|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   PUPPP - (Pruritic Urticarial Papules and Plaq...
23.7.2013 12:22:57   
Melanija RR
Се работи за осип кој најчесто се јавува во бременоста, кај 6% од трудниците и е по честа кај повеќеплодна бременост и тоа кај прворотките во третото тромесечје во 35 недела, ,сколони се и трудниците кои одеднаш добиле на тежина и кои носат машки.

Оваа состојба е најчеста дерматоза во бременоста.Причината до скоро била непозната, доктор Селим Арактинг и неговата колешка од Франција спровеле студија која ја поврзува ПУППП со ќелиите на фетусот.Тие покажуваат дека феталните ќелии можат да упаднат во мајчината кожа во текот на бременоста и на некој начин да го предизвикаат ова пореметување на кожата.

Сепак со сигирност не се знаат причините,не се поврзуват со прееклампсијата,автоимуните болести,хормонско пореметување или неправилности во развојот на фетусот.Некои истражувачи сметаа дека настанува поради тоа што брзо се растегнува кожата на стомакот и се оштетува врзивното ткиво и предизвикува воспаление.
Една студија покажала дека машката ДНК може да се пронајде во биопсијата на кожата каде се наоѓа осипот.Дури 70% од жените кои имаат ПУППП ,раѓаат момчиња,нова хипотеза е дека машката ДНК ја иритира кожата.
Се дијагностицира врз база на изгледот на осипот,клинички.Не постојат лабараториски тестови кои докажуваат постоење на ПУППП.

Симптоми и знаци:
-црвени брунчиња кои ужасно јако чешаат
-осипот обично почнува на стомакот и се шири кон бутовите.Повремено се шири и на рацета и задникот.Лицето никогаш не е исфрлено.
-обично се јавува после 34 недела од бременоста и исчезнува после породувањето, но може да се врати во следната бременост.
Лечење:
-кортикостероиди се користат на кожата за постигнување на побрзо олеснување.
-некогаш се потребни и орални кортикостероиди
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: PUPPP - (Pruritic Urticarial Papules and ...
23.7.2013 12:35:29   
Melanija RR
Да си кажам маката user posted image

Се што е ретко и необично ми се случува на крај на бременост,епа доста уживав 7 месеци па сега се ме спопаѓаuser posted image
Моето искуство е ова.Во 32 недела осип на долниот дел од стомакот чешање ужас,црвенило кое почна да се шири низ цел стомак,стриите воспалени и жар црвени.Матичниот гинеколог ми вика тоа е појава како алергија и се јавува кај трудници кои носат машки деца.Е супер,редок случај.

По една недела такви брунчиња на над и подколеното исто осип и ужасно чешање.Се извадив од памет трчи кај општ матичен,па кај кожен лекар.Вика алергија еве ти Адвантан крема и Цезера апчиња најпрочистени се за трудници.И ова се на приватно.Но пак на консултации кај матичниот гинеколог,Апчињата ми дозволи да ги пијам а за кремата во аптека ми рекоа 5 дена максимим да се мачкат.

Едно мачкање на две места во теков слој и кожата ми потемне.Ништо купив течна пудра од аптека што се користи за сипаници.Ја смирува кожата но после 1 саат се суши и пак и пак чешање од кои се прават рани.
Најдобар лек ми беше миење со ладна вода,и тоа два пати среде ноќ за да можа да спијам,добро што не испонастинав.

После 5 испиени апчиња и три дена без ништо,се на се две и пол недели кожата се смири многу помалку ме чеша но чеша уште сум со рани.Сега сум 35 недела и може секој миг пак да се зголеми осипот.
Ретка појава е и се надевам дека на некој ќе му биде од корист,бидејќи нема инфо а може ја има баш оваа ,,алергија,,.

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: PUPPP - (Pruritic Urticarial Papules and ...
23.7.2013 14:37:07   
elenak
Имав и јас некоја алергија во бременоста ама изгледа не баш оваа, затоа што мојата беше на градите и таму си остана, ми се јави негде 16-17 недела и не знам кога точно се повлече, не се сеќавам. Плус родив девојче, не машкоuser posted image Знам дека градите ми беа ужас црвени и ми жареа. Исто цезера апчиња ми препиша кожен лекар ама мислам дека најмногу ми помогнаа ладни облоги. И јас како тебе Меланија, со мокри крпи на плуча, не знам како не настинав, ама само тоа ми беше спас. 

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: PUPPP - (Pruritic Urticarial Papules and ...
23.7.2013 14:58:47   
Bethany
И јас како Еленак, некаде 8. месец бев отидов до Охрид, ми излезе нешто како алергија на градите, сврбеше и жареше, ми помогнаа најмногу ладни облози, дури се мачкав со јогурт бидејќи ми пријаше најмногу user posted image
Од тогаш самата си дијагностицирав алергија на сонце, нешто се случи во бременоста што ја покрена и така си останав со алергија ... се надевам дека еден ден како дошла така отишла user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: PUPPP - (Pruritic Urticarial Papules and ...
17.3.2014 9:31:15   
vezilka RR
Епа фино, изгледа ме спопадна овој синдромов. Прво ми се јави сврбеж на стомакот. Реков ај се шири и нормално е иако секој ден го мачкам со едно масло за стрии. Нема везе, стрии си се појавија, кај се појавија туку последниве денови се зацрвенија и ме чешаат многу. Почна чешањево да се проширува, на нозете и на рацете. Синиќа мислам дека имав колуминација, рани си направив од чешање. Се намачкав со некое млеко што го имав дома и ми се смири. Еве сега пак ме подзачешува, а ми се прошири и на грбот.Лелеее ваљда нема до крај да ме чеша оти ќе се откорнам, хехехе.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: PUPPP - (Pruritic Urticarial Papules and ...
17.3.2014 12:23:10   
Melanija RR
Леле земи течна пудра онаа знаеш за сипаници ама знам две се кажи им за што ти треба.Друго ладни облоги.Мене ме спаси туширање со скоро ладна вода ама мај-јуни беше.vezilka RR што да те утешам цел месец мми траеше и скоро преку ноќ се повлече user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Цуцла.
пеперутка16

До кога вашето дете имало цуцла?