|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Домашни маски за лице
13.7.2009 16:37:34   
Еца
  Со оглед на тоа дека токму кожата е онаа која го прекрива целото тело нормално е дека треба да и дадеме големо значение и на нејзината нега.
Најнапред ке ја поделиме на 3 оновни категории:

1.нормална кожа - оваа е идеална мека кожа со идеална текстура и здрав сјај
2.сува кожа - ова е кожа на која и недостасува масност и сјај, оваа кожа се карактеризира со рани брчки. На овој тип кожа масните жлезди се помалку активни него кај нормалната но пореметена е рамнотежата
3.мрсна кожа - оваа кожа има мрсен сјај а мрсна е и на допир, има груба текстура а масните жлезди се поактивни отколку што е потребно се карактеризира и со уништена PH рамнотежа. Луѓето кои имаат ваква кожа страдаат од црнки акни и затворени пори
постојат и таканаречени комбинирани видови на кожа а тие се карактеризираат со делови на кои има сува кожа и делови кои ги имаат карактеристиките на мрсна кожа. Оние кои го имаат овој тип на кожа на деловите на челото, носот и брадата имаат мрсна кожа а остатокот од телото им е прекриен со сува кожа. Овој тип на кожа е најраспространет а со неа следуваат проблеми кои ги носат и сувата и мрсната кожа.

Маските за лице се идеални за уништување на мртвите ќелии на површината од епидермисот. Добрата маска за лице би требало да ја подмлади кожата со тоа што ќе и ја врати пх вредност и ќе го исчисти лицето од прљавштината и од вишокот масти. Не заборавајте дека маската што ке ја одберете треба да соодветствува со типот на кожата што го имате.

Маска за сува кожа - во еден сад измешајте 10мл мед со жолчка од јајце и 5гр млеко во прав. Јајцето ќе ја потхрани кожата а медот ќе помогне да се обнови PH рамнотежата. Маската нанесете ја со рамна широка четка избегнувајќи ги очите и устата. Маската се чисти после 15-20 минути со вода.

Маска за мрсна кожа - во еден сад измешајте 10мл мед со една белка од јајце, 5мл сок од лимун и 5гр пивски квасец во прав. И оваа маска се нанесува со рамна широка четка а нејзините состојки ке ви помогнат да ја вратите PH рамнотежата (медот) ќе ја исуши кожата(сокот од лимун) и длабински ќе ја исчисти вашата кожа. И оваа маска исчистете ја со вода.

Доколку и вие знаете некој рецепт за домашни маски за лице поделете го со насuser posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Домашни маски за лице
14.7.2009 23:15:37   
Еца
Суво лице
Доколку имате суво лице, маска од јајце и маслиново масло е рецептот за вас.
Главните состојки се едно јајце и една лажица маслиново масло. Тие убаво се мешаат и се нанесуваат на лицето како маска. Смесата се остава 20тина минути, се додека не се стврдне, а потоа се измива со топла вода. Веднаш потоа кожата ќе ви стане сјајна и мека.

За ревитализација
Доколку пак сакате да ја ревитализирате вашата кожа пробајте со следниот рецепт:
Една жолчка на собна температура, една лажица мед, една лажица нерафинирано маслиново масло, 3-4 капки сок од лимон, 3-4 капки чист витамин Е (може да го набавите во продавница за здрава храна).

Сите состојки треба добро да се измешаат, а потоа маската се нанесува на чисто и суво лице и врат. Оставете ја потполно да се исуши; после 20тина минути отстранете ја со топла вода. Ова е евтин и добар начин за тонирање на кожата.


Аспиринска маска
Аспиринот е направен од ацетисална киселина која во малку поразлична форма (салицил) се користи за креми против стареење и за чистење на порите. После оваа маска кожата ќе ви биде сјајна, а порите исчистени. Користете ја еднаш неделно и ќе успеете да ги ставите митесерите под контрола.
Еве како се прави:
Убаво истолчете 2-4 апчиња аспирин и додадете млака вода. Ставете ја смесата на чисто лице, оставете да се исуши 5 минути и масирајте нежно некое време (многу нежен механички пилинг). Потоа добро исплакнете го лицето. Потоа ставете крема, но не премногу масна бидејќи таквата ќе го спречи ефектот на аспиринот. На почетокот лицето малку ќе ви се вцрви, но после некое време црвенилото ќе го снема, а лицето ќе остане со убав, здрав сјај и нежност.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Домашни маски за лице
14.7.2009 23:17:10   
Еца
Масна или мешана кожа на лицето се негува со свежо нане омекнато во вода. Се става во ph неутрален крем и нежно се меша додека кремот не стане изедначен.

Се мати смеса од банана, две лажици свежо сирење, лажица павлака и жолчка од јајце. Ставете ја маската на лице и држете ја 15 минути а потоа лицето се мие со млаз млака вода. - за сува кожа.

Со маска од јагоди и банана се враќа сјајот на кожата...

Се цеди сок од рендано јаболко и се нанесува на лицето со памук наутро и навечер, така да кожата добива свеж и убав изглед...

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Домашни маски за лице
14.7.2009 23:23:06   
Еца
Проблеми со акните
Наместо скапиот пилинг, измасирајте го лицето со морска сол или со кафеав шеќер.Така ќе се ослободите од мртвите ќелии на кожата, кои ги запушуваат порите и не му даваат на вашето лице да диши. Солот истотака делува како антисептик, кој што ги отстранува нечистотиите и делува превентивно против ширењето на бактерии на кожата.
По овој природен пилинг направете маска од јогурт.Млечните и фолните киселини ќе во помогнат во борбата против акните сушејќи ги.Покрај тоа, ќе и дадат моментален сјај на вашата кожа.

Лимун за стеснување на проширените пори
Сокот од лимун е одличен тоник за смалување на порите. Но внимавајте: не го користете премногу често и нека не стои го на лицето повеќе од 5 минути, бидејќи може да предизвика непријатно чувство на затегнување на кожата.

Со мед против митесериите
Познати ви се малите црни досадни точки на носот? За жал скоро сите ги имаат, и доста е тешко да се постигне истите да исчезнат од нашето лице.Топлиот мед е лек против митесериите. Нанесете го на критичните делови и остевете го да делува десетина минути.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Домашни маски за лице
14.7.2009 23:29:44   
mis.
user posted image user posted image user posted image Елена овие рецептиве добро ќе ми дојдат.user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Домашни маски за лице
14.7.2009 23:32:59   
Еца
Па едно ќе заштедиме некој денар,а второ се од ова и онака имаме дома и природно си е природноuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Домашни маски за лице
14.7.2009 23:49:10   
Еца
Маска од квасец - за чистење
Измешајте половина свеж квасец со малку млако млеко. Држете ја смесата на лицето се додека не се исуши и стврдне. Потоа со кружни движења извадете ја од лицето. Исплакнете со млака па со ладна вода и избришете го со мека памучна крпа. Редовната употреба на оваа маска ќе му даде постојан сјај на лицето, кожата ќе ви стане почиста и без акни.

Маска од овесни трици- за мазнење
Ставете две лажици овесни трици во 4 лажици млеко и оставете ги да набабрат. Намачкајте го лицето и седете така 20 минути. Потоа исплакнете го со млака па со ладна вода. Оваа маска ќе ви ја измазни кожата а ја матира и мрсната кожа.

Маска од компир- за затегнување
Сварете еден поголем компир, излупете го и добро испасирајте го. Во него додадете малку неварено млеко и една жолчка. Убаво измешајте за да добиете смеса погодна за нанесување на лицето. Ако е многу густа може да додадете и малку вода. Таквата смеса загрејте ја толку колку што можете да поднесете. Покријте се со пешкир и оставете да дејствува 20 минути. Лицето измијте го со топла па со ладна вода. Оваа маска ја освежува изморената и пропадната кожа и ја затегнува.



_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Домашни маски за лице
14.7.2009 23:55:18   
mis.
Маска од краставица
Излупете краставица. Добиените ленти нанесете ги на исчстеното лице. Притиснете ги со рака и покријте со пешкир. Оставете да делува околу 30 минути. Лицето потоа не треба да се измива. Маската на кожата и дава мекост, ја освежува и храни. Ја поднесуваат сите типови на кожа и може да се нанесува колку пати сакате.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Домашни маски за лице
14.7.2009 23:56:28   
mis.
Дополнителната нега вклучува маски за секој тип кожа кои помогнуваат за чистење, освежување и хидратирање

Кога жената ќе наполни 29 години и сака подолго време да ги задржи младоста и свежината и да не изгледа постара од 30 години мора барем еднаш неделно да става соодветна маска за лице. Маската спречува горниот слој на кожата да дише и така овозможува поголем прилив на крв во ткивото. Кожата станува еластична, мускулите се напнуваат, тенот станува посвеж, почист и поблескав (затоа што при тоа порита ја излачуваат нечистотијата).
Има три вида маски: за чистење, за затегнување и за мазнење на кожата.
Маската за затегнување на мускулите не треба често да се употребува бидејќи потоа кожата е двојно полабава па лицето изгледа уморно и овенато. Најдобар ефект маските даваат пред одење на спиење. Ноќе маската не смее да се држи на лицето туку толку време колку што е пропишано со рецептот.
Ако постапите според рецептот дејството на маската ќе трае 2 - 3 дена. Маската треба да се става на лицето кога не сте вознемирени и нека тоа биде ваша мала тајна која не треба да ја знаат ниту сопругот ниту пријателките.
Лицето прво треба внимателно да се исчисти па потоа да се стави маска. Најдобро е претходно да се спроведе купка од пареа а потоа лицето да се измиесо соодветен сапун. Потоа со алкохол (важи за мрсна кожа) да се намачка лицето,  апотоа да се исплиска со топла и ладна вода. Чвствителнаа кожа потоа намачкајте ја со крем. Нанесете ја маската на лицето  легнете опутено. Маската е потполно без корист ако не сте опуштени.
По одредено време извадете ја маската со млака вода или чај од камилица. Потоа лесно масирајте го лицето со некој мрсен крем или масло. Кога ќе го пронајдете својот рецепт за маска не го менувајте бидејќи на кожата не и годат промени.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Домашни маски за лице
14.7.2009 23:59:01   
mis.
За сува кожа:

 
-пасирана банана се меша со малку мед и 10 капки лимонов сок. Се држи до 30 мин и се одмива со топла вода ( или банана со неколку капки маслиново масло)
-печена јаболка со малку бадемово масло.
- млеко помешано со растопен путер повремено обложете на лице.
-згмечена кајсија и мед, се нанесува и држи 20 мин, се одмива со ладна вода.
- жолчка, лажичка мед и ситно сомелен розмарин, добро помешано, нанесуваме и држиме 15 мин на лице, па одмиваме со млака вода. Ја прави кожата мазна и свежа, а делува и антисептички.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Домашни маски за лице
22.7.2009 1:52:57   
Еца
Маските се козметички третмани кои се користат многу одамна. Целта им е да ја смират, затегнат или исчистат кожата, да ја направат мека и мазна или да ја поттикнат циркулацијата и освежат уморената кожа.

Со маските кожата се чисти, негува и освежува.
Можеш сама да си направиш маски кои ќе бидат природни и нема скапо да те чинат.Маските кога ќе се исушат стануваат непропуслив слој. Со вадење на овој слој ќе ја отстраниш целата начистотија од твоето лице.

Се применуваат еднаш на две недели, а по потреба  можеш да ги користиш неколку недели по ред. Посебно се препорачуваат на преминот од зима во пролет кога на кожата се чуствува одреден замор, и во есен по долгото летно сончање за да се осветли кожата.


Ако сами ја подготвувате маската обрнете внимание на:
-Исчисти ја кожата на лицето и вратот со лосион кој вообичаено го употребуваш.
-Врзи ја косата или стави и пластична капа за да ја заштити.
-Облеката заштитија со некој чаршав или со крпа.
-Подготви тампони од вата или газа за облози на очните капаци.
-Подготви чај од камилица.
-Исчисти ја кожата така што ќе ја напариш над зовриен чај  од камилица (посебно ако имаш мрсна, нормална или мешана кожа)
-Ако имаш сува кожа стави топли облози од чај од камилица на лицето и задржи го неколку минути.
-Нанеси ја маската со широка четка, или со парче вата или со прстите.
-Не нанесувај од смесата на деловите околу очите, на веѓите и на устата.
-На капаците стави ги тампоните претходно натопени со млак чај од камилица.
-По 15-20 минути отстрани ја маската со млака вода или чај, а на крајот исплакни го лицето со ладна вода.

Сама свој козметичар

Маска од сирење и мед за нормална и сува кожа
-лажица младо несолено кравјо сирење
-1 лажица мед
-неколку капки маслиново масло
Измешај ги состојките да добиеш изедначена смеса. Нанеси ја маската во дебел слој на лицето и вратот. По 10-20 минути измиј го лицето.


Маска од квасец за сува и уморна кожа
Квасецот е посебно корисен зашто содржи А, Д, X, и витамини од Б групата, потоа белковини, масла и сл.
-2 лажици квасец
-половина лажица млеко или павлака
Помешај ги состојките во еднолична каша. Нанеси ја смесата на лицето и вратот, а по 20 минути измиј ја со млака вода или со чај од камилица.
За мрсна кожа, помешај го квасецот само со вода- оваа смеса е добра за мрсна и нечиста кожа.


Маска од белки за уморна кожа и кожа со проширени пори
-1 белка
-неколку капки сок од лимон
-1 лажица мелени бадеми
Оваа маска савај ја само повремено. Изматија белката, од лимон и мелени бадеми. Нанеси ја маската на лицето и вратот, а по 10 минути измиј ја со млака вода.


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Домашни маски за лице
24.8.2009 10:28:52   
Еца
Изворна порака ПРОФЕСОРИЦА:

Порано имав проблематично лице но почнав да употребувам домашмна маска од квасец и малку млако млеко секој ден и лицето ептен ми се освежи.Им препорачувам на сите мајки кои имаат проблем со лицето да ставаат ваква маска.Маската треба да стои на лицето сосема кратко додека не почне да ве затега кожата.




_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Домашни маски за лице
4.12.2009 8:58:05   
profesorica
ИЗВОРНА ПОРАКА: ripce

Маските за лице ѝ придаваат здрав и свеж изглед на кожата. Светски познатите компании нудат безброј маски со различен состав. Наша задача е да избереме маска, која одговара на нашата возраст, тип на кожа и куповни можности. Постои и втора варијанта - да се забавуваме со она што ни го дава природата. Фрижидерот е местото каде се кријат сите состојки, кои ви се потребни за вашата кожа да блеска. Правењето на домашни маски во друштво е секогаш забавно. Но, пред да започнете со забавата, еве неколку совети, кои ќе ви помогнат правилно да ги искористите даровите од природата.
  1. Приготвувајте ги маските пред употреба. Домашните маски треба да бидат приготвени од добро измиени плодови и зеленчуци и непосредно пред да бидат искористени.
  2. Оставете ги да дејствуваат онолку колку што е препорачано. Најчесто маските за лице треба да дејствуваат 15-20 минути.
  3. Релаксирајте се. Времето во кое маската дејствува, поминете го во легната положба. Најдете си време за себе и опуштете се.
  4. Нанесувајте ги само на внимателно исчистена кожа. Ако имате повеќе време, најдобро е прво да направите парење на лицето. Натопете една крпа во топла вода, исцедете ја и оставете ја да стои на лицето 2-3 минути.
  5. Нанесувајте ги прецизно. Маската не треба да се нанесува во областа околу очите, веѓите и усните.
  6. Отстранувајте ги внимателно. Најчесто се отстрануваат со млака вода, но ако сакате во некои случаи може да користите и чај од камилица.
  7. Нека ви станат навика. За да постигнете ефект, користете домашни маски секогаш кога ќе имате прилика. Се разбира, мрсното лице има најголема потреба од нив – минимум 2 пати во неделата.



_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Домашни маски за лице
5.12.2009 20:18:37   
ripce
Јаболка на лицето

Јаболкото е вистинска ризница на витамини, минерали, овошни шеќери и многу други состојки кои му се неопходни на нашиот организам. А со оглед на тоа дека е максимално распространето на нашите простори, треба максимално да го искористиме и во нашата исхрана, но и во третманите за разубавување. Па затоа еве неколку рецепти за нега на лицето.

user posted image

Лосион за масна кожа и кожа со акни   
Помешајте 100 грама кора од кисело јаболко, 200 грама изрендано кисело јаболко, 100 грама шеќер и еден литар вода. Измешајте ги добро сите состојки, а потоа смесата ставете ја во тегла или шише, добро затворете ја и држете ја на сонце седум дена. Потоа исцедете и додајте 100 грама лозова ракија и така добиената смеса чувајте ја во фрижидерот. Со овој лосион чистете ја масната кожа или кожата со акни три пати дневно.

Маска за масна кожа   

Премачкајте ја масната кожа или кожата со акни со срцевината од јаболкото, но внимавајте да не ги намачкате и очите. Потоа оставете ја кожата малку да се исуши и подгответе маска од испечено јаболко, една лажица мед, три лажици од претходно споменатиот лосион и една лажичка пченкарно брашно. Со помош на лосионот регулирајте ја густината на маската и истата нанесете ја на кожата директно или преку газа. Маката ќе биде поделотворна доколку ја нанесете додека е топла и ја покриете со фолија. Држете ја на лицето околу половина час и потоа измијте го лицето најпрвин со млака, а потоа и со студена вода, па намачкајте го со соодветна крема.

Маска за сува кожа   
Пирето од печено јаболко помешајте го со слатка павлака, една лажичка мед и една жолчка. Измешајте ги сите состојки добро за да добиете глатка смеса. Потоа на чисто лице втријте малку сок од јаболко и оставете го да се исуши. Топлата маска нанесете ја на лицето, вратот и деколтето, а можете да ја нанесете и на рацете. За поголема делотвроност, откако ќе ја нанесете,  покријте ја маската со фолија која ќе ја држи топла. После половина час извадете ја маската и измијте го лицето со млака, а потоа и со студена вода и намачкајте го со хидрантна крема. Ако оваа маска ја нанесувате два пати неделно, вашата кожа ќе изгледа свежо и младо.

Маска за кожа со црвенило
   
изрендајте една голема јаболка и варете ја во 150 милилитри млеко. Кога ќе добиете густа смеса, оставете малку да се олади, па додајте една жолчка. Оваа маска подготвувајте ја и нанесувајте ја секојдневно, сé додека црвенилото не се повлече. Држете ја на лицето околу половина час, а потоа измијте ја со млака вода. Кога ќе ја нанесувате оваа маска внимавајте истата да има приближна температура како и температурата на телото, за да избегнете засилена циркулација.  


< Поракaта ја уредил ripce -- 5.12.2009 20:20:03 >

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Домашни маски за лице
6.12.2009 10:10:33   
ripce
 Маска од банана

user posted image

Бананите се прородно антибактериско средство и одлични се за отстранување на дамки. Оние кои имаат чувствителна кожа можат да ја користат бананата како пилинг, а антиоксидансите и витамините во неа ќе го обноват колагенот во кожата и ќе помогнат во борбата против борите.

Па еве и една згодна и брза маска од банана против акни: една банана, една голема лажица млеко, една голема лажица пченкарно брашно и малку мускантно оревче. Испасирајте ја бананата и помешајте ја со останатите состојки, па нанесете ја на чисто лице. Кога ќе се исуши измејте со млака вода.

< Поракaта ја уредил ripce -- 6.12.2009 10:11:49 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Домашни маски за лице
6.12.2009 10:55:11   
ripce
Природни маски за лице

Понекогаш наместо да купувате различни козметички препарати, многу подобро е да се послужите со она што веќе го имате дома. Тоа е свеж, природен и многу делотворен начин на разубавување. Затоа еве неколку препораки за тоа како да го освежите лицето во домашни услови.

user posted image

Наместо пилинг можете да го направите следното:

•    Изматете две лажици пченкарно брашно со белка од јајце, ставете ја смесата на лицето и оставете да делува 15-20 минути, потоа отстранете ја смесата со топла вода и на крај исплакнете го лицето со ладна вода
•    Една лажица мед измежајте ја со две лажици ситно мелени бадеми и пола лажица исцеден лимон, потоа втријте ја смесата на лицето и на крај измијте со топла вода

Наместо маска за лице, можете да употребите свежа и природна маска од компир, мед, квасец, краставица, киви или банана. Еве некоку рецепти:

•    Како маска против брчки употребете две лажици мед и една белка од јајце, помешани во каша. Нанесете ја смесата на лицето, оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа измијте го лицето прво со топла, а потоа и со ладна вода. Но внамавјте, оваа маска не треба премногу често да се употребува
•    Ако сакате да ја освежите и матирате кожата употребете смеса од еден свеж изгмечен компир и малку свежо млеко. Нанесете на лицето, оставете да делува неколку минути и измијте со ладна вода
•    За нечиста коже користете квасец помешан со млако млеко. Нанесете на лицето и оставете да делува додека да се исуши, а потоа измијте со топла па потоа со ладна вода. Со редовна употреба на оваа домашна маска, кожата видливо ќе се исчисти
•    За осетлива кожа употребете младо сирење помешано со една лажица мед во кремаста смеса. Нанесете на лицето во обилен слој, а посебно околу очите и усните. Оставете да делува 20 минути,а потоа отстранете ја смесата со памук натопен во топло млеко
•    За освежување на секаков тип на кожа употребете една изгмечена банана. Нанесете ја на лицето и оставете да делува 20-30 минути, а потоа измијте го лицето со чај од камилица. Оваа маска може да се применува еднаш до два пати неделно

< Поракaта ја уредил ripce -- 6.12.2009 10:57:51 >

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Домашни маски за лице
2.3.2010 11:06:46   
Mila na mama
Протеините кои се наоѓаат во спермата имаат одличен ефект на затегнување на кожата. Ја оставате спремата да се исуши на лицето како маска потоа измивате со вода но остануваат протеините кои помагаат во намалување на брчките. Одличен третман против стареење а?  Секс наутро и навечер, ем помалку кг  поради физичката активност ем  редовен третман против брчки.user posted image

_____________________________

love u all

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Домашни маски за лице
2.3.2010 11:36:44   
mami
Оооо добар рецепт дефинитивно. Да се искористи максимално секој моментuser posted image

Инаку јас како пилинг си правам- една лажица сол, една лажица мед- убаво измешано и се втрива во лицето, убаво да го изгребете што се вика целото и после се мие со топла вода и лицето е чисто и нежно, после може теееенок слој на крем кој вообичаено си го користите..

(Одговор на членот Mila na mama)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Домашни маски за лице
4.2.2012 13:23:23   
penelopa
Дома баш и немам време сама да правам маски за лице затоа си купувам вакви user posted image  последна земав со морска сол малку да си го освежам лицето супер ми одговараат а  ефтини се.


_____________________________

"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Домашни маски за лице
23.1.2016 18:07:09   
marchi
najdov od moite doma kniga so recepti za lice telo kosa od med e sega isto najdov vo edno spisanie za maski za lice i mi izgledaat bas privlecni potocno korisni zasto sepak nema hemikalija se e na prirodna baza pa ne e loso da probam i jas da si napravam nekoja

(Одговор на членот penelopa)
Непосредна врска до пораките: 20
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Пелени.
пеперутка16

Кога почнавте да го одвикнувате вашето бебе?