|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Алиментарни токсоинфекции - труење со храна
4.12.2014 20:02:12   
caciana
Мотивирана од мојата дипломска тема посакав да отворам дискусија на оваа тема. Труењето со храна е честа појава кај нас, па бидејќи оваа е семеен портал сите вие спаѓате во високо ризични групи ( особено трудниците и дечињата).Сакам да ве запознаам со видовите на бактерии кои што се најчести причинители на овој вид на труење, и да ве запознаам со симптомите кои истите ги предизвикуваат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Алиментарни токсоинфекции - труење со храна
4.12.2014 20:18:09   
caciana
Салмонелоза предизвикана од Salmonella
Салмонелозата претставува болест која е предизвикана од бактерии кои спаѓаат во родот Salmonella, и се едни од најчестите причинители за труење со храна. Алиментарните токсоинфекции предизвикани од Salmonella најчесто настануваат со конзумирање на контаминирано месо и месни производи, млеко и млечни производи, јајца, риби, ракови и школки. Извор на инфекција можат да бидат и луѓето кои се заболени од гастроентерит а доаѓаат во контакт со храната. После инфекцијата лицата кои што биле забоелни ја исфрлаат салмонелата преку фецесот.
Салмонелозата од храна се карактеризира со гастроинтестинално нарушување, манифестирано претежно со дијареја и стомачни грчеви. Салмонелозата кај луѓето се појавува во текот на целата година, а најчесто во лето и почетокот на есента. Се јавува поединечно или во вид на епидемија. Симптомите се појавуваат во рок од 8 до 42 часа или од 24 до 36 часа. Симптомите траат околу 2 до 3 дена, но кај одредени лица може да траат подолго. Салмонелозата започнува со треска, болки во стомакот, гадење, повраќање и дијареја. Столиците се ретки, со непријатен мирис и зеленкаста боја. Покрај овие симптоми се појавува и главоболка, покачена температура и малаксалост. Обилните повраќања и проливи може да доведат до дехидратација на организмот и може да настанат и тешки заболувања: артритис, менингитис, сепса и воспаление на белите дробови. После акутната фаза на болеста, салмонелите долго време се задржуваат во цревата или се населуваат во жолчката, црниот дроб или бубрезите. Во тој случај луѓето кои ја прележале салмонелата без симптоми на заболување може повеќе месеци да ја излачуваат салмонелата.
Појавата на салмонелоза може да се сведи на минимум со употреба на одредени мерки за заштита.За да се превенира појавата на салмонела, јајцата, млекото и млечните производи не смеат да се конзумираат свежи и без термичка обработка. Со соодветно готвење на храната минимум до температура и време на пастеризација околу 15 секунди на 71,7°С, и брзо ладење на храната на 3 или 4°С или замрзнување на истата доколку не се конзумира веднаш се спречува појавата на салмонелоза. Приборот за припрема и конзумирање на храната треба да биде добро измиен за да не дојде до контаминација на храната. Храната која што долго време се чувала во фрижидер мора правилно да се загрее, за да не дојде до појава на салмонелоза кај човекот што ја конзумира.

Листероза предизвикана од Listeria monocytogenes
Листерозата претставува болест која главно ги афектира бремените жени, неродените или скоро родените бебиња, лицата со слаб имунитет и постарите лица. Таа се пренесува со конзумација на контаминирана храна.
L.monocytogenes може да се најде во почвата, водата, отпадот, фекалии, на површината на разни билки и во храната. Околу 5 до 10% од луѓето ја содржат оваа бактерија во природната микрофлора, и притоа немаат симптоми на листероза. Кај луѓето овој микроорганизам може да се наоѓа и во жолчното кесе.Голем дел од невареното месо, млеко, јајце, морски плодови, риба, лиснат зеленчук и подземни корени (компири и рдокви ) содржат L.monocytogenes. Исто така и многу видови на топлински обработена храна, како што се пастеризирано млеко и млечни производи и готово месо за конзумирање содржат L.monocytogenes. Како најчест извор на инфекција со оваа бактерија забалежани се следниве продукти: салата од зелка, марула, пастеризирано млеко, сурово млеко и млечни производи, паштета, мисиркини колбаси, неправилно готвено пилешко и чадени школки.
L.monocytogenes предизвикува две форми на заболување: фебрилен гастроентеритис и инвазивни систематски заболувања.
Фебрилен гастроентеритис:
Симптомите се појавуваат од 1 до 7 дена по внесувањето на бактеријата и се манифестираат со благи симптоми на грип, мала треска, стомачни грчеви и дијареја. Симптомите траат неколку дена, а по престанувањето на симптомите, заразените лица ја исфрлаат L.monocytogenes преку изметот.
Инвазивни систематски заболувања:
Оваа форма на болест се појавува кај лица со слаб имунитет , како бремени жени , нероден фетус , деца и стари лица со намален имунитет поради болест или лица кои земаат посебни лекарства(хемотерапија).
Листерозата во бременоста се класифицира според староста на плодот, рана, средна и доцна инфекција. При рана инфекција смртноста настанува во првите неколку дена по раѓањето. Кај нив се појавува пневмонија, апцеси во црн дроб или мозок, ентероколит и перитонит, хепатоспленомегалија и петехии. Доцната инфекција се јавува во форма на менингит кај новороденчињата.
Листерозата ретко се јавува пред 20 недела од бременоста. Мајката инфицирана со L.monocytogenes нема симптоми и има нормална бременост. Може да се појават многу благи симптоми како треска, температура, болки во грбот, болки во грло, главоболка, а понекогаш пролив или поспаност. Со почетокот на треската движењата на плодот се намалуваат и по 1 недела доаѓа до предвремено породување. Амнионската течност е со изменета боја. Во зависност од староста на плодот, може да настане абортус, раѓање на мртов плод и новородено со рана неонатална болест. Исто така може инфекцијата на мајката да не премине на плодот, па дури и при плацентарна инфекција плодот да биде без последици.
Симптомите вклучуваат бактериемија (септикемија), што резултира со треска и главоболка, менингитис, енцефалитис, ендокардит, апцес на црн дроб и др. Стапката на смртност е многу голема кај фетусите и новородените бебиња и кај имунокомпромитираните поединци.
За да се превенира појавата на листероза потребно е да не се конзумираат месни производи без претходен термички третман.Темелно готвење на суровините од животинско потекло, темелно миење на суровиот зеленчук пред јадење, чување на готвената храна и суровата храна одвоено, млекото да не се пие сурово и исто така да се избегнува конзумирање на храна направена од свежо млеко, миење на рацете, ножевите после ракување со сурова храна.
Бремените жени, старите лица и лицате со намален имунитет треба да избенуваат меки сирења, сурово млеко, остатоците од храна чувана во фрижидер и готовата храна за јадење треба да се загрева до испарување, да се избегнуваат сувомеснати производи и зеленчукот добро да се исчисти и измие пред конзумирање.

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Алиментарни токсоинфекции - труење со храна
4.12.2014 20:29:39   
caciana
Шигелоза предизвикана од Shigella
Шигелоза претставува болест ( бациларна дизантерија ) која што ја предизвикуваат бактерии од родот Shigella.
Бациларна дизентерија е контагиозна болест која се шири по фекоорален пат. Цревата на човекот и животните се единственото познато живеалиштена Шигелата. Луѓето може да го носат овој бацил во цревата, а притоа да не покажуваат симптоми на болеста. По опоравувањето од шигелоза, лицето кое било болно може со месеци да биде преносител на болеста. Во фецесот на инфицираните лица се наоѓа шигелата и во него таа може да преживее подолг временски период.Бактериите се пренесуваат преку контаминирани раце, контаминирана храна и вода особено во средини каде што хигиената не е на задоволително ниво.
Оваа болест е ограничена на цревната слузница и ги зафаќа епителните клетки на дебелото црево.Симптомите се појавуваат нагло и најчест симптом е абдоминална болка. Таа е проследена со водена дијареја богата со крв и мукус, покачена температура, главоболка, малаксалост и анорексија. Симптомите се последица од инвазивноста на епителната слузница и ентеротоксинот. Симптомите обично траат 4 дена, но може да продолжат и до 14 дена. Шигелозата е проследена и со Рејтеров синдром (реактивен артритис). Доколку шигелозата се појави кај деца до 2 години, и не се лечи може да предизвика појава на епилепсија.
За да се превенира појавата н шигелоза потребно е да се обезбеди хигиенски здрава вода за пиење, што подразбира добро хлорирана вода. Зеленчукот кој се конзумира свеж и се користи за салати, треба да се мие со дезинфицирана и хлорирана вода.

Јерсиноза од Yersinia enterocolitica
Јерсинозата претставува една од најчестите форми на гастроентеритис.
Со конзумирање на недоволно термички обработено месо може да дојде до инфицирање на луѓето. Луѓето исто така може да се инфицираат доколку дојдат во контакт со фекалиите на заразени животни. Најчест начин за пренесување на Y.enterocolitica од животните на чуѓето е со конзумирање на свежи производи од свинско месо или конзумирање на непастеризирано млеко. Како извор на ифекција може да се појави и водата за пиење.Човекот може да биде носител на овој патоген и притоа да не покажува симптоми на оваа инфекција.Бидејќи оваа бактерија може долго време да преживее на кожата од човекот, и на тој начин може да се пренесе од инфициран на здрав човек.Овој патоген е изолиран од необработено млеко, преработени млечни производи, суровини, неправилно готвено месо, свеж зеленчук и неправилно хлорирана вода. Бидејќи клетките на Y.enterocolitica се отпорни на ниска температура, може да настане инфекција и со конзумирање на замрзната храна(сладолед).
Симптомите се појавуваат за 24 до 30 часа по конзумирањето на контаминираната храна, и траат околу 2 до 3 дена. Симптомите се тешки болки во долниот дел на стомакот, имитирајќи болка на слепо црево. Се појавува дијареа, мачнина, повраќање и висока температура. Кај лицата до 16 годишна возраст може да настане и воспаление на слепо црево. Доколку инфекцијата не се лечи може да се појави болка во зглобовите и општа слабост на организмот.
Бидејќи видовите на Yersinia се психротрофни, ладењето не може да се користи за контрола на нивниот раст.Треба да се избегнува конзумирање на сурово млеко или месо готвено на ниски температури.CDS (Centers of Disease Control and Prevention) од САД, има развиено мониторинг за превенција и контрола на појавата на јерсиноза. Според таа програма барањата за превенција на јерсиноза се следните: Да не се конзумираат свежи производи од свинско месо, да се конзумираат пастеризирани млечни производи, одржување на лична хигиена

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 3
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?