|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.

Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Магнетна резонанца на фетус
10.1.2015 22:33:48   
lukajana RR
Последниве денови многу актуелно а ние имаме многу трудници па малку да ја продискутираме темава.
Јас кога првпат слушнав си реков никогаш не би се нафатила,магнетната резонанца ми е некако многу стресна како преглед а не па за трудница.Наводно не штети на плодот ама како може да се забранети лекови ,ренген снимања зашто му штетат на плодот а ова е безбедно.Од друга страна е совршено за детекција на многу проблеми на фетусот и човекне знае што да мисли.Може кога ке помине повеке време и постапката ке има поголем стаж ке биде нормален преглед во бременост ама сега ми изгледа многу страшно.Што мислите?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Магнетна резонанца на фетус
10.1.2015 23:30:15   
kapina
5 pati sum snimena nea ne e nisto strasno samo treba da se odvlecat mislite da ne se misle na toa a i dobro e da se ima nekoj pridruznik koga se prave ova snimanje posledniot pat bev sama koga me snimaa sklop na okolnosti kaj mene se sirese hipofizata no sega e vo red fala bogu uredna e

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Магнетна резонанца на фетус
11.1.2015 23:24:37   
lukajana RR
LoveableMe RR веке пишувала на темава видов дури сега па спојте ги постовите извинете не сум виделаuser posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Магнетна резонанца на фетус
11.1.2015 23:41:15   
kapina
mene samo edno me interesira sega dali imat nova magnetna rezonansa so poveke slajtovi dali ja donesoa novata bese poracana me interesira oti ne se znaese pricinata za sirenje na hipofizata kaj mene a vidnoto pole letoto bese loso pak posle snimanjeto na hipofizata

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Магнетна резонанца на фетус
12.1.2015 9:42:50   
LoveableMe RR

"Воведена нова метода, магнетна резонанца за утврдување аномалии кај фетусите

Нова метода – преглед на фетус со магнетна резонанца е воведена на Универзитетската клиника за радиологија. Станува збор за специфична метода која дава многу позитивни резултати во детекција на аномалии на плодот.

Директорката на Клиниката, Надица Митреска, денеска на прес-конференција рече дека прегледот го овозможува новата апаратура со која располага таа јавна здравствена установа, како и новиот проект на Министерството за здравство кој овозможува едукација на врвни кадри специјалистички во странство.

„Магнетната резонанција на фетусот е ефективна, сензитивна, специфична метода која дава многу позитивни резултати во детекција и откривање аномалии на плодот кои може да бидат аномалии на мозокот, на ‘рбетниот столб, лице, врат, градниот кош, органите на градниот кош и на абдоменот, како што се цисти, тумори на абдоменот и на малата карлица, промени на бубрезите, на плацентата“, посочи Митреска.

Појасни дека нивната работа е тесно поврзана со специјалистите на гинекологија и акушерство бидејќи тие ги регрутираат пациентите, односно бремените жени за преглед на Клиниката за радиологија. Секогаш кога постои сомнение за вродена аномалија на плодот, нагласи Митреска, тие го детектираат сомнението со ултразвучен преглед и доколку тој не дава доволно јасен резултат, односно укажува на постоење аномалија, нашата метода на магнетна резонанција е таа што го детектира и го дооформува мислењето за постоење или непостоење проблем.

„Тоа е многу важно за да се знае каков ќе биде третманот на бременоста, дали ќе продолжи, дали ќе се третира плодот или во случај на постоење витално загрозувачка аномалија, треба бременоста да се заврши. Оваа метода е неинвазивна, не постојат контраиндикации во однос на плодот и мајката. Визуелизацијата на промените и сензитивноста се многу поголеми отколку со ултразвучниот преглед“, истакна Митреска и додаде дека во меѓувреме имале 15 вакви случаи кои биле регрутирани од Клиниката за гинекологија и акушерство, од кои кај шест поставиле конкретна дијагноза, а останатите биле уредни.

Директорката на Клиниката рече дека преглед на фетус со магнетна резонанција не постои сè уште во системот на прегледи на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и оти во многу блиска иднина ќе го воведат.

„Досега сите случаи беа примени како приоритетни и не беа на листата на чекање на „Мој термин“ бидејќи тоа е тесно поврзано со планот и третманот на бремената жена“, додаде Митреска."

Извор: МИА


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Магнетна резонанца на фетус
12.1.2015 9:48:23   
LoveableMe RR
Колку што јас разбрав, докторкава што ја прави резонанцата била на обука во САД и дека е тоа нова револуционерна метода, со која мислам дека сакаат да направат замена на амниото во иднина, затоа што магнетната резонанца има далеку помалку ризици, а е многу попрецизна метода, затоа што со неа се гледаат и проблеми кај фетусот во органите, па ако треба третман веднаш после породување, а не да се утврдува кога бебето ќе направи 6 месеци или година и повеќе.

Магнетната резонанца е најмалку штетна метода, така што не мислам дека е проблем, па ние секојдневно сме опкружени со мобилни телефони, компјутери, антени по зградите и триста чуда, така што јас сум за се што е ново и подобро од порано.

Е сега, не знам дали добро ја разбрав веста, се надевам некоја рингерајка со иксуство ќе пише за тоа.

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 6
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Носот.
пеперутка16

Како го чистите носот на малите деца?