anaana
|
Ova pred malku go procitav.. ova treba malku da se educiraat mazite, da prestanat so mislenjeto deka deteto e griza na zenata i samo na zenata.. :)) Со учество во секојдневниот живот на семејството и домашните обврски, шведските татковци се одговорни за највисокиот процент на работно активните жени во ЕУ, но исто така и за високата стапка на наталитет на Шведска, покажува една студија. „Системот ги поттикнува татковците да ја преземат одговорноста, системот ги едуцира граѓаните”, истакнува Ана Сингер, професорска по граѓанско право на Универзитетот во Упсала. Шведскиот премиер Фредрик Рајнфелд никогаш не криел дека сака да усисува прашина, а неговата поранешна сопруга Филипа напредувала во политиката во исто време како и тој. Тие двајца се родители на три деца. Во студијата е забележано, дека шведските родители после разводот на еднаков начин учествуваат во одгледувањето на децата од 1976 година, бидејќи преовладува идејата дека на детето му е добро кога има добри односи со двајцата родители. „Еднаквоста не е само идеолошко, туку и економско прашање”, вели Ларс Плантин, социолог на Универзитетот во Малме, експерт за родителството. Децата со една година во јасли може да одат со скромна сума, бидејќи државата проценува дека „е премногу скапо половина од населението да го држи надвор од работен процес. Не е околу тоа дали мажите треба да седат дома, туку дека жените треба да бидат вклучени во светот на работа. Според податоците на Еуростат во 2011 година, работната активност на жените во ЕУ, е најголема токму во Шведска со 77,2 отсто. Лота Персон, аналитичар во Националниот институт за статистика, проценува дека вклучувањето на татковците во семејната / родителска активност и одгледувањето на децата воопшто, го објаснува и високиот наталитет на Шведска. Според податоците на Еуростат во 2011 година, наталитетот изнесувал 1,9 деца по жена, со што Шведска го зазеде третото место, зад Ирска и Франција. Од 2011 година, шведските татковци имаат и свое списание „Pappa”, наменето за оние кои сакаат повеќе време да поминат со своите деца и да се вклучат подеднакво во сите активности, од шетање со количка до отворањето на боледување поради болест на детето. Породилното отсуство или родителското отсуство трае вкупно 16 месеци за двајцата родители во Шведска, но мајките го земаат во повеќе од 75 проценти. Шведска породилното / родителско отсуство за двајцата родители го вовела во 1974 година, но тогаш мајките го користеле во 99,5 проценти.
|