miana
|
Здраво мамички. Повекето сте запознаени со тоа што го поминав јас со моето две годишно дете,од варичела до инфективна клиника и на крај закачивме таму "Ротавирус". Гледам по темиве имаат некои мајки споменато дека го закачиле исто на клиника но мене ме интересира се во врска со овој вирус,особено искуства,кој како го поминал и што се смее да се дава при третман на истиот. Ние го закачивме,два пати поврати моето дете, имаше 8 столици и дехидрираше. Цела клиника се дигна на нозе,фала му на бога се извлековме,.Проблемот беше што моето дете претходно за сипаницата беше боцкано за инфузија на 100 места и кога за ова требаше,веке немаше каде да се боцка., Ако ми верувате си играа со детето по 30 пати дневно ја боцкаа безуспешно,за на крај во глава да ја боцнат и утредента да не пуштат на домашна нега. Сега сме стабилизирани,на строга диета,не ми дадоа листа на исхрана иако ми рекоа дека ке ми дадат. Смее да јаде печено јаболко,банана,двопек,варена супа од петел ( подравка ) или коцка, варен компир,чај без шеќер,електролити и вода. Ми рекоа кога ке се подрегулира столицата да давам и к.млеко кравјо,и кравјо сиренце но ми напоменаа дека не смее да внесува сокови,и никакви шеќери. Ајде ве молам за искуства. Јас сум преплашена големата керка да не го префати, но на статијава тука на РР читам дека се пренесува најчесто на деца до 5 години па тоа ми дава некаква надеж. Ме ингтересира колку време внимававте ( оние кои го имаат искусено ) на исхраната и слични работи поврзани со овој одвратен вирус.
|