Maca25
|
Ревматски Артритис Откривање и Лечење на Ревматскиот Артритис Откривањето и лечењето на ревматскиот артритис бара тимска работа која го вклучува и пациентот како и професионални здравствени работници од повеке подрачја. Лицето заболено од оваа болест може да оди кај семејниот доктор, или пак кај интернист, или кај ревматолог. Ревматолог е доктор кој е специјалист за артритис и други болести поврзани со зглобовите, коските и мускулите. Како што напредува третманот, во неговото спроведување можат да се вклучат и специјалисти од други области. Тоа вклучува и медицински сестри, физиолошки или работни терапевти, хирурзи за ортопедија, психолози и социјални работници. Проучувањата покажуваат дека пациентите кои се добро информирани и активно учествуваат во терапијата чувствуваат помала болка и поретко одат на доктор отколку другите пациенти заболени од ревматски артритис. Информираноста на пациентот како и програмите за самосправување со артритисот, како и заинтетересираните страни, им помагаат на луѓето подобро да се информираат и активно да учествуваат во терапијата. Еден пример на програма за самосправување е Курсот за Самосправување од Артритис кој го одржува Фондацијата за Артритис, а го развива НИАМС- Сенаменскиот Центар за Артритис и Болести на Мусулите и Коските. (Види Фондација за артритис под "За Подетални Информации.") Програмите за самосправување учат што претставува ревматскиот артритис и како да се лечи, потребните вежби и системи за опуштање, важноста од комуникацијата помеѓу пациентите и здравствените работници, и како да се реши проблемот. Што е Ревматски Артритис? Ревматскиот артритис е воспаление кое предизвикува болка, оток, вкочанетост и неможност на нормално функционирање на зглобовите. За него постои група на специфични карактеристики по кои се разликува од останатите облици на артритис. На пример, ревматскиот артритис вообичаено следи таканаречена систематска шема, што значи дека доколку се заболени зглобовите на едната рака, во тој случај истото се случува и со зглобовите на другата рака. Болеста најчесто ги напаѓа зглобовите на раката и зглобовите на прстите кои се наоѓаат најблиску до раката. Овој облик на болеста покрај зглобовите ги напаѓа и другите делови на телото. (Види "Други Делови на Телото.") Лицата заболени од ревматски артритис можат да чувствуваат и замор, минливи напади на треска или општо чувство на нарушена здравсрвена состојба.. Ревматскиот артритис ги напаѓа луѓето на различни начини. Кај некои лица, може да трае само неколку месеци или една до две години за потоа да се повлече без да предизвика некое посебно нарушување. Други лица заболени од оваа болест во блага или средна форма, имат периоди на влошувачки симптоми, наречени жаришта, и периоди кога се чувствуваат добро, наречени ремисии. Оние кои се заболени од најтешкиот облик на болеста, принудени се да да се соочуваат со потешкотии непрестано, речиси во текот на целиот живот, како последица на што се појавуваат сериозни нарушувања на зглобовите. Знаци на Ревматски Артритис Меки, топли, натечени зглобови Симетричност на заболените зглобови Воспаление на зглобовите кое често ги напаѓа зглобовите на рацете и зглобовите на прстите најблиску до раката Воспаление на зглобовите кое често ги напаѓа и другите зглобови, како што се зглобовите на вратот, рамената, лактите, колковите, колената, нозете и стапалата Замор, повремени напади на треска, општо чувство на нарушена здравствена состојба Болка и вкочанетост која трае 30 минути наутро и по долго одмарање Симптоми кои траат многу години Варијабилност на симптоми кај различни личности Иако ревматскиот артритис може да има сериозни ефекти на животот и добросостојбата на заболеното лице, актуелните стратегии за лечење вклучувајки употреба на лекарства за смирување на болката и лекови за спречување на оштетување на зглобот, рамнотежа помеѓу времето за одмор и рекреација на пациентот, како и информирање на пациентот и негово активно учество во третманите им овозможуваат на многу луѓе заболени од оваа болест да продолжат активно да ги извршуваат секојдневните обврски. Во последниве години, истражувањата доведоа до ново сознание во врска со ревматскиот артритис, со што ја зголемија веројатноста дека, со време, истражувачите ќе изнајдат уште подобри начини за справување со оваа болест. Причини за Ревматскиот Артритис Научниците сеуште немаат прецизно сознание поради која причина имунолошкиот систем се врти самиот против себе во форма на ревматски артритис, меѓутоа истражувањето кое трае повеке од две години започна да ги спојува факторите кои се вклучени во овој процес. Генетски (наследни) фактори: Научниците открија дека извесни гени кои играат голема улога во имунлошкиот систем се поврзани со тенденцијата на организмот да генерира ревматски артритис. Лица заболени од ревматски артритис не ги поседуваат овие гени; други пак ги поседуваат меѓутоа никогаш не заболуваат од оваа болест. Овие податоци кои напати се противречни укажуваат на фактот дека генетичката структура на една личност има битна улога при одредувањето на предиспозицијата да тоа лице заболи од ревматски артритис или не, меѓутоа не е единствениот фактор. Она што е јасно, е дека во процесот на детектирање дали едно лице ќе заболи од ревматски артритис и колкав ќе биде интензитетот на болеста зависи од повеке од еден фактор. Надворешни фактори: Многу научници сметаат дека мора да постои нешто што го поттикнува процесот на појава на болеста кај личности чија генетска предиспозиција ги прави подложни на ревматичниот артритис. Како најверојатна се зема вирусната или бактериска инфекција, меѓутоа точниот причинител засега не е познат. Тоа не значи дека ревматскиот артритис е заразен: болеста не се пренесува од едно лице на друго.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
|