Hopeful RR
|
Не е до клубовите, зарем ние секогаш сме искачале на конкретно место? Сме седеле надвор - по паркови, на плоштад, башка јас сум од тие што искачаа пред црква, подоцна и кај сф, и не ни правеше разлика што до колку работи. Работата е како ќе те воспитаат од дома - јас до кај 18-19 години морав да бидам дома до 12, а потоа до 1, освен ако немаше некој концерт, свирка или нешто слично, за што однапред бевме договорени со моите дека ќе останам подоцна, и никогаш немало проблем. Дополнителен фактор беше тоа што морав да се враќам со автобус, а ноќните линии се ограничени, па тоа е времето - со двојката од 12.30, таа од 2, или ако ептен забегам, со таа од 3.40 После веќе, на крај на факултет и кога почнав да работам, немав ограничувања, нормално, но сама бев свесна дека не можам да седам во град до бескрај - знаев дека ме чекаа и ми беше жал да не спијат, плус секогаш си одвојував пари за такси до дома и можев да планирам. Е сега, имало многу пати останување до 4, 5, па и 6, и не поминувале најсјајно тие искачања, но моите секогаш имале доверба во мене, а и јас не сум го злоупотребила тоа, секогаш сум пазела кај сум и со кого сум. Разбирам доцна искачање од дома, и сега кога искачаме со мм не идеме нигде пред 21.30-22.00, но сепак, мислам дека би била многу строг родител во однос на полициски час. И исто како и моите родители со мене, нема да ме интересира дали другите деца останувале до касно или не - дома во толку и толку и крај. Додуша ај да не зборам на памет пред време, па после да ми се смеете Здравје, ќе видиме.
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|