генетскиот инженеринг претставува револуционерна технологија со која се префрлаат гени од еден организам на друг, од растение на животно, од бактерија на растение, од животно на растение итн. Со тоа се менуваат својствата на организмите. Така на пример: гени одговорни за лачење отров против инсекти од бактерии пренесени на пченка стануваат отпорни на инсекти. Организмите во кои лабораториски се менуваат својствата се означуваат како генетски модифицирани организми или ГМО. Но, лабораториските испитувања покажуваат дека освен позитивни се добиваат и повеќе неочекувани, негативни својства. Така, на пример, кај пастрмката во која генетски се вметнати хормони за растење, не само што побрзо расте туку ја менува и бојата и станува зелена. А кај петунијата во која се ставени гени за црвена боја на цветот истовремено се влијае и на растењето на коренот и на листовите.
< Поракaта ја уредил ripce -- 4.12.2009 18:09:37 >
(Одговор на членот ripce)
|